Во Маврови Анови половина метар снежна покривка


Во Маврови Анови утрово е измерена најниска температура од седум степени под нулата. Следат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 Виница, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија. Во Маврови Анови во …

Во Маврови Анови половина метар снежна покривка Read More »

Протести на Нов Зеланд против здравствените мерки


Конвој камиони и автоприколки денеска ги блокираа улиците околу Парламентот во Велингтон во знак на протест поради здравствените мерки воведени поради Ковид-19, по примерот на повеќедневната блокада во главниот град на Канада, Отава. Вакциниран сум, но сум против да се принудуваат луѓето, изјави еден од демонстрантите. На возилата може да се видат пораки како „Вратете …

Протести на Нов Зеланд против здравствените мерки Read More »

Советникот на Бајден за наука поднесе оставка


Главниот советник за наука на американскиот претседател Џозеф Бајден, Ерик Ландер, поднесе оставка по извештаите за вознемирување на подредени лица. Оставката следуваше и покрај првичното инсистирање на Белата куќа, Ландер да остане на својата позиција и да примени корективни мерки во обид да обезбеди подобра работна средина во американската Канцеларија за наука и технологија, пренесува …

Советникот на Бајден за наука поднесе оставка Read More »

Забрана за камиони на патот Струга-Ќафасан, укината забраната на Стража


На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан има забрана за сообраќај за тешки товарни возила, додека забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината утринава во 06:40 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, а на повисоките места има остатоци …

Забрана за камиони на патот Струга-Ќафасан, укината забраната на Стража Read More »

Во Украина воена вежба од 10 до 20 февруари


Од 10 до 20 февруари на украинските полигони ќе има вежби за напади со беспилотни летала Бајрактар ​​и преносни противтенковски ракетни системи Џавелин, најави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Тој додаде дека Украина сега добива оружје од многу земји „за кое досега само сонувала“. Резников истакна дека Киев добил согласност од Вашингтон да прими …

Во Украина воена вежба од 10 до 20 февруари Read More »

Чесите масовно купуваат во полските продавници: „Ова е шопинг лудило“


Граѓаните на Чешка масовно се упатија кон полските продавници откако полската влада привремено го укина ДДВ за голем број основни намирници. Чешките весници го нарекоа „шопинг лудило“, а некои „упадот“ го опишаа како мала „миграција на луѓе“. Во Полска, од 1 февруари, некои основни прехранбени производи, како лебот, месото и млечните производи се ослободени од …

Чесите масовно купуваат во полските продавници: „Ова е шопинг лудило“ Read More »

Кина е против натамошно ширење на НАТО


Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштение објавено денеска на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ. Се проценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува опсегот на операции, блок-политика и конфронтации, а тоа не придонесува за глобалната безбедност и …

Кина е против натамошно ширење на НАТО Read More »

Седници на три собраниски комисии и надзорна комисиска посета на Агенцијата за разузнавање


Во Собранието на Северна Македонија за денеска се закажани седници на три собраниски комисии, а членовите на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе ја посетат Агенцијата за разузнавање. Комисијата за финансирање и буџет треба да ја одржи 34-та седница на чиј дневен ред се финансискиот …

Седници на три собраниски комисии и надзорна комисиска посета на Агенцијата за разузнавање Read More »

Претседателот на Црна Гора во дводневна официјална посета на Грција


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ја започнува дводневната официјална посета на Грција на покана на неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу и ќе оствари низа средби со грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на црногорскиот претседател соопштуваат дека ова е прва официјална посета на Грција од обновата на независноста, …

Претседателот на Црна Гора во дводневна официјална посета на Грција Read More »

Променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер


Времето ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70км/ч.), особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 1 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно …

Променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник, 8 февруари 2022 година, 39-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 326 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 16 часот и 56 минути. Денов трае 10 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

(Видео): Изјави за минималната плата


Проследете ги изјавите за договорот за минимална плата потигнат на денешните разговори меѓу социјалните партнери во рамки на Економско-социјалниот совет.

