Иранските избори ги нарушија плановите на Бајден за нуклеарен договор


Официјални претставници на администрацијата на Џо Бајден велат дека изборот на тврдолинијаш за нов претседател на Иран нема да влијае врз изгледите за обновување на неизвесниот нуклеарен договор со Техеран од 2015 година. Но, веќе постојат индиции дека нивната цел за постигнување договор станува се потешка. Оптимизмот дека договорот е неизбежен исчезна откако последната рунда …

Иранските избори ги нарушија плановите на Бајден за нуклеарен договор Read More »

Втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан в понеделник во Брисел


Претседателите на парламентите на Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и претседателот на Собранието на Косово ќе се состанат в понеделник во Брисел, на иницијатива на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како што е соопштено од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат со Сасоли …

Втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан в понеделник во Брисел Read More »

Ворен Бафет заминува од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, но остава 4,1 милијарда долари


Милијардерот Ворен Бафет денеска поднесе оставка од функцијата повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите приватни добротворни организации во светот, откако донираше уште еден дел од своите акции во Беркшир Хатавеј, вреден 4,1 милијарди долари, за филантропски цели. Од 2006 година, Бафет плаќа годишни придонеси за пет добротворни организации, како дел од …

Ворен Бафет заминува од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, но остава 4,1 милијарда долари Read More »

Советот за регионална соработка ќе го претстави Балканскиот барометар


Советот за регионална соработка денеска во Тирана ќе го претстави Балканскиот барометар. Тоа е седмо издание на годишното истражување на јавното и економско мислење што се занимава со ставовите и очекувањата на граѓаните и бизнисмените од Западен Балкан на различни теми, како што се интеграција во ЕУ и регионална соработка, дигитализација, зелено закрепнување и втора …

Советот за регионална соработка ќе го претстави Балканскиот барометар Read More »

Васева и Тануровска – Ќулавковски ко-кураторки на изложбата во Музејот на современа уметност во Љубљана


Во Музејот на современа уметност Метелкова во Љубљана денеска се отвора изложбата „РЕАЛИЗИРАЈТЕ! СПРОТИВСТАВЕТЕ СЕ! РЕАГИРАЈТЕ! Перформанс и политика во 1990-те во пост-југословенскиот контекст“, а кураторки од Северна Македонија се Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски. Васева и Тануровска – Ќулавковски во рамки на изложбата го разгледуваат политичкото во перформансот преку примери на уметнички …

Васева и Тануровска – Ќулавковски ко-кураторки на изложбата во Музејот на современа уметност во Љубљана Read More »

Во САД донесена првата пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари


Прва пресуда беше донесена во САД во случајот со немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми. Ана Морган Лојд, учесник во јануарските немири во Вашингтон, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Лојд (49), жител на Индијана, е првата осудена во случајот со упадот на Капитол од приврзаници …

Во САД донесена првата пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари Read More »

Премиера на претставата „Дневна доза мазохизам“


Во МКЦ вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, а во режија на Лука Кортина. Сценографијата е на Мартин Манев, костимографијата на Ирина Тошева, а кореографијата на Наталија Теодосиева. Продуцент на претставата е Петар Антевски. Ликовите ги толкуваат младите актери Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан …

Премиера на претставата „Дневна доза мазохизам“ Read More »

Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов


Основачот на софтверската компанија Џон Мекафи е пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Барселона, откако шпански суд одобри негова екстрадиција во САД. Според каталонското Министерство за правда, тој очигледно извршил самоубиство. Еден од креаторите на антивирусен софтвер во САД беше обвинет за затајување данок. Мекафи, (75), беше уапсен на аеродромот во Барселона во октомври …

Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов Read More »

Мобилната библиотека „READ on wheels“ ќе ја почне својата турнеја во Теарце


Мобилната библиотека „READ on wheels“ (РЕАД на тркала) денеска официјално ќе ја почне својата турнеја во Теарце, Тетовско. На отворањето на библиотеката, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на општина Јегуновце, Дарко Блажески, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, директорката на Гете-институт Скопје, Тања Кригер, проектниот менаџер, Марија Чорбева Пеновска и директорот на ЦБС Лоја …

