Ѓоковиќ има дипломатски пасош, колку може да му помогне


Додека медиумите ширум светот ја чекаат одлуката на министерот за имиграција за укинување на визата за Новак Ѓоковиќ, која беше најавена за петок и не се случи до доцна попладне, се дознава дека Ѓоковиќ поседува дипломатски пасош.

Ова за австралиските медиуми го открила Ивана Исидоровиќ од српската амбасада, пренесува Дневник.хр.

„Ѓоковиќ како наш најголем претставник во светот има дипломатски пасош кој во дипломатската теорија и конзуларната практика би му гарантирал соодветен третман при преминувањето на границата“, изјави вработената во амбасадата.
Ваков пасош Ѓоковиќ има од 2011 година.

Но, експертите од областа велат дека поседувањето дипломатски пасош нема да му помогне на Ѓоковиќ во неговата борба за виза што му дозволува да остане во земјата.

Австралиското Министерство за надворешни работи јасно стави до знаење:

„Дипломатските пасоши на нивните иматели не им даваат никакви посебни права или привилегии“.

Бидејќи се поизвесно е дека министерот Алекс Хок ќе му ја одземе визата на Ѓоковиќ поради, според владата, нелегитимен влез во земјата, правниот тим на Ѓоковиќ се надева дека ќе ја одложи депортацијата со жалба на одлуката, можеби до крајот на Австралија Опен.

Опкружувањето на Ѓоковиќ се надева дека ова ќе биде компромисно решение со кое владата би можела да ја задоволи разлутената јавност, а деветкратниот победник на Австралија опен би можел да го одигра турнирот затоа сето ова се случува.

Откако во четвртокот нагло прекина со тренинзите, Ѓоковиќ денеска го одработи утринскиот тренинг, но не е јасно дали бил попладне бидејќи бил избришан од списокот на организаторите за тој термин.