Уште една инвестиција на „Тиквеш“, нови лозови насади на 120 хектари во Велешко


Винарската визба „Тиквеш“ денеска ќе ја промовира инвестицијата во нови лозови насади на 120 хектари во месноста Бабуна, во околината на Велес. Инвестицијата е дел од четиригодишната инвестициска програма на „Тиквеш“ во сегментот на примарно производство, чија цел е до крајот на 2022 година да бидат насадени над 400 хектари со нови висококвалитетни сорти грозје …

Уште една инвестиција на „Тиквеш“, нови лозови насади на 120 хектари во Велешко Read More »

Почнува 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“


Од денеска до 23 мај ќе се реализира 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“. Во рамки на фестивалот ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Фестивалот ќе се одржи со …

Почнува 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“ Read More »

Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош


Вајоминг им се придружи на другите американски сојузни држави, меѓу кои се Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, што досега или донесоа закони или издадоа наредби за да го спречат воведувањето на ковид-пасоши. Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, ги забрани ковид-пасошите со издавање на директива според која на …

Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош Read More »

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во опаѓање, вакцинацијата се одвива со засилено темпо


Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата е во благо опаѓање. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја, од 2.557 тестирања. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизацијата. Почна вакцинација и на пациентите со дијализа и трансплантација, а надлежните порачуваат дека најлесен начин за вакцинирање е преку пријавување на веб-страницата „www.vakcinacija.mk“. Термини за вакцинација …

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во опаѓање, вакцинацијата се одвива со засилено темпо Read More »

Израел гранатираше домови на команданти на Хамас, продолжуваат ракетните напади од Газа


Израелската војска соопшти дека утрово нападнала важни цели во Појасот Газа, додека палестинските милитанти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел. И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, конфликтот што избувна пред скоро една недела не покажува знаци на попуштање, јави ДПА. Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта гранатирала домови на девет високи …

Израел гранатираше домови на команданти на Хамас, продолжуваат ракетните напади од Газа Read More »

Сончево и топло, до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје …

Сончево и топло, до 29 степени Read More »

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Домаќин на состанокот којшто се одржува во Брдо кај Крањ, е претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. На состанокот, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, …

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија Read More »

Репортери без граници поднесоа претставка пред МКС поради израелското уништување на зградата со медиуми вго Газа


Репортери без граници (РСФ) во неделата поднесоа претставка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) по израелските напади врз просториите во кои се сместени медиуми во Газа, сметајќи дека тие можат да бидат третирани како  „воени злосторства“, јави дописникот на МИА. -Во текот на изминатата недела, просториите на 23 локални и меѓународни медиуми беа уништени од насочени …

Репортери без граници поднесоа претставка пред МКС поради израелското уништување на зградата со медиуми вго Газа Read More »

Надал беше пресилен за Ѓоковиќ во финалето во Рим


Шпанецот Рафаел Надал триумфираше вечерва на тенискиот мастерс во Рим совладувајќи го по голема борба во финалето бранителот на трофејот Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови. Надал го освои првиот сет со 7:5, но најдобриот светски тенисер експресно возврати во вториот сет препуштувајќи му на противникот само еден гем. Шпанскиот тенисер направи брејк на …

Надал беше пресилен за Ѓоковиќ во финалето во Рим Read More »

Научниците од Харвард направија голем чекор кон долготрајни батерии за електромобили


Долготрајни батерии со брзо полнење се клучни за проширување на пазарот на електрични возила, но денешните литиум-јонски батерии не го исполнуваат потребното – тие се претешки, прескапи и предолго се полнат. Со децении, истражувачите се обидуваа да го искористат потенцијалот на цврсти литиум-метални батерии кои складираат значително повеќе енергија во ист волумен и се полнат …

Научниците од Харвард направија голем чекор кон долготрајни батерии за електромобили Read More »

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство


Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да настапи за фудбалската репрезентација на Шведска на претстојното Европско првенство. Ибрахимовиќ го повреди коленото на мечот од Серија А против Јувентус минатата недела, а рехабилитацијата ќе трае околу три недели поради што нема да биде подготвен да и помогне на својата репрезентација на завршниот турнир што стартува на 11 јуни. Како …

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство Read More »

