Земјотрес од 4,3 по Рихтер ја погоди Црна Гора


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 01:18 часот ја погоди Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Херцег Нови на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за материјални штети.