Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката


Кинотеката од денеска ја почнува програмата за најмладите љубители на филмот и за тинејџерите која традиционално ја организира за време на зимскиот распуст.   За најмладите гледачи од денеска на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“. Биби и Боби ќе …

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката Read More »

Вевчанскиот карневал, вековна традиција под маски


Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година, денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2022 година“. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во земјава и светот ќе продефилираат низ вевчанските …

Вевчанскиот карневал, вековна традиција под маски Read More »

Приоритите на француското претседателство со ЕУ пред Националниот совет за евроинтеграции


Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието ќе ја одржи шестата седница. Единствена точка на дневен ред е презентација на Програмата и приоритетите на Француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, од страна на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Почнува Европското првенство во ракомет – седмо учество за македонската репрезентација


Европското првенство во ракомет за мажи 2022 година ќе биде 15. издание на турнирот, второ на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, и седмо за македонската репрезентација. Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка. Северна Македонија обезбеди место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, …

Почнува Европското првенство во ракомет – седмо учество за македонската репрезентација Read More »

Сончево, но студено до минус 11 степени


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со мала облачност и со умерен до …

Сончево, но студено до минус 11 степени Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 јануари 2022 година, 13-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 352 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 23 минути. Денов трае 9 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот …

Астрономски календар Read More »

Осум држави го загубија правото на глас во ОН


Осум држави, меѓу кои Иран, Судан и Венецуела, го загубија правото на глас во ОН поради преголемиот долг кон организацијата, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.   Вкупно 11 земји-членки во моментов доцнат со уплатата на придонесите согласно членот 19 од Повелбата на ОН, наведе Гутереш во писмото до членовите на Генералното собрание. Членот 19 предвидува …

Осум држави го загубија правото на глас во ОН Read More »

Бектеши апелира Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика Градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за топлинска енергија, како што наведе, барем за месец декември бидејќи до денес тоа не го направиле. – Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење, кажа министерот за Бектеши во вечерашното гостување во …

Бектеши апелира Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември Read More »

Ковачевски за енергетската криза: Одлуките ги носиме врз основа на анализи


Мерки за ублажување на последиците од глобалното покачување на електричната енергија започнаа уште минатата година преку намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а во периодот што следи ќе следуваат нов пакет мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова вечерва го соопшти претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски, …

Ковачевски за енергетската криза: Одлуките ги носиме врз основа на анализи Read More »

ЦДЦ: Бројот на дневни смртни случаи се зголемува во САД, веројатно поради делта сојот, а не омикронот


Бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 во САД се зголеми за околу 33 отсто, а бројот на смртни случаи е зголемен за околу 40 проценти во споредба со претходната недела, изјави директорката на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Рошел Валенски, додавајќи дека наведените бројки веројатно растат поради делта варијантата, а не поради …

ЦДЦ: Бројот на дневни смртни случаи се зголемува во САД, веројатно поради делта сојот, а не омикронот Read More »

Цената на нафтата надмина 84 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија над 84 долари на меѓународните пазари, поттикнати од проблемите на производителите со зголемувањето на понудата и проценките дека ширењето на инфекцијата со Омикрон нема да го попречи закрепнувањето на побарувачката од корона кризата. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево порасна за 47 центи во однос на претходното затворање …

Цената на нафтата надмина 84 долари Read More »

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години


Младите и намалување на младинската невработеност е во фокусот во програмата за работа на Владата предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Една од предвидените мерки е и поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени млади под 30 години. Со оваа мерка, средствата ќе се враќаат назад дикретно на нивната сметка со што се овозможува …

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години Read More »

Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни 1.000 милијарди долари


Европските земји во 2022 година за приоритетните енергетски ресурси ќе потрошат рекордни за последнава декада 1.000 милијарди долари, соопшти Блумберг, повикувајќи се на извештај на „Ситигруп“. Според агенцијата, причина за овие трошоци ќе бидат повисоките цени на загревање и електрична енергија во регионот, откако хиперинфлацијата врз цените на гасот и струјата ги погоди домовите и …

Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни 1.000 милијарди долари Read More »

Занаетчиите бараат да се допрецизира Законот за недела неработен ден


Дел од занаетчиите повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден. Според претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија Агрон Фазлији, некои занаетчии од услужните дејности укажуваат дека одредбите од Законот се нејасни, а најмногу реагираат …

Занаетчиите бараат да се допрецизира Законот за недела неработен ден Read More »

Светска банка: Глобалниот раст ќе забави до 2023 година, зголемен ризикот од „тешко приземјување“ во економиите во развој


По силното закрепнување во 2021 година, глобалната економија влегува во изразено забавување во услови на нови закани од варијантите на КОВИД-19 и пораст на инфлацијата, долговите и нееднаквоста на приходите што може да го загрози закрепнувањето во новите и економиите во развој, се вели во најновиот Извештај на Светска банка за глобалните економски перспективи. Глобалниот …

Светска банка: Глобалниот раст ќе забави до 2023 година, зголемен ризикот од „тешко приземјување“ во економиите во развој Read More »

ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој


Пазарните економии во развој ќе мора да се подготват за епизоди на економски потреси со оглед на очекуваниот пораст на каматните стапки на Федералните резерви на САД и забавениот глобален раст како резултат на ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд. ММФ, кој ќе ги објави своите нови ажурирани прогнози подоцна овој …

ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој Read More »

Глобалните дивиденди годинава ќе надминат 2.000 милијарди долари


Светските дивиденди се очекува да достигнат нов рекорд во 2022 година и да надминат 2.000 милијарди долари благодарение на економското закрепнување. Подобрувањето на економската клима е глобално, но Европа заостанува бидејќи се уште е погодена од пандемијата, според студијата на компанијата за финансиски информации IHS Markit. Поттикнати од рекордниот профит на големите компании минатата година, …

Глобалните дивиденди годинава ќе надминат 2.000 милијарди долари Read More »

Грчкиот Wind Hellas стана дел од групацијата „Јунајтед“


Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas. Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е …

Грчкиот Wind Hellas стана дел од групацијата „Јунајтед“ Read More »

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година


Програмерите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година од продажба на дигитални производи и услуги на App Store, објави американскиот технолошки гигант Епл. Само минатата година, програмерите заработија 60 милијарди долари, соопшти Епл. Според нив, потрошувачката на корисниците на App Store во периодот од Бадник до Нова година достигна највисоко ниво …

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година Read More »

Екипажи на Катај Пацифик поминале вкупно 73.000 ноќи во карантин


Екипажи на авиокомпанијата Катај Пацифик од Хонг Конг минатата година поминале вкупно 73.000 ноќевања во хотели или центри за карантин, време  еднакво на 200 години, соопшти авиокомпанијата. Тешки се времињата за авиокомпанијата, која се бори да обезбеди летови и покрај драконските санитарни мерки на властите во Хонг Конг. Претседателот на компанијата, Патрик Хили, во видео …

Екипажи на Катај Пацифик поминале вкупно 73.000 ноќи во карантин Read More »