Зеленски: Никој не знае колку долго ќе трае војната во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека никој не знае колку долго ќе трае војната во земјата. Во своето секојдневно обраќање Зеленски рече дека украинските сили пркосат на очекувањата, спречувајќи ги руските војници да ја „прегазат“ источна Украина, каде борбите беа најжестоки со недели. Тој изјави дека е горд бидејќи украинските војници успеале да го …

Зеленски: Никој не знае колку долго ќе трае војната во Украина Read More »

Рама: Во Солун ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија


Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече Северна …

Рама: Во Солун ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија Read More »

(Фото) „Мекдоналдс“ замина, љубовта кон брза храна остана… Во Москва турканици во „Вкусно и точка“


Светскиот гигант за брза храна „Мекдоналдс“ се повлече од рускиот пазар како одговор на руската инвазија на Украина. Тие ги продадоа своите 800 ресторани на бизнисменот Александар Говор. Во Москва денеска беа отворени првите ребрендирани ресторани, под името „Вкусно и точка“. Логото на „Мекдоналдс“ е заменето со два стилизирани помфрити и точка која наликува и …

(Фото) „Мекдоналдс“ замина, љубовта кон брза храна остана… Во Москва турканици во „Вкусно и точка“ Read More »

Утре средба Ковачевски – Ердоган


Премиерот Димитар Ковачевски утре, на 13 јуни 2022 година, во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета, соопшти владината прес-служба. Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да …

Утре средба Ковачевски – Ердоган Read More »

Невреме во Србија – оштетени патишта и мостови кај Чачак и Пожега


Поради обилните врнежи од минатата ноќ во Србија причинета е штета на инфраструктурата во реонот на општините Горњи Милановац, Чачак и Пожега, јави дописникот на МИА од Белград. Реката Каменица го оштети мостот во Богданица, го однесе патот на неколку домаќинства во Мршељи, кои во моментов се отсечени. Жителите од краишта околу Чачак велат дека се поплавени и куќите, …

Невреме во Србија – оштетени патишта и мостови кај Чачак и Пожега Read More »

Пеколни температури во Шпанија – денеска и до 43 степени


Шпанската метеоролошка служба соопшти дека топлата воздушна маса, која во Шпанија пристигна од Северна Африка, донесе многу високи температури, па денеска се очекува на некои места да биде и 43 степени. Метеоролошката служба АЕМЕТ објави дека најтопло ќе биде во југозападниот и централниот дел на Шпанија. Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени. Метеоролозите соопштија дека во Мадрид денеска може да …

Пеколни температури во Шпанија – денеска и до 43 степени Read More »

Србија отвора конзулат во Охрид


Република Србија донесе одлука за отворање на конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е објавено во Службениот гласник на Србија, српскиот конзулат во нашата држава ќе ги опфаќа со работа следните општини: Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. 

Захарова: Идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина го загрозува народот на Полска


Руското Министерство за надворешни работи денеска го критикуваше предлогот на поранешниот шеф на полската дипломатија, а сега пратеник во Европскиот парламент, Родослав Сикорски, за испорака на нуклеарно оружје на Украина. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја цитираше изјавата на Сикорски на нејзиниот профил на Телеграм: „Русија го прекрши Меморандумот од Будимпешта …

Захарова: Идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина го загрозува народот на Полска Read More »

Верстапен победи на Големата награда на Азербејџан


Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена во Баку за Големата награда на Азербејџан. Второто место му припадна на тимскиот колега од Верстапен, Серхио Перез, кој исто така доби и дополнителен поен за најбрз круг на трката. Место на победничкиот подиум си обезбеди и Џорџ Расел …

Верстапен победи на Големата награда на Азербејџан Read More »

Пушилин ги негираше извештаите за колера во Мариупол


Во Мариупол нема епидемија на колера, епидемиолошката состојба е под контрола, а паниката се шири од украински извори, изјави денеска претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин. – Тоа би го нарекол ширење на паника од украински извори. Ситуацијата е под контрола. Телата на загинатите за време на војната беа погребани според процедурите спроведени по …

Пушилин ги негираше извештаите за колера во Мариупол Read More »

