„Паметната специјализација“ ќе ги издвои секторите со најголем потенцијал за развој и за одржлив раст


Стратегијата за „паметна специјализација“ е особено важна за нашата држава, бидејќи со неа ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој, кои ќе станат поддршка односно драјвери за сите други сектори во економијата, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок за Стратегијата за …

„Паметната специјализација“ ќе ги издвои секторите со најголем потенцијал за развој и за одржлив раст Read More »

Француски регулатор ѝ забрани на американска компанија да собира биометриски податоци


Американската софтверска компанија Clearview ја прекршила прописи на ЕУ за приватност со колекцијата на фотографии на француски граѓани што ги собрала на интернет и мора да ја прекине практиката на собирање биометриски податоци, предупреди француски регулатор. Американската софтверска компанија разви технологија за препознавање лица и има колекција од повеќе од 10 милијарди фотографии од целиот …

Француски регулатор ѝ забрани на американска компанија да собира биометриски податоци Read More »

Извозот во Германија може да „секне“ ако не се почитуваат правата на вработените и животната средина


Македонските компании кои работат како добавувачи за германските инвеститори треба да се придржуваат до новиот Закон за добавувачи кој треба да стапи во сила во Германија од 1 јануари следната година, а кој меѓу другото предвидува исполнување на одредени стандарди, како што е почитување на работничките права и заштита на животната средина при производство, изјави …

Извозот во Германија може да „секне“ ако не се почитуваат правата на вработените и животната средина Read More »

Бугарија прв противник на македонските фудбалери во Лигата на нации


Македонската фудбалска репрезентација натпреварувањето во групата 4 од Ц – дивизијата во Лигата на нации ќе го отвори на гостински терен против Бугарија на 2 јуни, објавија денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). По воведниот натпревар, македонските фудбалери во јунскиот циклус ги очекува уште еден натпревар на гостински терен против …

Бугарија прв противник на македонските фудбалери во Лигата на нации Read More »

Во тек е операција на спасување на 21 рудар во поплавен рудник за јаглен во Кина


Во илегален рудник за јаглен во Кина поплава зароби 21 рудар под земја, јави денеска Ксинхуа. Поплавен е рудникот за јаглен Ксијаоџи во северната провинција Шанкси. Акцијата за спасување е во тек, но тешко се спроведува бидејќи спасувачите немаат прецизна мапа на локацијата на рудникот. Полицијата уапси седуммина осомничени и трага по други, меѓу кои …

Во тек е операција на спасување на 21 рудар во поплавен рудник за јаглен во Кина Read More »

ЕУ едногласна за Русија, санкции и во наредните шест месеци


Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ едногласно се договорија да ги продолжат економските санкции против Русија за дополнителни шест месеци, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. –  Лидерите на Европскиот совет едногласно се согласија да ги продолжат економските санкции против Русија. Ја повикуваме Русија да се придржува до својот дел од договорот и да …

ЕУ едногласна за Русија, санкции и во наредните шест месеци Read More »

„Волстрит џурнал“: Во следните пет години можeн е вооружен конфликт меѓу големите сили


Експертот за безбедност,  Ендрју Мишта, смета дека во следните пет години може да дојде до вооружен конфликт меѓу големите сили, пишува „Волстрит џурнал“. Според весникот, ризикот од конфронтација меѓу САД и Кина е многу поголем отколку претходно. Конфликтот може да ескалира во жешка фаза, на пример, поради спорот меѓу двете земји околу припадноста на Тајван. …

„Волстрит џурнал“: Во следните пет години можeн е вооружен конфликт меѓу големите сили Read More »

Јапонија издвојува рекордни 48 милијарди долари за буџетот за одбрана


Јапонското Министерство за одбрана побара рекордно висок буџет за следната фискална година (што почнува на 1 април 2022 година) со повеќе од 5,4 трилиони јени или околу 48,49 милијарди долари, јави телевизијата НХК. Јапонското Министерството за одбрана има намера да побара од буџетот пет трилиони и 479,7 милијарди јени (48,49 милијарди долари), а за оваа …

Јапонија издвојува рекордни 48 милијарди долари за буџетот за одбрана Read More »

Германија нема да соработува со Република Српска


Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека новата германска влада нема да соработува со Република Српска затоа што нејзиното политичко раководство „работи на уништување на Босна и Херцеговина“. Бургер посочи дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во понеделникот изјави дека ЕУ мора „да испрати јасен сигнал против обидите за …