Мобилната библиотека „READ on wheels“ ќе ја почне својата турнеја во Теарце Read More »

Гутереш бара помошта за Сирија да се продолжи за уште една година


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара од Советот за безбедност на ОН да ја продолжи операцијата за прекугранична испорака на хуманитарна помош во Сирија за уште една година. Toj предупреди дека ако тоа да не се стори би било погубно за милиони луѓе. Операцијата за доставување помош на Сирија истекува на 10 јули, а …

Гутереш бара помошта за Сирија да се продолжи за уште една година Read More »

Се подготвуваат протоколи за наредната учебна година учениците да се вратат во училиштата


Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. Ресорниот министер Венко Филипче уверува дека протоколите за учебната година се речиси готови. – Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и …

Се подготвуваат протоколи за наредната учебна година учениците да се вратат во училиштата Read More »

Пратенички прашања во Собранието


Собранието денеска ќе ја одржи 44-та седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Седницата за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Предност за поставување прашања до премиерот и до министрите имаат опозициските народни избраници.

Денеска и утре температури до 41. степен, препораки најранливите да се ослободат од работни обврски


Земјава денеска и утре ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не …

Денеска и утре температури до 41. степен, препораки најранливите да се ослободат од работни обврски Read More »

Заев за името на ФФМ: Преспанскиот договор мора да се почитува


Сите невладини институции, приватни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, треба да го почитуваат Преспанскиот договор. Вака премиерот Зоран Заев одговори вечерва на прашањето дали ќе се менува името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Заев рече дека чувствува горчина, …

Заев за името на ФФМ: Преспанскиот договор мора да се почитува Read More »

Бектеши на Економскиот форум во Скопје: Интензиво работиме на зелена енергетска транзиција


Интензивно работиме на транзиција во енергетскиот сектор. Веќе се започнати неколку поголеми проекти во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија, а во наредниот период ќе го засилиме инвестицискиот циклус во зелена енергија. Нашата цел е до крајот на 2030 година 40 отсто од бруто финалната потрошувачка на енергија во земјата да биде 40 …

Бектеши на Економскиот форум во Скопје: Интензиво работиме на зелена енергетска транзиција Read More »

Постигнат отштетен договор за бродот што го блокираше Суецкиот канал


Сопствениците и агенциите во кои е осигуран гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“, што речиси една недела во март го блокираше Суецкиот канал, постигнале принципиелен договор за решавање на спорот со Управата на каналот околу отштетата за блокадата, изјавија претставници на двете страни, без да го наведат решението на спорот. Централното прашање на спорот е висината …

Постигнат отштетен договор за бродот што го блокираше Суецкиот канал Read More »

Заев: Еколошката такса обезбедува средства за обновливи извори на енергија, само со нив ќе ја зачуваме животната средина


Еколошката такса е наш одговор за грижата за животната средина и на повикот на граѓаните да преземеме мерки во однос на ова важно прашање, и затоа сите пари прибрани од оваа такса ќе одат во Еколошкиот фонд кој ќе ја помогне праведната транзиција од фосилните кон енергенсите од обновливи извори на енергија, истакна премиерот Заев …

Заев: Еколошката такса обезбедува средства за обновливи извори на енергија, само со нив ќе ја зачуваме животната средина Read More »

Заев од првиот Скопски економски форум: Потребен ни е Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина


Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додам и Балкан кој …

Заев од првиот Скопски економски форум: Потребен ни е Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина Read More »

Алармантен извештај за климатските промени: Влијанијата ќе не погодат порано од стравувањата


Климатските промени фундаментално ќе го преобликуваат животот на Земјата во следните децении, дури и ако луѓето можат да ги скротат емисиите на штетни гасови што затоплуваат, се вели во историскиот нацрт-извештај на советниците за климатски науки на ОН, во кој имаше увид АФП. Исчезнување на видовите, широко распространета болест, жештини поради кои нема да може …

Алармантен извештај за климатските промени: Влијанијата ќе не погодат порано од стравувањата Read More »

Фаучи: Делта сојот најголема закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19


Делта варијантата на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи. – Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта, нагласи Фаучи, додавајќи дека тој вид станува глобално доминантна верзија …

Фаучи: Делта сојот најголема закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19 Read More »