Формирани владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија


Владата на своја денешна четврта седница го донесе Решението за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја. Како што соопшти владината Прес-служба, …

Формирани владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија Read More »

Српската влада го раскина договорот со „Рио Тинто“


Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со копанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн. – Поништени се сите решенија, сите дозволи, …

Српската влада го раскина договорот со „Рио Тинто“ Read More »

Мареј разочаран од раната елиминација на Австралија опен


Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј со разочарување го прими поразот од Таро Даниел (Јапонија) во второто коло на Австралија Опен (4:6, 4:6, 4:6). – Оваа година е многу важна за мене од повеќе причини и сакам да се претставам добро на големите турнири. Денешниот резултат не е доволен. Елиминацијата во второто коло на Грен …

Мареј разочаран од раната елиминација на Австралија опен Read More »

ВМРО-ДПМНЕ треба да научи што е инфлација, вели Ковачевски


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека Владата ги замрзна цените на основните продукти за да спречи ценовен шок од инфлацијата која сега се случува на светско ниво.  Донесовме одлука за замрзнување на цените, за да спречиме ценовен шок со порастот на цените на основните продукти за граѓаните. При …

ВМРО-ДПМНЕ треба да научи што е инфлација, вели Ковачевски Read More »

ЕП ракомет: Шпанија ја победи Германија, Франција убедлива со Холандија


Репрезентацијата на Шпанија ја победи Германија во натпреварот од Групата 2 од главната рунда на Европското првенство во ракомет 2022 година. Средбата заврши со резултат 29:23. Шпанија е на првото место во групата со четири бода. Второпласирана е Шведска, трета Германија и четврта Русија, сите со по два бода. Вечерва од 20:30 часот играат Полска …

ЕП ракомет: Шпанија ја победи Германија, Франција убедлива со Холандија Read More »

Од 1 февруари во Австрија се воведува задолжителна ванцинација против Ковид-19


Австрискиот парламент денеска изгласа задолжителна вакцинација на возрасните против Ковид-19 од 1 февруари. Австрија е првата земја во Европа која воведува задолжителна вакцинација. Пратениците гласаа за задолжителна вакцинација, што ќе важи за сите жители на возраст од 18 и повеќе години. Исклучок се бремените жени, лицата кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини …

Од 1 февруари во Австрија се воведува задолжителна ванцинација против Ковид-19 Read More »

Исплата на јануарските пензии на 26 јануари


Владата вечерва на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите …

Исплата на јануарските пензии на 26 јануари Read More »

Подготвени сме да разговараме за Изборниот законик, но тој не смее да се носи избрзано, порача Ковачевски


Социјалдемократскиот сојуз е подготвен да разговара за измени на Изборниот законик, но тие не смее да се носат избрзано, изјави вечерва во интервју за Канал 5, премиерот Димитар Ковачевски. – Во програмата на Владата стои дека изборното законодавство ќе биде усогласено со препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Отворена е дискусијата и за една изборна единица, а СДСМ …

Подготвени сме да разговараме за Изборниот законик, но тој не смее да се носи избрзано, порача Ковачевски Read More »

Ковачевски: Неполезно е да се бараат избори во услови на криза


Во услови кога имаме здравствена, енергетска и економска криза, е целосно неполезно да се бараат избори, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5, во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. – Немате ново што да понудите, туку само повторувате секој ден дека треба избори. Јас понудив соработка, ги повикувам опозицијата, …

Ковачевски: Неполезно е да се бараат избори во услови на криза Read More »

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија


Владата на денешната четврта седница го одобри текстот на Договор за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ). – Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на …

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија Read More »

Кои 20 компании владеат со Интернет (инфографика)


Како што одминуваат годините, сè повеќе корисници на Интернет не се сеќаваат на фотографиите кои се вчитуваат пиксел по пиксел, ниту на звукот на 56k модем кој ги „пробива“ ушите или, пак, на раната доминација на некои веб-портали, од кои некои сега се минато. Многу од најдобрите веб-страници во 1998 година беа само агрегатори на …

Кои 20 компании владеат со Интернет (инфографика) Read More »

ЛШ: Лил – Челзи и ПСЖ – Реал може да се играат на неутрални терени поради задолжителната вакцинација


Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја коментираше ситуацијата со натпреварите од осминафиналето од Лигата на шампионите Лил – Челзи и ПСЖ – Реал Мадрид. – УЕФА е во контакт со сите засегнати страни ширум Европа пред продолжувањето на клупските натпреварувања во февруари. Специфичните услови под кои ќе се играат натпреварите во секоја земја зависат од одлуките …

ЛШ: Лил – Челзи и ПСЖ – Реал може да се играат на неутрални терени поради задолжителната вакцинација Read More »

Во Москва рекордни 11.557 новозаразени со коронавирусот, во цела Русија 38.850


Во Москва денеска се регистрирани рекордни 11.557 нови случаи на коронавирус, додека бројот на новозаразени во цела Русија во изминатите 24 часа изнесува 38.850, соопштија локалните власти. Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани вкупно 10.938.261 случаи на заразени со коронавирусот. Во Москва во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 70 лица, со што бројот на починати во главниот град на Русија се искачи …

Во Москва рекордни 11.557 новозаразени со коронавирусот, во цела Русија 38.850 Read More »

Во Шведска рекордни речиси 40.000 новозаразени за еден ден


Во Шведска во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот – 39.938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција. Претходниот рекорден број од 39.321 заразени со Ковид-19 беше забележан два дена порано, на 18 јануари. Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта на омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.

Лагард: Пребрзото зголемување на каматните стапки би ја забавило економијата


Пребрзото зголемување на каматните стапки во еврозоната, вклучува ризици, и покрај значително повисоката инфлација, бидејќи економскиот раст би можел да забави, предупреди денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Доколку ЕЦБ ги зголеми каматните стапки денес, ефектот во синџирите на финансирање би бил видлив само за шест до девет месеци, рече Лагард во …

Лагард: Пребрзото зголемување на каматните стапки би ја забавило економијата Read More »

Секој ден во светот има по три милиони новозаразени со Ковид-19


Повеќе од три милиони новозараени со коронавирус дневно беа пријавувани во просек во светот помеѓу 13 и 19 јануари, повеќе од петпати повеќе отколку на крајот на ноември кога се појави сојот Омикрон. Во изминатите седум дена во просек биле пријавени 3.095.971 случај на ден, што е зголемување за 17 отсто во однос на претходната …

Секој ден во светот има по три милиони новозаразени со Ковид-19 Read More »

Ќе се проширува составот на Комисијата за заразни болести


Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата, изјави за МИА министерот за здравство Беким Сали. Професионалното работење на Комисијата за заразни …

Ќе се проширува составот на Комисијата за заразни болести Read More »

Твитер изгуби пред француски суд случај за говор на омраза, ќе ја плати казната


Твитер мора да ги открие сите детали за начините за борба против говорот на омраза што е присутен на таа „онлајн“ платформа во Франција, одлучи денеска Апелацискиот суд во Париз. Судот пресуди во корист на лоби-групите, вклучително и Здружението на француски еврејски студенти (УЕЈФ), СОС расизам и СОС хомофобија, кои велат дека социјалната мрежа не …

Твитер изгуби пред француски суд случај за говор на омраза, ќе ја плати казната Read More »

ЕК: Повеќе од половина коментари на веб сајтови ги залажуваат потрошувачите


Анализа на Европската комисија утврди дека 55 отсто од веб сајтовите објавуваат коментари на корисници кои ги залажуваат потрошувачите, со што го прекршуваат и правото на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија, заедно со националните власти за заштита на потрошувачите во ЕУ, анализирале 223 сајтови што содржат коментари на корисници и заклучиле …

ЕК: Повеќе од половина коментари на веб сајтови ги залажуваат потрошувачите Read More »

Наместо за три дена, квалитетот на течните горива ќе знае за два часа


За проверка на квалитетот на течните горива во земјава отсега ќе бидат потребни два часа наместо досегашните три дена. Испитувањата ќе се прават во лабораторијата која работи во рамки на Бирото за метрологија. Лабораторијата е опремена со автоматизирана опрема со седум мерни инструменти и екипирана е со стручен кадар обучен за тестирање на повеќе од …

Наместо за три дена, квалитетот на течните горива ќе знае за два часа Read More »