Тркалезна маса „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“


  Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ организираат тркалезната маса на која ќе се дискутираат неколку теми поврзани со Предлог законот за инсолвентност, раните знаци за предупредување за настанување на инсолвентност и можностите за поефикасно преструктуирање, предоговарање и задржување на добрите деловни односи со партнерите со помош на медијацијата. Фокусот …

Тркалезна маса „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“ Read More »

Почнува „Скопски Брас Фестивал“


Од денеска во просториите на Филхармонија почнува „Скопски Брас Фестивал“, и ќе трае до 5 јуни. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“. Диригент е Ана Спасовска, а солисти се Марио Јанковиќ и Стефан Илиев. Утре, како што информираат од организаторите, публиката ќе има можност да го слушне унгарскиот тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од …

Почнува „Скопски Брас Фестивал“ Read More »

Како против ценовниот шок – бизнис секторот нуди решенија, Владата најавува таргетирани мерки


По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните …

Како против ценовниот шок – бизнис секторот нуди решенија, Владата најавува таргетирани мерки Read More »

Дендиас во посета на Србија


Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска ја продолжува турнејата на Западен Балкан и ќе биде во посета на Белград, каде што ќе одржи низа средби со српскиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас утрово ќе биде примен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа ќе се сретне со …

Дендиас во посета на Србија Read More »

Продолжува седницата на Комисија за избори и именувања за избор на уставни судии


Комисијата за избори и именувања денеска во 11 часот треба да ја продолжи 13-та седница на која треба да бидат утврдени предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Продолжението на седницата, беше најавено вчера од претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска. Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир …

Продолжува седницата на Комисија за избори и именувања за избор на уставни судии Read More »

Сончево и топло до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 …

Сончево и топло до 35 степени Read More »

Владата уверува дека дијалогот со синдикатите е во тек и ќе донесе решение


Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација, се вели во владиното соопштение по средбата со Сојузот на синдикати на Македонија што се одржа попладнево. Станува збор за продолжување на дијалогот помеѓу синдикатите …

Владата уверува дека дијалогот со синдикатите е во тек и ќе донесе решение Read More »

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли


Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли. Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година. „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, …

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли Read More »

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија во 2021 година


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска го презентираше редовниот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот. Во делот за Северна Македонија се вели дека Уставот на земјата забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и верското изразувања.  За Сeверна Македонија во извештајот за 2021 година се нотира дека Министерството за правда …

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија во 2021 година Read More »

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција


Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон  во Горно Нерези денеска почна снимањето на „Бистра вода“ – новата серија во македонска продукција. Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Ова е првата серија по подолго време во земјава во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од …

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција Read More »

Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат


Дел од мерките ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат, со цел во периодот што претстои да бидат насочени кон поддршка на животниот стандард на оние граѓани кои се најпогодени од кризата. Мерките ќе бидат навремено подготвени и навремено презентирани, истакна премиерот Димитар Ковачевски. -Мора да се биде одговорен и …

Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат Read More »

Мора да сме одговорни и во однос на ликвидноста на буџетот, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски порача дека освен кон граѓаните, мора да се одговорни и во однос на буџетот, ликвидноста, но и на стабилноста на финансискиот систем. -Ние ги следиме трошењата ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци други во текот на …

Мора да сме одговорни и во однос на ликвидноста на буџетот, вели Ковачевски Read More »

Русија, Турција, Украина и ОН подготвија план за извоз на храна од украинските пристаништа


Русија, Турција, Украина и ОН подготвија Мапа на патот што ќе обезбеди безбеден коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на дипломатски извори. Според агенцијата, околу 20 милиони тони жито и сончогледово семе од Русија и Украина се очекува да бидат испорачани на светските пазари благодарение на механизмот …

Русија, Турција, Украина и ОН подготвија план за извоз на храна од украинските пристаништа Read More »

Не постои документ со прифатени барања само на Бугарија, тврди Ковачевски


Не треба да има загриженост дека постои некаков документ во којшто се прифатени барања само на една страна, истакна премиерот Ковачевски за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето колку сме блиску до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Република Бугарија во контекст на заложбите на претседателот на Франција Емануел Макрон за време на …

Не постои документ со прифатени барања само на Бугарија, тврди Ковачевски Read More »

Нема договор со Владата за повисоки плати, ССМ ќе организира генерален штрајк


Нема договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и утре ќе биде донесена одлука за генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата. Димовски кажа дека е разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имале одговор за се, само не за главното – …

Нема договор со Владата за повисоки плати, ССМ ќе организира генерален штрајк Read More »

САД усвоија нов пакет санкции против Русија


Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница. Меѓу лицата опфатени со санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони, се вели во соопштението. 

Комисија за избори и именувања го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија


Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. По гласањето по предлогот, претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот. Освен предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран …

Комисија за избори и именувања го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија Read More »

ОПЕК+ месечно ќе испорачува 50 проценти повеќе нафта отколку досега


Нафтената алијанса ОПЕК+ денеска се согласи да ја зголеми месечната квота за зголемување на производството за околу 50 отсто, исполнувајќи ги неколкумесечните барања на големи потрошувачи, како што се САД, за поддршка напорите за ублажување на високите цени на енергијата. Групата, составена од членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници предводени од Русија, се согласи во јули и …

ОПЕК+ месечно ќе испорачува 50 проценти повеќе нафта отколку досега Read More »

Над 300 луѓе во Франција биле избодени со игла додека биле на концерт или во ноќен клуб


Над 300 луѓе низ Франција пријавиле дека биле избодени со игла додека излегувале во ноќен клуб или на концерт. Сѐ започна пред неколку месеци, а надлежните не знаат кој и зошто го прави тоа и дали на жртвите им била вбризгана дрога или други супстанци. Слична ситуација се случува во Белгија, Холандија и Велика Британија. …

Над 300 луѓе во Франција биле избодени со игла додека биле на концерт или во ноќен клуб Read More »

„Витаминка“ се претстави на најголемиот саем за приватни марки – PLMA Амстердам


„Витаминка“ својот производен асортиман деновиве го изложи во Амстердам каде под мотото „Светот на приватните марки“ (World of Private Label) се одржа годишниот саем посветен на производителите во прехранбената индустрија, развивачи на приватни марки како и продажните ланци, PLMA 2022. Со фокус на развивање на приватни марки, на саемот предоминира прехранбената индустрија, свежа и замрзната …

„Витаминка“ се претстави на најголемиот саем за приватни марки – PLMA Амстердам Read More »