„Блиц“: Во Скопје каменуван и ограбен автобус на српска компанија со руски туристи (фото, видео)


Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, дознава Блиц. Како што вели менаџерот за сообраќај на таа компанија за Блиц, руски граѓани патувале во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, додека туристите …

„Блиц“: Во Скопје каменуван и ограбен автобус на српска компанија со руски туристи (фото, видео) Read More »

Ел Салвадор на секој жител ќе му понуди 30 долари во крипто-валути


Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, најави дека ќе понуди криптовалути во вредност од 30 долари на секој граѓанин што ќе се пријави за да користи дигитален паричник. Владата ќе создаде сопствен паричник со биткоин, наречен Чиво, што на сленг значи „кул“. Парите ќе бидат депонирани на сметката на секој граѓанин што ќе ја преземе …

Ел Салвадор на секој жител ќе му понуди 30 долари во крипто-валути Read More »

ИФЦ со поддршка на Народната банка за т.н. зелени финансии


Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии, било порачано на работната средба на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на оваа корпорација – членка на Групацијата на Светската банка, на која, меѓу другото, се разговарало …

ИФЦ со поддршка на Народната банка за т.н. зелени финансии Read More »

Стартува нокаут фазата на ЕУРО2020


Европското фудбалско првенство продолжува денеска, по дводневна пауза, со првите два осминафинални натпревари. Нокаут фазата на ЕУРО2020 вечерва од 18 часот во Амстердам ќе ја отворат Велс и Данска. Натпреварот се игра на „Јохан Кројф“ стадионот на Ајакс, екипата за која од 2010 до 2013 година настапуваше данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, за кого ЕУРО2020 заврши по само едно полувреме …

Стартува нокаут фазата на ЕУРО2020 Read More »

Црногорската влада продава „Мајбах“ за половина милион евра, средствата за помош на загрозени граѓани


Министерството за финансии и социјална работа на Црна Гора објави покана за учество на јавно наддавање за продажба на автомобил „Мерцедес Бенц“, модел „Мајбах С 650“. Како што е наведено во огласот, почетната цена на споменатото возило е 456.933,18 евра. Продажбата  ќе се изврши преку јавно усно наддавање во Будва на 23 јули. Во средината …

Црногорската влада продава „Мајбах“ за половина милион евра, средствата за помош на загрозени граѓани Read More »

Анкета: Мнозинство Германци сакаат државата да има поголема улога на светската сцена


Според резултати од анкета, повеќето Германци би сакале нивната земја да има поголема улога на светската сцена, јави ДПА. Истражувањето на Институтот „Форса“ меѓу 1.008 луѓе, нарачано од списанието „Интернационале политик“ и спроведено од 9 до 10 јуни, покажа дека 54 проценти од испитаниците поддржуваат поголем ангажман во надворешната политика, додека 42 проценти се против …

Анкета: Мнозинство Германци сакаат државата да има поголема улога на светската сцена Read More »

Њујорк: Против компанија на Трамп може да бидат подигнати криминални обвиненија


Обвинителите во Менхетен информираа една од компаниите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека наскоро може да биде поднесена кривична пријава против неа во врска со долготрајната истрага на неговите деловни случаи, објави Њујорк Тајмс. Повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, весникот наведува дека Trump Organization може да биде обвинета веќе следната недела …

Њујорк: Против компанија на Трамп може да бидат подигнати криминални обвиненија Read More »

Системи за „чист сообраќај“ во четирите најголеми градови во Хрватска


Транспортот игра клучна улога за општеството и економијата, а во исто време е еден од најголемите загадувачи на воздухот како резултат на зголемената емисија на штетни гасови. Едно од средствата со кои ова може да се олесни е достапно за секого – велосипед. Во периодот 2019 и 2020 година, според студијата објавена пред неколку дена, …

Системи за „чист сообраќај“ во четирите најголеми градови во Хрватска Read More »

Сточарите се закануваат со блокади ако до крајот на јуни не ги добијат субвенциите за 2020


Сточарите од Кичевско, но и од други региони во земјава се уште ги немаат добиено субвенциите за минатата 2020 година, а веќе календарски изминува шестиот месец од 2021 година. Во неколку наврати се најавуваше дека субвенциите ќе бидат исплатени најпрво во март или април, потоа во мај или јуни, но и по измината половина година, …

Сточарите се закануваат со блокади ако до крајот на јуни не ги добијат субвенциите за 2020 Read More »

Пукано врз хеликоптерот на претседателот на Колумбија, нема повредени


Хеликоптерот со кој се превезувал колумбискиот претседател Иван Дуке бил погоден од куршуми при напад извршен вчера. Нападот се случил додека тој се превезувал над регионот Кататумбо кон градот Кукута, административен центар на колумбиската провинција Норте де Сантандер. – Она што се гледа е дека беше напад по кој на претседателскиот хеликоптер може да се …

