Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар во Јапонија


Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар што изби во зграда во јапонскиот град Осака.

Огнот е изгаснат за триесетина минути и се претпоставува дека пожарот е подметнат.

Пожарот избил на четвртиот кат од зградата, каде се наоѓа клиника за ментално здравје и општа медицина.

Опожарената зграда е лоцирана во квартот Кита познат по трговските центри. 

Општинската противпожарна служба на Осака примила пријава околу 10:20 часот дека избувнал пожар на четвртиот кат од осумкатница лоцирана во областа Киташинчи, област со голем број барови и ноќни клубови од високата класа во населбата Кита во Осака. 

Истражен извор рече дека полицијата добила дојава дека пожарот настанал од локва течност што излегла од хартиена кеса што ја држел маж кој изгледал дека имал 60-ти години.
Според пожарникарската служба, има уште еден повреден, освен 27-те лица пронајдени без витални знаци. Од вкупно 28 жртви, 17 се мажи, а 11 се жени. Тие биле пренесени во 13 различни болници во градот.

Околу 70 противпожарни возила и возила на брза помош пристигнаа на местото на настанот, а пожарникарите на носилки ги носеа жртвите една по друга од зградата.

„Го почувствував мирисот на горење дури иако носот и устата ми беа покриени со марамче. Се исплашив“, рекла 24-годишна жена која се евакуирала.

Искршени се прозорите на четвртиот кат, а од жештината беа извиткани рамкитена прозорците, пишуваат јапонските медиуми.