Минималната плата ќе се зголеми во вториот квартал годинава


Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија. 

НБ: Инфлацијата лани достигна 3,2 отсто, основната каматна стапка останува 1,25 отсто


Инфлацијата минатата година изнесуваше 3,2 отсто, што е малку над проекциите од 3,1 отсто, соопшти Народната банка. На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, што се одржа на 18. јануари 2022 година било оценето дека последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика не упатува на тековна потреба од промена во основната …

НБ: Инфлацијата лани достигна 3,2 отсто, основната каматна стапка останува 1,25 отсто Read More »

ЕСМ попладне треба да го достави до Владата договорот за соработка со БЕГ, од утре го презема управувањето


ЕСМ денеска попладне на владина седница треба да го достави Предлог-договорот за соработка со БЕГ и веќе од утре да го преземе управувањето со топлинската енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека греењето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење. – Денеска попладне ќе …

ЕСМ попладне треба да го достави до Владата договорот за соработка со БЕГ, од утре го презема управувањето Read More »

ССМ и Владата на средба на 24 јануари, „на маса“ минималната плата и недела неработен ден


Средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе се одржи на 24 јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден. Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади …

ССМ и Владата на средба на 24 јануари, „на маса“ минималната плата и недела неработен ден Read More »

Во Словенија повторно над 10.000 заразени, врвот на бранот се очекува на почетокот на февруари


Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 10.288 нови заразени со коронавирус, што е помалку од вчерашниот рекорд од над 12.000 случаи/ Словенечките власти проценуваат дека ситуацијата е тешка, но е под контрола, со предвидувања дека врвот на овој бран ќе биде во првата недела од февруари. 

„Њујорк Тајмс“: „Хавана синдромот“ е предизвикан од еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес


Повеќето случаи на таканаречениот „Хавана синдром“ може да се објаснат со еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес, а не со дејствија преземени од странска сила, соопшти денеска весникот „Њујорк Тајмс“, цитирајќи претставници на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Повеќето од 1.000 случаи на „Хавана синдромот“, што ги испитаа американските истражители се објаснети и покажуваат …

„Њујорк Тајмс“: „Хавана синдромот“ е предизвикан од еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес Read More »

Објавени три снимки од американскиот напад со дрон во кој загинаа 10 авганистански цивили


Американската војска објави видео снимки од нападот со дрон во Кабул на 29 август 2021 година во кој беа убиени 10 авганистански цивили, вклучувајќи и седум деца. На најновите снимки се гледа Кабул од воздух додека војската следи бела „тојота корола“ низ делови од градот, верувајќи дека тоа е автомобил на припадници на терористичката група …

Објавени три снимки од американскиот напад со дрон во кој загинаа 10 авганистански цивили Read More »

Словенечките ракометари останаа без селектор


Ракометната федерација на Словенија (РЗС) денеска ја раскина соработката со селекторот Љубомир Врањеш по неуспехот на националниот тим да ја мине групната фаза на Европското првенство (ЕП). Триумфот над македонските ракометари во воведното коло беше единствената победа на составот предводен од Врањеш, по што последователните порази од Данска и Црна Гора означија крај на настапот на Словенците …

Словенечките ракометари останаа без селектор Read More »

Петличковски: Предлозите за укинување на анти-ковид мерките заради колективен имунитет се хазардерски


  Некаде околу пикот сме на сојот Омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше, истакна вечерва директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски. Тој не очекува во следните месеци и години короната …

Петличковски: Предлозите за укинување на анти-ковид мерките заради колективен имунитет се хазардерски Read More »

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата


Глобалната иницијатива КОВАКС, програма поддржана од ОН, започната за подеднакво дистрибуција на вакцините против коронавирус меѓу богатите и сиромашните земји, денеска побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци. Програмата испорача нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, а првичната цел беше да се испорачаат две милијарди …

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата Read More »

Близу половина милијарда долари отштета за сексуално злоставување американски спортисти