Пукано врз хеликоптерот на претседателот на Колумбија, нема повредени Read More »

Јапонската влада предлага воведување четиридневна работа недела


Јапонската влада ги објави своите годишни упатства за економска политика, што вклучуваат нови препораки за компаниите – да им дозволат на своите работници да работат четири дена во неделата наместо пет. Пандемијата на коронавирусот веќе донесе големи промени во начинот на работа на  јапонските корпорации. Политичките лидери сега се надеваат дека ќе ги уверат компаниите …

Јапонската влада предлага воведување четиридневна работа недела Read More »

На граничните премини Богородица и Табановце, се чека половина час


Зголемена фреквенција на возила изутринава се бележи на ГП Богородица излез од РС Македонија и на ГП Табановце за влез во земјава, каде што времето на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви …

На граничните премини Богородица и Табановце, се чека половина час Read More »

Извештај за НЛО: САД регистрирале 144 „неидентификувани воздушни феномени“


Американската влада објави долгоочекуван извештај за НЛО во кој се наведува дека аналитичарите за одбрана и разузнавање немаат доволно податоци за да го утврдат потеклото на мистериозните летечки објекти што ги виделе воени пилоти. Извештајот, што беше доставен до Конгресот и објавен во јавноста, вклучува видени 144 објекти што владата официјално ги нарече „неидентификувани воздушни …

Извештај за НЛО: САД регистрирале 144 „неидентификувани воздушни феномени“ Read More »

Земјотрес од 4,3 по Рихтер ја погоди Црна Гора


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 01:18 часот ја погоди Црна Гора. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Херцег Нови на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за материјални штети.

Сто и триесет години од изградбата на пругата Солун – Битола


По повод 130 години од изградбата на пругата Битола – Солун вечер во продукција на Интимен Театар ќе се случи проектот „Возот“ што е во склоп на македонско-грчки проект, организиран од културната организација „Дрезина“ од град Вериа. Во проектот учествуваат осум грчки градови – Солун, Александрија, Вериа, Наоуса, Едеса, Скидра, Аминдео, Лерин, како и Битола …

Сто и триесет години од изградбата на пругата Солун – Битола Read More »

Сиднеј во двонеделна блокада поради зголемен број заразени со Делта сојот на коронавирусот


Сиднеј влегува во двонеделна блокада, бидејќи властите се обидуваат да се справат со многу заразната, Делта варијанта на коронавирусот, во најголемиот австралиски град. Повеќе од еден милион луѓе во центарот на Сиднеј и предградијата веќе се заклучени поради епидемијата, но здравствените власти одлучија да продолжат и прошират откако беа пријавени нови случаи на заразени со …

Сиднеј во двонеделна блокада поради зголемен број заразени со Делта сојот на коронавирусот Read More »

Почнуваат концертите „Musica Viva на отворено“


Од денеска почнуваат концертите „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Концертите ќе се одржуваат во следните три дена, а се дел од научно-истражувачки проект на Факултетот за музичка уметност – Скопје, поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Два од концертите ќе се одржат на терасата на Музејот …

Почнуваат концертите „Musica Viva на отворено“ Read More »

Градоначалникот на Москва нареди најмалку 30 отсто вработените да работат од дома


Најмалку 30  отсто од вработените во Москва ќе бидат префрлени на работа од дома, според указот на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објавен на неговата веб-страница. Таа мерка, која не е прецизирана зошто се воведува, не се однесува на лица чие присуство на работното место е од витално значење за нивните организации, како и за …

Градоначалникот на Москва нареди најмалку 30 отсто вработените да работат од дома Read More »

Со вакцините Фајзер и Модерна можен ризик од ретки срцеви проблеми, предупредува ФДА


Американската администрација за храна и лекови додаде предупредување за вакцините Фајзер/Бионтех и Модерна против Ковид-19, за можен ризик од ретки срцеви проблеми (најчесто – воспаление на срцевиот мускул) по употребата. За секоја од вакцините, информациската брошура е дополнета со предупредување дека има извештаи за компликации што укажуваат на зголемен ризик од миокардитис и перикардитис, особено …

Со вакцините Фајзер и Модерна можен ризик од ретки срцеви проблеми, предупредува ФДА Read More »

САД: 22,5 години затвор за поранешниот полицаец, одговорен за убиството на Џорџ Флојд


Поранешниот американски полицаец Дерек Шовин, прогласен за виновен за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, е осуден на 22 години и шест месеци затвор. Обвинителството побара казна од 30 години затвор. Со добро однесување, Шовин може да биде ослободен откако ќе издржи две третини од казната, односно за 15 години. Шовин беше осуден во април за …

САД: 22,5 години затвор за поранешниот полицаец, одговорен за убиството на Џорџ Флојд Read More »