ПСЖ и Покетино се договорија за раскин на договорот


Раководството на Пари Сен-Жермен и Маурисио Покетино се договорија за раскин на договорот. Минатата недела тренерот се сретна со раководството на ПСЖ за да разговара за резултатите од сезоната 2021/22, во текот на која клубот ја освои Лига 1 и беше елиминиран од Лигата на шампионите од Реал Мадрид во осминафиналната фаза. Според „The ​​Athletic“, …

ПСЖ и Покетино се договорија за раскин на договорот Read More »

Британско разузнавање: Русија постепено напредува околу Северодонецк


Русија ја користи својата предност во сила и артилерија за „постепено да зазема територијата во и околу Северодонецк“ од украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај. Се вели дека Русија продолжува создава борбени единици за распоредување во Украина. Во последниве недели, Русија веројатно почна да се подготвува за распоредување на третиот …

Британско разузнавање: Русија постепено напредува околу Северодонецк Read More »

Ковачевски: Денес е историски ден, верувам дека канонското единство ќе биде крунисано и со томос од Вселенската патријаршија


Денес е голем историски ден, затоа што после векови Охридската архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија. Беше исправена една голема историска неправда, нагласи премиерот Димитар Ковачевски по денешната Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“ во Истанбул. – Ќе се послужам со зборовите на нашиот архиепископ г.г. Стефан кој на крајот на литургијата …

Ковачевски: Денес е историски ден, верувам дека канонското единство ќе биде крунисано и со томос од Вселенската патријаршија Read More »

Здружението „Лесја Украинка“ одржа протест пред руската Амбасада во Скопје


Здружението на Украинци во Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во Скопје одржа протест против руската воена агресија врз Украина.     Протестот започна околу детското игралиште зад Универзалната сала и заврши пред Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија.   Како што посочија од Здружението, протестот се организира „да потсетат на злосторствата извршени врз Украина …

Здружението „Лесја Украинка“ одржа протест пред руската Амбасада во Скопје Read More »

Во Вселенската патријаршија се сослужуваше и на македонски јазик


Историски чин се одржа денеска во древната Вселенска патријаршија, во која заедно сослужуваа Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар, при што сослужувањето се одвиваше и на македонски јазик. Заедничката литургија во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија во Истанбул, доаѓа откако во четвртокот Патријархот …

Во Вселенската патријаршија се сослужуваше и на македонски јазик Read More »

Европската комисија можа да препорача кандидатски статус за Украина, со јасни услови


Европската комисија (ЕК) може да препорача на Советот на министри и лидерите на ЕУ да и дадат кандидатски статус на Украина, но со јасни услови дека земјата прво треба значително да го подобри владеењето на правото и системот на борбата против широко распространетата корупција, велат европски дипломатски извори во Брисел, истакнувајќи дека неколку членки на …

Европската комисија можа да препорача кандидатски статус за Украина, со јасни услови Read More »

Пендаровски: За дигитализација на правосудството неопходна е политичка воља


Претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека е неопходна политичка волја за дигиталната трансформација на правосуството, како и дека овој процес треба да се сфати како потреба, а не како нужно зло само во време на криза. Обраќајќи се на присутните на Европскиот самит за дигитализација на судството, којшто се одржува во Охрид на тема „Придобивките …

Пендаровски: За дигитализација на правосудството неопходна е политичка воља Read More »

Загина возач на мопед кај обиколницата кај Богданци


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил на регионалниот пат – обиколница Богданци. Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) …

Загина возач на мопед кај обиколницата кај Богданци Read More »

Повеќе пријави за поставени бомби во трговски центри во Загреб


Загребската полиција денеска добила пријави за поставени бомби во неколку трговски центри, потврди Полициската управа во овој град. Полицијата веднаш излезе на терен и ги презеде потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавите, водејќи сметка за безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата, пренесе Хина. Пребарувањето на просторот се врши во „City Centеr one …

Повеќе пријави за поставени бомби во трговски центри во Загреб Read More »

Бројот на украински бегалци во Полска надмина четири милиони


Бројот на Украинци кои ја напуштија својата земја и преминаа во Полска по руската инвазија во февруари, ја надмина границата од четири милиони, наведе денеска на Твитер полската Агенција за гранична контрола, пренесе ДПА. Најновите податоци покажуваат дека само вчера во Полска пристигнале нови 24.900 лица. Меѓутоа, додава ДПА, невозможно е да се каже колку …

Бројот на украински бегалци во Полска надмина четири милиони Read More »