Германија нема да соработува со Република Српска Read More »

Приведен поранешниот словачки премиер Роберт Фицо, организирал антиковид протест


Поранешниот словачки премиер Роберт Фицо вчера бил уапсен од полицијата во Братислава поради организирање на антивладин протест што бил забранет поради карантин. Левичарската партија Смер-социјалдемократија на Фицо и полицијата потврдија дека поранешниот премиер е уапсен синоќа, пред почетокот на протестот во главниот град на Словачка. Полицијата соопшти дека до денеска нема да дава повеќе детали …

Приведен поранешниот словачки премиер Роберт Фицо, организирал антиковид протест Read More »

Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар во Јапонија


Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар што изби во зграда во јапонскиот град Осака. Огнот е изгаснат за триесетина минути и се претпоставува дека пожарот е подметнат. Пожарот избил на четвртиот кат од зградата, каде се наоѓа клиника за ментално здравје и општа медицина. Опожарената зграда е лоцирана во квартот Кита познат по трговските центри.  …

Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар во Јапонија Read More »

Германскиот Бундестаг го промени распоредот на седење по седум децении


Пратениците денеска ја поддржаа желбата на Слободните демократи да не седат покрај крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Ова е прва промена на распоредот на седење во германскиот Бундестаг по седум децении. Седиштата во Бундестагот се распоредени во полукруг со Левицата на едниот крај и Алтернатива за Германија на другиот. Слободните демократи, кои заедно со …

Германскиот Бундестаг го промени распоредот на седење по седум децении Read More »

СЗО издаде препораки за мешање на вакцините против Ковид-19


Светската здравствена организација (СЗО) синоќа издаде привремени препораки за употреба на вакцините против Ковид-19 од различни производители како втора или засилувачка доза. Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние на Фајзер и Модерна, може да се користат како дополнителна доза по почетната доза на векторската вакцина АстраЗенека и обратно, соопшти оваа …

СЗО издаде препораки за мешање на вакцините против Ковид-19 Read More »

„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во Националната опера и балет


Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена операта „Травијата“ од Џузепе Верди под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија). Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон: Марјан Јованоски. Во …

„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во Националната опера и балет Read More »

Австрија усвои закон за потпомогнато самоубиство


Австрискиот парламент синоќа со големо мнозинство го усвои законот за потпомогнато самоубиство, според кој тешко болните од Нова година ќе добијат пристап до смртоносната дрога.   Сепак, оваа опција е отворена само за луѓе кои се трајно сериозно и неизлечиво болни. Активната евтаназија сè уште е забранета.   Новиот закон стана неопходен откако Уставниот суд …

Австрија усвои закон за потпомогнато самоубиство Read More »

„Сраснато дете“ – нова стихозбирка на Игор Поп Трајков


Во Домот на култура Кочо Рацин вечер со почеток во 20 часот ќе биде промовирана новата стихозбирка „Сраснато дете“ на Игор Поп Трајков.   Промоцијата ќе биде проследена со читање на стиховите од „Сраснато дете“ од страна на авторот на визуелно предизвикувачки локации.   За стихозбирката, рецензентката проф. др. Лорета Георгиевска-Јаковлева истакнува дека е внимателно дозирана со значења, естетски …

„Сраснато дете“ – нова стихозбирка на Игор Поп Трајков Read More »

Петков заминува во прва работна посета на Брисел 


Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, ќе престојува во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската …

Петков заминува во прва работна посета на Брисел  Read More »

Слободното движење во ЕУ повторно загрозено поради сојот омикрон


Повеќе земји членки на ЕУ се на ставот дека се потребни дополнителни рестрикции за патување поради новиот сој на Ковид-19, со што се загрозува релевантноста на европскиот санитарен пас, јавува дописничката на МИА од Брисел. Самитот кој се одржува овие два дена во Брисел се фокусира на големите предизвици пред кои е исправена ЕУ и …

Слободното движење во ЕУ повторно загрозено поради сојот омикрон Read More »

Отворен Саем за туризам во Скопје


Во просториите на Ист Гејт Мол во Скопје денеска е отворен Саем на туризам, каде ќе се презентираат дваесет хотелиери од Турција.   Како што е најавено, посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и туристичко патување по специјални попусти кои ќе бидат достапни директно на саемот, така што за …

Отворен Саем за туризам во Скопје Read More »

Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец, попладне повремен локален снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до …

Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец, попладне повремен локален снег Read More »