Кои 20 компании владеат со Интернет (инфографика)


Како што одминуваат годините, сè повеќе корисници на Интернет не се сеќаваат на фотографиите кои се вчитуваат пиксел по пиксел, ниту на звукот на 56k модем кој ги „пробива“ ушите или, пак, на раната доминација на некои веб-портали, од кои некои сега се минато.

Многу од најдобрите веб-страници во 1998 година беа само агрегатори на вести или портали за пребарување.

Денес, опсегот на бизниси кои спаѓаат во рамките на брендот подразбира многу поширок опфат. Пример се речиси сите компании: Гугл беше пребарувач, а денес е компанија која развива сè до мобилните телефони. Фејсбук беше замислен како листа на профили, а неодамна започна револуција во виртуелниот свет. Примери има многу.
Визуелизацијата подолу покажува кои интернет гиганти еволуирале за да преживеат или да останат на врвот, а кои избледеле или исчезнале во огромниот интернет простор.