Албанија: Хаос во седиштето на Демократската партија, насилно влегоа приврзанците на Бериша


Тензиии и хаос во седиштето на албанската опозициска Демокатска партија, откако историскиот лидер Сали Берша со група приврзаници насилно влегоа во просториите, каде во една од нив актуелниот лидер Љуљзим Баша одржуваше срeдба со претставници на форумот на млади. -Во еден момент имаше вербална пресметка меѓу двете страни, оние кои за лидер го признаваат актуелниот, …

Албанија: Хаос во седиштето на Демократската партија, насилно влегоа приврзанците на Бериша Read More »

Владата даде зелено светло за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација


Владата на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „Национални енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија“, добиен од Дојче банка и Ерсте банка. Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната …

Владата даде зелено светло за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација Read More »

Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик“ со Орбан за безбедноста на ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на неговата денешна посета на Будимпешта, вети дека ќе работи со унгарскиот премиер Виктор Орбан за области од взаемен стратешки интерес. Иако ги призна своите политички несогласувања со лидерот на Унгарија, Макрон сепак најави дека ќе бара заеднички јазик со Орбан за стратешката автономија на Европа. Говорејќи пред новинарите …

Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик“ со Орбан за безбедноста на ЕУ Read More »

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица


Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или …

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица Read More »

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година


Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата. ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни …

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година Read More »

Пратениците трет ден расправаат за Предлог-буџетот за 2022, Алијанса на Албанците нема да даде поддршка


Пратениците денеска трет ден расправаат за дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година. Претпладневниот дел помина во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за тоа дали доволно средства се одвојуваат за образованието, а беа упатени и критики за слабата реализација на капиталните инвестиции. Алијанса на Албанците се изјасни дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот за следната …

Пратениците трет ден расправаат за Предлог-буџетот за 2022, Алијанса на Албанците нема да даде поддршка Read More »

Црногорската опозиција го повлече предлогот за гласање недоверба на владата


Црногорската опозиција, денеска, непосредно пред почетокот на парламентарната седница, го повлече барањето за недоверба на црногорската Влада, иако претходно тврдеше дека ќе има доволно гласови за соборување на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. Причина за повлекувањето е иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот …

Црногорската опозиција го повлече предлогот за гласање недоверба на владата Read More »

СКЕЕОР: Повеќе да се размислува за енергетска ефикасност и одржлив развој


Деветтото издание на Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021, поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) почна денеска во Скопје. На отворањето на конференцијата, што годинава поради пандемијата се одржа онлајн, се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски. – Многу сум горд што нашата авангарда, …

СКЕЕОР: Повеќе да се размислува за енергетска ефикасност и одржлив развој Read More »

Камион пропадна во дупка на улица во Белград


Речиси цела кабина на камион утрово пропадна во дупка на асфалтот во Вождовац во Белград, а асфалтот пропаднал поради пукање на улична водоводна цевка, јавија белградските медиуми. Дефектот бил пријавен утрово околу 4.30 часот, а на терен се екипи на „Водовод“, пишува РТС. Возачот на камионот кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а …

Камион пропадна во дупка на улица во Белград Read More »

Незаменливите токени се повеќе го привлекуваат вниманието на инвеститорите


Ако се прашувате што има заедничко аукциската куќа Кристи со платформата Твитер, одговорот е едноставен – и двете тргуваат со таканаречените незаменливи NFT токени, кои стануваат сè поважни ресурси на пазарот. NFT, или незаменливи токени, се средства што може да се купат или продаваат како и секој друг вид средства, но не можат да се …

Незаменливите токени се повеќе го привлекуваат вниманието на инвеститорите Read More »

Нов голем пад: Турската лира изгуби седум отсто за само неколку минути


Турската лира денеска падна за цели седум отсто, па во еден момент беше на ново рекордно ниско ниво од близу 15 лири за долар. Причината е загриженоста на инвеститорите поврзана со ризикот од новата економска политика на претседателот Реџеп Таип Ердоган и очекуваното ново намалување на референтната каматна стапка во четврток. Со последниот остар пад, …

Нов голем пад: Турската лира изгуби седум отсто за само неколку минути Read More »

Недела на ЦЕФТА 2021


Скопје во следните четири дена е домаќин на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, на која, како што е најавено ќе присуствуваат високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации. Помеѓу говорниците на Неделата на ЦЕФТА „15 YEARS MAKING TRADE HAPPEN“, како …

Недела на ЦЕФТА 2021 Read More »

Раст на користењето на интернет и онлајн купувањето, мажите повеќе користат интернет од жените


Користењето на интернет и онлајн купувањето во земјава годинава бележи раст, а интернет банкарството се користело за 104 проценти повеќе за разлика од лани. Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците …

Раст на користењето на интернет и онлајн купувањето, мажите повеќе користат интернет од жените Read More »

Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат


Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за „Утрински брифинг“. Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов нагласува дека проблем е што четирите големи …

Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат Read More »

Црногорскиот Парламент ќе одлучува за судбината на Владата на Кривокапиќ


Парламентот на Црна Гора, како што претходно беше најавено, денеска треба да одлучува за иницијативата на парламентарната опозиција за недоверба на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ. Демократскиот фронт во саботата одлучи да бара враќање на мандатот на Владата и распишување нови парламентарни избори. Иако опозициските партии тврдеа дека ќе имаат доволен број пратеници, дури …

Црногорскиот Парламент ќе одлучува за судбината на Владата на Кривокапиќ Read More »

Цената на природниот гас е над 1.300 долари за илјада кубни метри


Цената на природниот гас утрово надмина 1.300 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на берзата ICE. Вредностите на јануарските фјучерси на центарот TTF во Холандија се искачија на 116.395 евра за мегават час. Претходната максимална вредност беше на 5 октомври – 116.529 евра за мегават час. Утрово тргувањето започна со 114.745 евра за мегават-час. …

Цената на природниот гас е над 1.300 долари за илјада кубни метри Read More »

Комората и порачува на Берзата „да го послуша гласот на бизнисот“ и да ги одложи новите правила за котација


Дваесетина компании кои котираат на Македонската берза побараа Берзата да ја одложи примената на новите правила за котација. За ова извести Стопанската комора на Северна Македонија која во јавен допис ѝ порача на Берзата „да го послуша гласот на бизнисот“. Во името на компаниите членки на комората се бара новите правила да почнат да важат од …

Комората и порачува на Берзата „да го послуша гласот на бизнисот“ и да ги одложи новите правила за котација Read More »

Од денеска нови мерки во Грција, промени во сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19


Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан Ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите …

Од денеска нови мерки во Грција, промени во сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 Read More »

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ премиерно на фестивалот „Сламденс“ во Парк Сити


Македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“ по сценарио и во режија на Кристијан Ристески ќе има премиера на фестивалот „Сламденс“, кој ќе се одржи на два начина, со физичко присуство и онлајн, од 20 до 30 јануари во Парк Сити, САД, соопштија продуцентите на филмот. „Снежана на крајот умира“ е социјална драма во амбалажа …

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ премиерно на фестивалот „Сламденс“ во Парк Сити Read More »

За и околу јавниот долг


Со години фискалната политика во Македонија се употребува за редистрибуција на јавните финансии, за генерирање и одржување на клиенти и за интер-генерациска редистрибуција како главен инструмент за водење на популистички политики преку генерирање на јавен долг т.е. за наоѓање на лесни појавни решенија наместо на одржливи решенија за проблемите. Вообичаено македонскиот гласач/клиент делува како да …

За и околу јавниот долг Read More »