Сончево, но студено до минус 11 степени


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Во наредните денови ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во петок кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.