Грчкиот Wind Hellas стана дел од групацијата „Јунајтед“


Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas.

Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е една од најголемите инвестиции во Грција во последните години.

Групацијата ја прошири понудата на услуги во Грција за уште 3,4 милиони корисници, со што бројот на корисници на Јунајтед во таа земја се зголеми на 4,7 милиони или вкупно 15,2 милиони на сите пазари на кои работи. Јунајтед со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа.