Дутерте го критикуваше Путин: „Јас убивам криминалци, не деца и старци“
Филипинскиот претседател во заминување Родриго Дутерте денеска остро го критикуваше својот руски колега Владимир Путин за убиствата на цивили во Украина.
„Убивам криминалци, не убивам деца и постари лица“, рече Дутерте откако призна дека многумина ги етикетираат и двајцата лидери како убијци, објави Гардијан.
Дутерте, кој отворено го нарекува Путин идол и пријател, денеска за прв пат го крена гласот против рускиот напад на Украина, а неговите зборови ги пренесе АП. Иако нагласи дека не го осудува рускиот претседател, Дутерте не се согласува со именувањето на нападот врз Украина, кој Путин го нарече „специјална воена операција“, пренесе Танјуг.

Дутерте рече дека тоа е „голема војна против суверена држава“.
– Многумина велат дека јас и Путин сме убијци. Говорев, Филипинци, навистина убивам. Но, како што кажав, убивам само криминалци, а не деца и постари лица. „Путин и јас сме во различни светови“, рече Дутерте во телевизиско обраќање.