Американскиот Универзитет Мичиген со седиште во Ан Арбор постигна спогодба во износ од 490 милиони долари во врска со обвинението дека поранешниот спортски доктор на оваа образовна институција Роберт Андерсон со години сексуално ги злоставувал студентите спортисти, јавија денеска локалните медиуми. Со спогодбата се опфатени повеќе од 1.000 лица. „Горд сум што можам да објавам дека е …

Близу половина милијарда долари отштета за сексуално злоставување американски спортисти Read More »

Австралија Опен ќе ги плати судските трошоци за „случајот Ѓоковиќ“


Судските трошоци кои се проценуваат на околу еден милион долари за двете рочишта што беа одржани во Мелбурн поради проблемите со влезната виза на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе ги платат организаторите на Австралија Опен, јавија денеска британските медиуми. Точната сума засега не е позната, но се проценува дека ќе изнесува околу еден милион долари, имајќи предвид дека …

Австралија Опен ќе ги плати судските трошоци за „случајот Ѓоковиќ“ Read More »

Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19


Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes. Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19. Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата. Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ. …

Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19 Read More »

„Вардар 1961“ и „Еурофарм Пелистер“ ги дознаа групите во СЕХА лигата


Актуелниот македонски ракометен првак „Вардар 1961“ и вицешампионот „Еурофарм Пелистер“ денеска го дознаа составот на групите за новата, 11. по ред, сезона во регионалната СЕХА лига. Во сезоната 2021/22 во СЕХА ќе се натпреваруваат десет екипи од седум држави поделени во две групи. Скопски „Вардар 1961“ е во групата Б заедно со украински „Мотор Запорожје“, „Војводина“ од …

„Вардар 1961“ и „Еурофарм Пелистер“ ги дознаа групите во СЕХА лигата Read More »

Во Црна Гора поднесена иницијатива за гласање недоверба на Владата


Политичката партија Обединета реформска акција (УРА), на црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, денеска поднесе иницијатива за гласање недоверба на црногорската влада, што би можело да се најде на дневен ред на Парламентот на почетокот на февруари. Иницијативата ја потпишаа 31 пратеник во црногорскиот парламент, а според Уставот на земјата, најмалку 27 пратеници можат да побараат преиспитување …

Во Црна Гора поднесена иницијатива за гласање недоверба на Владата Read More »

Грција се поднови со шест француски воени авиони Рафал


Новите Рафал кои слетаа денеска се подготвени да полетаат за подобро, помирно утре за целиот регион, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на манифестацијата по повод пристигнувањето на првите шест француски воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина. Свеченоста се одржа во воената база на грчкото военото воздухопловство, во присуство на грчкиот премиер, …

Грција се поднови со шест француски воени авиони Рафал Read More »

Во Израел над 70.000 заразени со корона вирус за 24 часа


Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш денеска изјави дека 71.593 Израелци биле позитивни на коронавирусот вчера, но изрази уверување дека многу повеќе луѓе се заразени во изминатите 24 часа – дури 200.000. Министерството не може да достави точен извештај за бројот на новозаразени веќе трет ден бидејќи компјутерските системи се преоптоварени, …

Во Израел над 70.000 заразени со корона вирус за 24 часа Read More »

Австралија нуди сезонски работни места за млади гости од странство


Австралиските власти ги повикаа младите туристи од странство да прифатат сезонски работни места во земјоделството и угостителството за време на посета на државата за да се ублажи недостигот на работна сила поради ширењето на инфекцијата со Ковид 19. Премиерот Скот Морисон рече дека неговата влада се откажува од таксата за виза од 630 американски долари …

Австралија нуди сезонски работни места за млади гости од странство Read More »

ИЛО: Повеќе од половина милион Авганистанци од неодамна се без работа


Повеќе од половина милион Авганистанци ги загубија своите работни места неодамна откако талибанците ја презедоа власта во земјата минатата година, соопшти денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Агенцијата на ОН, чиј мандат е да ги промовира работните стандарди на глобално ниво, исто така проценува дека до средината на 2022 година тој број би можел да …

ИЛО: Повеќе од половина милион Авганистанци од неодамна се без работа Read More »

Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници


Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација. Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. „Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен …

Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници Read More »