Дончиќ го предводеше Далас до прва победа во конференциското финале со Голден Стејт


Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ постигна 30 поени, 14 скока и девет асистенции во победата на неговиот тим над Голден Стејт со 119:109 во четвртиот натпревар од финалето во Западната конференција. На Дончиќ му недостасуваше една асистенција до првиот трипл-дабл во оваа плејоф сезона. Вкупно, словенечкиот репрезентативец има 49 трипл-дабл (46 во регуларниот …

Дончиќ го предводеше Далас до прва победа во конференциското финале со Голден Стејт Read More »

Азески: Отворен Балкан ќе биде од интерес за бизнисот, макар и да останат само две земји


На телевизијата Euro news Србија како тема на денот, синоќа гостуваше претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), каде што се анализираше вчерашната расправа на „Open Balkan“ форумот. „Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот …

Азески: Отворен Балкан ќе биде од интерес за бизнисот, макар и да останат само две земји Read More »

Руската Дума на обвинителите ќе им даде овластувања да затвораат дописништва на странски медиуми


Рускиот Парламент (Дума) вчера  го усвои законот со кој обвинителите се овластуваат да затвораат странски медиуми во Москва, доколку се медиуми што доаѓаат од земја која била „непријателска“ кон руските медиуми, откако на некои руски државни медиуми им беше забрането да делуваат во земјите од Западот. Предлог-законот, усвоен во прво читање од Думата, долниот дом …

Руската Дума на обвинителите ќе им даде овластувања да затвораат дописништва на странски медиуми Read More »

Најмалку 21 убиен при рација на полицијата во фавела во Рио де Жанеиро


Најмалку 21 лице загина при полициската рација во фавелата Вила Крузеиро во Рио де Жанеиро. Акцијата во која биле вклучени и полициски хеликоптери, била покрената со цел да се лоцираат и уапсат шефови на криминални банди, меѓу кои и странски државјани. Притоа било пукано врз полицијата која возвратила на огнот, при што била убиена жена …

Најмалку 21 убиен при рација на полицијата во фавела во Рио де Жанеиро Read More »

„Варијации“ на Трпчески е албум на месецот за светската музичка критика


Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер. Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и …

„Варијации“ на Трпчески е албум на месецот за светската музичка критика Read More »

По маскарот во Тексас Бајден побара од нацијата да застане на патот на лобито за оружје


Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа, по вчерашниот масакр во училиште во Тексас во кој, според последните информации, се убиени 19 ученици и двајца возрасни. Притоа Бајден реторички запраша кога САД ќе застане на патот на „лобито за оружје“. „Се надевав дека како претседател нема да мора вака да …

По маскарот во Тексас Бајден побара од нацијата да застане на патот на лобито за оружје Read More »

Дендиас денеска во посета на Скопје


Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, јави дописничката на …

Дендиас денеска во посета на Скопје Read More »

Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид


Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на Алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос. -Двете нордиски земји секако ќе бидат во Мадрид, на самитот што ќе се одржи од 28 до 30 јуни, изјави Педро Санчез, кој …

Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид Read More »

Навивачите предизвикаа хаос во Тирана има повредени, нападната и полицијата


Пред денешното финале на Конференциската лига на УЕФА што ќе се одигра во Тирана, синоќа во албанскиот главен град се случија неколку инциденти. Италијанските и холандските навивачи групирани во неколку локации во градот по насилното однесување се судрија и со полицијата. Од удар со стаклени шишиња, камења и палки лекарска помош пружена им е на шест …

Навивачите предизвикаа хаос во Тирана има повредени, нападната и полицијата Read More »

Нова конференциска опрема во пленарната сала на Собранието


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска пред медиумите ќе ја презентира новата конференциска опрема во пленарната сала, која ќе биде ставена во функција утре (26 мај), за кога е закажана 72. собраниска седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Во рамки на презентацијата, како што информираа од собраниската прес-служба, за новинарите, снимателите и фоторепортерите …

Нова конференциска опрема во пленарната сала на Собранието Read More »

