Возачот на Формула 1, Фетел, со скутер бркал крадци во Барселона


Поранешниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, бил ограбен во Барселона по што самиот со електричен скутер тргнал во потера по крадците, јавија денеска шпанските медиуми. Локалната полиција потврди дека четирикратниот светски првак минал неповреден во инцидентот, а разбојниците украле ранец од неговиот автомобил. Грабежот се случил во центарот на градот пред хотелот …

Возачот на Формула 1, Фетел, со скутер бркал крадци во Барселона Read More »

ММФ: Глобалната економија е пред најголемиот тест од Втората светска војна


Меѓународниот монетарен фонд денеска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“. „Се соочивме со низа немили настани“, изјави извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева. Таа предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцира негативните ефекти на пандемијата на Ковид-19 врз економијата, попречувајќи …

ММФ: Глобалната економија е пред најголемиот тест од Втората светска војна Read More »

Европски синдикати: Потребно е покачување на платите


Конфедерацијата на европските синдикати бараат Европската комисија целосно да ги укине буџетските правила за штедење, повикува на покачување на платите поради кризата, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија денеска соопшти дека ја пролонгира суспензијата на буџетските правила за долгот и дефицитот за земјите членки поради војната во Украина и инфлацијата што ја предизвика …

Европски синдикати: Потребно е покачување на платите Read More »

Странци потрошиле 16,4 милиони евра на онлајн купувања од Северна Македонија, најмногу се од САД и Обединетото Кралство


Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, покажува анализата на податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци изработена од Асоцијацијата за е-трговија на …

Странци потрошиле 16,4 милиони евра на онлајн купувања од Северна Македонија, најмногу се од САД и Обединетото Кралство Read More »

Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот поевтинува за денар


Од полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар. За …

Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот поевтинува за денар Read More »

Зеленски до светските лидери во Давос: Не можеме да дозволиме во светот да се владее со груба сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, во Швајцарија, на првиот ден од работата на Светскиот економски форум (СЕФ). Тој на почетокот на својот говор, реалиизран преку видео линк, ги замоли учесниците на форумот да ја разгледаат важноста на темата на годинашниот СЕФ – историјата на пресвртница. -Оваа …

Зеленски до светските лидери во Давос: Не можеме да дозволиме во светот да се владее со груба сила Read More »

На Технолошко-металуршки факултет отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори 


Средношколци и студенти на возраст од 15 до 29 години ќе можат да ги реализираат своите иновативни идеи во новата лабораторија за производство што беше отворена денеска на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Станува збор за ИНО ФАБ ЛАБ – катче во кое младите со помош на ментори ќе можат да крираат, иновираат и да …

На Технолошко-металуршки факултет отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори  Read More »

Британската влада размислува за данок на неочекувани приходи за компаниите за гас и нафта


Британската Влада не исклучува воведување данок на неочекуваните приходи за нафтените и гасните компании доколку компаниите не го инвестираат профитот во зголемување на капацитетот, изјави денеска секретарот за финансии Сајмон Кларк. Запрашан за можноста за таков данок, Кларк изјави за Скај њуз: „Сигурно не го исклучуваме тоа“. Windfall tax – неочекуваниот данок е данок што …

Британската влада размислува за данок на неочекувани приходи за компаниите за гас и нафта Read More »

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју …

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава Read More »

Азески: Пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – „Абе, ајде, пули си ја работата…“


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во најновиот негов „Став“, се осврнува на случувањата во економијата како и на најновата анкета на Стопанската комора за проблемите со кои се соочува бизнис-секторот во постапките пред администрацијата која јасно потврдува дека ни се потребни сериозни реформи. Го пренесуваме текстот интегрално:    Месеци наназад, во интензивна комуникација со …

Азески: Пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – „Абе, ајде, пули си ја работата…“ Read More »

Бајден најави ново азиско-пацифичко економско партнерство со 13 земји


Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио го најави почетокот на ново азиско-пацифичко економско партнерство со 13 земји учеснички, вклучувајќи ги САД и Јапонија, но без Кина, која не гледа позитивно на проектот. Индо-пацифичката економска рамка (ИПЕФ) не е договор за слободна трговија, туку предвидува поголема интеграција меѓу земјите-учеснички во четири клучни области: дигитална економија, …

Бајден најави ново азиско-пацифичко економско партнерство со 13 земји Read More »

„Пари“: Дали со новата просечна плата претркавме некоја земја од поранешна Југославија?!


Државниот завод за статистика објави дека во март просечната плата во државата изнесувала 31.080 денари. Јасно е дека порастот од 1.241 денари во однос на февруарскиот национален просек од  29.839 денари се должи на растот на минималната плата. Во март, минималната плата се зголеми од 15.194 денари на 18.000 денари. Минимална плата во државава примаат …

„Пари“: Дали со новата просечна плата претркавме некоја земја од поранешна Југославија?! Read More »

Полска го раскина договорот за гас со Русија


Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал. – Полска го раскина меѓудржавниот договор од 1993 година поврзан со Јамал. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската Влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не …

Полска го раскина договорот за гас со Русија Read More »

Кина најави рекордна жетва на житото


Кина најави голема жетва на житото, за да ги подобри сопствените потреби за храна, среде растот на глобалните цени на храната поради војната во Украина, пишуваат странски медиуми. Околу 80 отсто од житото во југозападна Кина е собрано. Почна жетвата на жито во средниот и долниот тек на реката Јангце, соопшти кинеското Министерство за земјоделство …

Кина најави рекордна жетва на житото Read More »

Војната во Украина и ризиците врз светската економија во фокусот на Светскиот економски форумот во Давос


Војната во Украина и ризиците што судирот ги претставува по светската економија ќе бидат во фокусот на Светскиот економски форум што од денеска се одржува во Давос. Соборот се враќа во швајцарското зимувалиште по двегодишна пауза поради епидемијата на коронаворусот, три месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина. Минатата година годишниот состанок се …

Војната во Украина и ризиците врз светската економија во фокусот на Светскиот економски форумот во Давос Read More »

Британско МО: Русија за три месеци во Украина претрпе загуби и жртви колку Советскиот Сојуз во Авганистан за девет години


За првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпе жртви колку Советскиот Сојуз за време на својата деветгодишна војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана. Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со …

Британско МО: Русија за три месеци во Украина претрпе загуби и жртви колку Советскиот Сојуз во Авганистан за девет години Read More »

Турција загуби 4,8 милијарди долари резерви за само седум дена


Турција има најголема загуба во девизните резерви од почетокот на оваа година, при што загуби 4,8 милијарди американски долари за само една недела. Ова се смета за голем трошок во обидот да се зачува вредноста на домашната валута. Централната банка на Турција соопшти дека загубата настанала за седум дена до 13 мај, пренесува Klix.ba. Вкупните …

Турција загуби 4,8 милијарди долари резерви за само седум дена Read More »

ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата


Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање …

ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата Read More »

Белгија ќе фрли над милион вакцини до крајот на летото


Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел. На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе …

Белгија ќе фрли над милион вакцини до крајот на летото Read More »

Седум држави на АПЕК со барање до Русија неодложно да ги прекине воените дејствија во Украина


Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои во знак на протест поради рускиот напад врз Украина го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), ја повикаа Русија веднаш да ги прекине воените дејствија. Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека …

Седум држави на АПЕК со барање до Русија неодложно да ги прекине воените дејствија во Украина Read More »