Во тек е операција на спасување на 21 рудар во поплавен рудник за јаглен во Кина


Во илегален рудник за јаглен во Кина поплава зароби 21 рудар под земја, јави денеска Ксинхуа.

Поплавен е рудникот за јаглен Ксијаоџи во северната провинција Шанкси.

Акцијата за спасување е во тек, но тешко се спроведува бидејќи спасувачите немаат прецизна мапа на локацијата на рудникот.

Полицијата уапси седуммина осомничени и трага по други, меѓу кои и сопственикот на рудникот, кој, според печатот, е во  бегство.