(Видео) Моментот кога напаѓачот влегува во училиштето во Тексас, во масакрот убиени 19 деца и двајца возрасни


Во основно училиште во Тексас се случи пукање во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во вторник во 11:17 часот по локално време (19:18 часот по македонско) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас. Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе …

(Видео) Моментот кога напаѓачот влегува во училиштето во Тексас, во масакрот убиени 19 деца и двајца возрасни Read More »

Собранието треба да ја продолжи 71. седница


Пратениците денеска треба да ја продолжат дебатата по точките од дневниот ред на 71. пленарна седница, која почна во понеделникот со расправа за Дополнетиот предлог на законот за финансиска стабилност. На дневен ред на седницата се и годишните извештаи за 2021 година за работата на Судскиот совет,  Државната комисија за спречување на корупцијата, како и …

Собранието треба да ја продолжи 71. седница Read More »

Сончево и многу топло, попладне во источните делови дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8. Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 …

Сончево и многу топло, попладне во источните делови дожд, грмежи и ветер Read More »

Лагард: Вредноста на криптовалутите е ништо


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите се безвредни. – Моја многу скромна проценка е дека не вредат ништо, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“, која се емитуваше во неделата, пренесува CNBC. „Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста, додаде таа. Лагард ги …

Лагард: Вредноста на криптовалутите е ништо Read More »

(Видео) Пендаровски на панел за безбедноста во Европа на Форумот во Давос


Проследете го учеството на претседателот Стево Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ во рамки на Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Покрај Пендаровски, на сесијата учествуваат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, белгискиот премиер Александар де Кро, како и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.  

Нобеловецот Џозеф Штиглиц предупредува: „Високите камати нема да го решат проблемот“


„Зголемувањето на каматните стапки нема да го реши проблемот со инфлацијата“, изјави нобеловецот економист Џозеф Штиглиц за ТВ Блумберг во интервју во Давос, Швајцарија. „Тоа нема да создаде повеќе храна. Ќе ја отежне ситуацијата бидејќи нема да можете да инвестирате“, рече тој. Штиглиц, кој ја доби Нобеловата награда за економија во 2001 година, ги даде …

Нобеловецот Џозеф Штиглиц предупредува: „Високите камати нема да го решат проблемот“ Read More »

Дутерте го критикуваше Путин: „Јас убивам криминалци, не деца и старци“


Филипинскиот претседател во заминување Родриго Дутерте денеска остро го критикуваше својот руски колега Владимир Путин за убиствата на цивили во Украина. „Убивам криминалци, не убивам деца и постари лица“, рече Дутерте откако призна дека многумина ги етикетираат и двајцата лидери како убијци, објави Гардијан. Дутерте, кој отворено го нарекува Путин идол и пријател, денеска за …

Дутерте го критикуваше Путин: „Јас убивам криминалци, не деца и старци“ Read More »

Бектеши: Буџетот е ликвиден, сите обврски се исплаќаат редовно


Во буџетот има пари и сите обврски на Владата, како што се пензии, плати, но и обврските кон компаниите, се исплаќаат редовно, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 во кој се дебатираше за ребалансот на Буџетот. – Ребалансот помина на Влада. Опозицијата не се појавува на дебати, …

Бектеши: Буџетот е ликвиден, сите обврски се исплаќаат редовно Read More »

Ердоган лут на Мицотакис: „Повеќе не постои за мене“


 Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД. Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи …

Ердоган лут на Мицотакис: „Повеќе не постои за мене“ Read More »

Возачот на Формула 1, Фетел, со скутер бркал крадци во Барселона


Поранешниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, бил ограбен во Барселона по што самиот со електричен скутер тргнал во потера по крадците, јавија денеска шпанските медиуми. Локалната полиција потврди дека четирикратниот светски првак минал неповреден во инцидентот, а разбојниците украле ранец од неговиот автомобил. Грабежот се случил во центарот на градот пред хотелот …

Возачот на Формула 1, Фетел, со скутер бркал крадци во Барселона Read More »