Камион пропадна во дупка на улица во Белград


Речиси цела кабина на камион утрово пропадна во дупка на асфалтот во Вождовац во Белград, а асфалтот пропаднал поради пукање на улична водоводна цевка, јавија белградските медиуми.
Дефектот бил пријавен утрово околу 4.30 часот, а на терен се екипи на „Водовод“, пишува РТС.
Возачот на камионот кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а за РТС изјавил дека не ни бил свесен што му се случило.
„Одев полека, камионот наеднаш потона, не знаев што ми се случи. Соседите рекоа дека вчера пријавиле дефект, никој не дошол, а јас само прв поминав“, рекол возачот, пренесува РТС.
„Не знам ни како излегов, бев сам, а беше темно“, рекол камионџијата.
Цевката пукнала вчера околу два часот, но никој не реагирал. Екипите на „Водовод“ утрово излегоа на терен, со цел да се отстрани неисправноста.