Ангеловска-Бежоска: Глобализацијата, дигитализацијата и структурните промени ќе влијаат на постпандемичната улога на централните банки


Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел дискусијата на „Еуромани“ што се одржа виртуелно, а на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа. Гувернерката истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и …

Ангеловска-Бежоска: Глобализацијата, дигитализацијата и структурните промени ќе влијаат на постпандемичната улога на централните банки Read More »

Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата


Британската економија го надмина нивото од пред пандемијата по силниот раст во ноември, покажуваат официјалните бројки. – Бруто домашниот производ порасна за 0,9 проценти во ноември 2021 година и за првпат е над нивото пред пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението на Службата за национална статистика. Економијата на Британија е 0,7 отсто над нивото од февруари 2020 година, додаде Службата. …

Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата Read More »

Се продава дел од палата Албанија, култната зграда во центарот на Белград


Дел од 381 квадратен метар од белградската палата Албанија, проценет на 3,88 милиони евра, е понуден на јавна продажба, соопшти денеска Агенцијата за осигурување на депозити. Деловниот простор лоциран на приземје и подрум се продава преку стечајот на Белградска банка, чија агенција е стечаен управник, пренесе Танјуг. Имотот се продава по пат на јавно наддавање, …

Се продава дел од палата Албанија, култната зграда во центарот на Белград Read More »

На Ѓоковиќ повторно му се заканува имиграциски притвор


Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“. Адвокатите на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката. Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата. „Го …

На Ѓоковиќ повторно му се заканува имиграциски притвор Read More »

Гувернерот на Калифорнија одби условно ослободување на убиецот на Роберт Кенеди


Гувернерот на Калифорнија го одби барањето на Сирхан Сирхан, убиецот на Роберт Кенеди, за условно ослободување, иако специјалната комисија летоска даде одобрение за тоа. Гувернерот Гевин Њусом рече дека 77-годишниот затвореник и понатаму е „закана за јавната безбедност“ и дека не сака „да ја преземе одговорноста за тоа злосторство“, се вели во соопштението на неговата …

Гувернерот на Калифорнија одби условно ослободување на убиецот на Роберт Кенеди Read More »

Страница од стрип „Спајдермен“ продадена за 3,36 милиони долари


Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас (САД). Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим. Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, …

Страница од стрип „Спајдермен“ продадена за 3,36 милиони долари Read More »

Голем број на заразени со коронавирусот во хрватските училишта


Секој ден во хрватските училишта има се помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела. Според Министерството за наука и образование, вчера 9.158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници …

Голем број на заразени со коронавирусот во хрватските училишта Read More »

Утринските температури под нулата во цела држава, во Берово измерени минус 14 степени


Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Маврово се измерени -12 степени, во Крушево -11, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -10, во Петровец кај Скопје, Штип, Демир Капија и Виница -9, во Тетово, Претор, Струмица …

Утринските температури под нулата во цела држава, во Берово измерени минус 14 степени Read More »

ЕП во ракомет: Данска рутински против Црна Гора, Холандија ја изненади Унгарија


Данска без проблеми ја совлада Црна Гора со 30:21 во дуелот на двата следни противника на македонските ракометари во рамки на групата А, а првиот ден од Европското првенство донесе вчеравечер сензационална победа на Холандија над домаќинот Унгарија со 31:28. Пораз претрпе и кодомаќинот на Европското првенство, Словачка, со 25:35 од Норвешка, додека во дербито …

ЕП во ракомет: Данска рутински против Црна Гора, Холандија ја изненади Унгарија Read More »

Австралија му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, дали ќе може да ја одложи депортацијата


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ сепак ќе мора да ја напушти Австралија. Она што последниве денови се најавуваше во австралиските медиуми конечно доби и официјална потврда. Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок одлучи да го искористи своето законско право и да му ја одземе визата на Новак Ѓоковиќ. Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ, како што е …

Австралија му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, дали ќе може да ја одложи депортацијата Read More »

Ѓоковиќ има дипломатски пасош, колку може да му помогне


Додека медиумите ширум светот ја чекаат одлуката на министерот за имиграција за укинување на визата за Новак Ѓоковиќ, која беше најавена за петок и не се случи до доцна попладне, се дознава дека Ѓоковиќ поседува дипломатски пасош. Ова за австралиските медиуми го открила Ивана Исидоровиќ од српската амбасада, пренесува Дневник.хр. „Ѓоковиќ како наш најголем претставник …

Ѓоковиќ има дипломатски пасош, колку може да му помогне Read More »

Американскиот Врховен суд ја блокираше задолжителната вакцинација во големите компании


Врховниот суд на САД го блокираше указот на американскиот претседател Џозеф Бајден за задолжителна вакцинација или неделно тестирање на вработените во големите компании, но одобри администрацијата да ја спроведе одлуката за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Одлуката е донесена откако минатиот петок судот ги сослуша аргументите во постапката за привремена задолжителна вакцинација издадена од две …

Американскиот Врховен суд ја блокираше задолжителната вакцинација во големите компании Read More »

„ТЕТО“ ќе обезбеди дополнителни количества електрична и топлинска енергија, БЕГ има гас само уште за денеска


Дополнителни количества на електрична и на топлинска енергија се обезбедени преку когенеративната електрана „ТЕТО“ која ќе работи седум дена во неделата со полн капацитет. Вишокот на електрична енергија ќе го откупува АД ЕСМ, за што денеска се очекува двете компании да потпишат договор. Мерката ја донесе Владата на вчерашната седница, а ќе важи до крајот на …

„ТЕТО“ ќе обезбеди дополнителни количества електрична и топлинска енергија, БЕГ има гас само уште за денеска Read More »

МИ5 предупредува за кинески шпион во британскиот Парламент


Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелниот и идните пратеници. Би-Би-Си јавува дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите се од странски …

МИ5 предупредува за кинески шпион во британскиот Парламент Read More »

Бројот на активни ковид-случаи се искачи на 14.545, засега нема дополнителни мерки


Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545. Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се …

Бројот на активни ковид-случаи се искачи на 14.545, засега нема дополнителни мерки Read More »

Дирекцијата на ТИРЗ ќе ги презентира економските активности во индустриските зони во 2021


Дирекцијата за технолошко-индустриски и развојни зони денеска ќе ја презентира анализата за економските движења во индустриските зони во 2021 година. На прес-конференцијата, што ќе се одржи во медиа центарот во Владата, ќе се обрати директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој ќе се осврне на постигнатите резултати по воведувањето на новиот концепт за привлекување …

Дирекцијата на ТИРЗ ќе ги презентира економските активности во индустриските зони во 2021 Read More »

Комеморација во чест на Горјан Тозија


Во Кинотеката денеска ќе биде одржана комеморативна седница во чест на филмскиот продуцент Горјан Тозија (1954-2022). Тозија почина ненадејно вчера во Скопје, по кратко боледување. Неговата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија. Тој беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател …

Комеморација во чест на Горјан Тозија Read More »

Со палење на маските завршува Вевчанскиот карневал


Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва од Горна и Долна Маала во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал. Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото и оти ќе имаат среќна и бериќетна година. Уште од утре тие ќе почнат да планираат …

Со палење на маските завршува Вевчанскиот карневал Read More »

Сончево со ниски утрински температури


Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку ден претежно сончево, a на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје, времето денеска …

Сончево со ниски утрински температури Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 14 јануари 2022 година, 14-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 351 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 25 минути. Денов трае 9 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 13 часот …

Астрономски календар Read More »