Ковачевски: Постигнат е договор за минимална плата од 18 илјади денари


Премиерот Димитар Ковачевски вечерва соопшти дека е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари. Со мерката се опфатени околу 80 илјади вработени. Соодносот меѓу минималната плата и просечната плата не треба да биде помал од 57 отсто. Постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите со кој 80 илјади граѓани ќе се …

Ковачевски: Постигнат е договор за минимална плата од 18 илјади денари Read More »

(Видео) Погледнете дел од тренингот на Ибрахимовиќ


Челниците и навивачите на Милан со нетрпение ја очекуваат одлуката на Златан Ибрахимовиќ да ја продолжи кариерата. Легендарниот шведски фудбалер има 40 години, а договорот со Милан му истекува за неколку месеци. Техничкиот директор на клубот Паоло Малдини верува дека Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот. „Ибрахимовиќ знае што сака, никогаш не глуми. Тој знае каков …

(Видео) Погледнете дел од тренингот на Ибрахимовиќ Read More »

Анкета на ЕЦБ: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната


Економските експерти очекуваат годишната стапка на инфлација во еврозоната оваа година да биде три отсто, што значително ќе ја зголеми сегашната проценка, покажува редовната квартална анкета на Европската централна банка (ЕЦБ). Во претходното истражување, објавено кон крајот на октомври минатата година, се очекуваше инфлацијата во еврозоната да достигне 1,9 отсто во 2022 година, според просечната …

Анкета на ЕЦБ: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната Read More »

(Видео) Снежно невреме во БиХ, хаос на патиштата


Снежното невреме што го зафати поголемиот дел од БиХ во понеделникот попладне предизвика хаос на патиштата во земјата, а на тешките камиони им беше забрането да возат на критичните делови. Интензивните врнежи од снег проследени со силен ветер и наглото опаѓање на температурата донесоа снежни наноси на сите поголеми сообраќајници, пренесува Индекс.хр. Со голема тешкотија …

(Видео) Снежно невреме во БиХ, хаос на патиштата Read More »

Мароканците се збогуваат со малиот Рајан, кој почина по неуспешните обиди да биде извлечен од бунар


Стотици ожалостени се собраа денеска за да му оддадат последна почит на момчето од Мароко, кое почина во саботата по повеќедневните напори на неговите сограѓани да го извлечат од бунарот во кој случајно паднал. Петгодишниот Рајан Аврам во вторникот паднал во бунар во селото Игран. Спасувачите конечно успеаја да го извлечат неговото тело во саботата. …

Мароканците се збогуваат со малиот Рајан, кој почина по неуспешните обиди да биде извлечен од бунар Read More »

Министерот за земјоделство на Грција си поднесе оставка 


Министерот за земјоделство и храна на Грција Спилиос Ливанос денеска си поднесе оставка, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побарал од него објаснувања за реакцијата за време на состанокот со градоначалникот на Спарта, кога тој се осврнал на катастрофалните пожари на Пелопонез во 2007 година и како Нова демократија потоа ги доби изборите, јави дописничката на …

Министерот за земјоделство на Грција си поднесе оставка  Read More »

Собранието не може да избере уставни судии поради блокадата во Комисијата за избори и именувања


Се опструира работата на Комисијата за избори и именувања и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, на писмото од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, информираат …

Собранието не може да избере уставни судии поради блокадата во Комисијата за избори и именувања Read More »

Утре ќе биде објавен новиот технолошки фонд на ЕУ вреден милијарда евра


Новиот европски технолошки фонд официјално ќе биде објавен утре, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Ќе биде вреден милијарда евра, што ќе му овозможи на европскиот технолошки сектор да се натпреварува со оној на САД и Азија. Ле Мер за новиот фонд зборуваше на настан за плановите на Франција во областа на дигиталната …

Утре ќе биде објавен новиот технолошки фонд на ЕУ вреден милијарда евра Read More »