Вучиќ објави видео од идната фабрика за вакцини во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм објави видео на кое се гледа изгледот на идната српска фабрика за вакцини. „Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата на фабрика за производство на тестови за ПЦР“, напиша Вучиќ на Инстаграм.   …

Вучиќ објави видео од идната фабрика за вакцини во Србија Read More »

Таеквондистот Георгиевски ќе го носи македонското знаме на ОИ во Токио


Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосецот на македонскиот олимписки тим на Игрите што од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио. Информацијата, на Денот на македонското знаме, ја објави неговиот тренер Дарко Костовски. -Со особено задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на …

Таеквондистот Георгиевски ќе го носи македонското знаме на ОИ во Токио Read More »

Нови акцизи во Србија – поскапува ракијата, вискито поевтинува


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, усвоен од Владата на Србија, предвидува дека сите жестоки алкохолни пијалоци ќе се оданочуваат според процентот на чист алкохол измерен на 20 степени Целзиусови во готовиот производ, без оглед на тоа од кои суровини се произведуваат. Ова го изедначува износот на акциза за сите овие …

Нови акцизи во Србија – поскапува ракијата, вискито поевтинува Read More »

(Видео) „Сè уште победува“ – Коби Брајант и официјално во Куќата на славните


Со осуммесечно доцнење поради пандемијата, генерацијата 2020 година, можеби најголемата во историјата, синоќа конечно беше примена во Кошаркарската куќа на славните на церемонијата во Спрингфилд. Нејзини предводници беа три легенди кои доминираа на НБА-терените од средината на 90-тите до средината на минатата деценија – Кевин Гарнет, Тим Данкан и покојниот Коби Брајант. Во вечер полна …

(Видео) „Сè уште победува“ – Коби Брајант и официјално во Куќата на славните Read More »

Две малолетни Русинки запалија 195 тони слама, сакале да снимат видео за ТикТок


Две девојчиња во Русија запалија речиси 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидувале да снимат видео за ТикТок. Полицијата во раните утрински часови во саботата соопшти дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата. Во информацијата се вели дека изгореле 195 тони слама во рурална област недалеку од градот Перм, …

Две малолетни Русинки запалија 195 тони слама, сакале да снимат видео за ТикТок Read More »

Почина вечниот шармер Ѓорѓе Марјановиќ кој ја испеа незаборавната „Свиреж во осум“


Ѓорѓе Марјановиќ, легендарниот југословенски и српски пејач, почина вчера во текот на денот од последици на вирусот корона, пишува „Блиц“. Познатиот музичар беше приврзан за апарати за дишење и лекарите се бореа за неговиот живот претходните денови. Роден во Кучево на 30 октомври 1931 година, завршил средно училиште во Пожаревац, а потоа заминал да студира …

Почина вечниот шармер Ѓорѓе Марјановиќ кој ја испеа незаборавната „Свиреж во осум“ Read More »

Цената на среброто се зголеми над 70 отсто за една година


Цената на среброто, метал што често е под сенка на посјајниот „роднина“ златото, скокна повеќе од 70 отсто во изминатата година, а стратезите за производи велат дека растот веројатно ќе продолжи со повторното отворање на глобалната економија. Побарувачката за овој благороден метал нагло се зголеми во последните 12 месеци, што влијаеше врз цената на среброто …

Цената на среброто се зголеми над 70 отсто за една година Read More »

Вардар по 14. пат го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија


Екипата на Вардар вечерва во Скопје го победи Еурофарм Пелистер со 26:24 во финалето на Купот на Македонија и по 14-ти пат го освои вредниот трофеј. „Црвено-црните“ до победата дојдоа со подобра игра во текот на целиот меч, иако битолчани со подобра игра во финишот успеаја да внесат неизвесност пред крајот. Пелистер Еурофарм во финалето …

Вардар по 14. пат го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија Read More »

Италија: По примање на првата доза вакцина смртноста од Ковид-19 намалена за 95 отсто


Пет недели по примањето на првата доза на вакцина против Ковид-19, заразувањето со коронавирус е намалено за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија спроведена од научници од италијанскиот Национален институт за здравје на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица. Според агенцијата …

Италија: По примање на првата доза вакцина смртноста од Ковид-19 намалена за 95 отсто Read More »