ЕКО Грција – подружница на Хеленик Петролеум, главен спонзор на импресивното ЕКО Акрополис Рели


  Светската автомобилска елита ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи во Централна Грција од 8 до 11 септември. Втора година по ред ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally) е дел од годишниот календар на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship) кое е највисокото интернационално …

ЕКО Грција – подружница на Хеленик Петролеум, главен спонзор на импресивното ЕКО Акрополис Рели Read More »

Кина е против ограничување на цената на руската нафта, Русија се заканува на Г7


  Кина денеска соопшти дека се противи на ограничување на цената на руската нафта, откако министрите за финансии на Г7 минатата недела се согласија да воведат ограничување за „намалување на приходите на Москва за војната во Украина“. – Нафтата е еден од главните светски производи и е од клучно значење за обезбедување на глобално снабдување …

Кина е против ограничување на цената на руската нафта, Русија се заканува на Г7 Read More »

ККС: За заштеда на струја јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот


Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од …

ККС: За заштеда на струја јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот Read More »

Совет на НБ: Стабилноста на денарот е одржана успешно, банките се отпорни на шокови


  Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на …

Совет на НБ: Стабилноста на денарот е одржана успешно, банките се отпорни на шокови Read More »

„Одеа од врата до врата и убиваа луѓе“: Локален новинар го опишува масакрот во Канада


Логан Штајн, локален новинар, изјави за Би-Би-Си дека регионот во кој се случи нападот е исклучително оддалечен. Според досега достапните информации, убијците оделе од врата до врата и ги нападнале локалните жители, рече Стајн. Во смртоносниот напад загинаа 10 лица, а 15 беа ранети. Убијците се во бегство, а полицијата започна огромна потрага по нив. …

„Одеа од врата до врата и убиваа луѓе“: Локален новинар го опишува масакрот во Канада Read More »

Драстичен скок на цената на гасот во Европа


  Цените на гасот во Европа денеска скокнаа за речиси за една четвртина, откако руски „Гаспром“ објави дека нема да испорачува гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ до натамошно известување поради проблеми со турбината. По отворањето на холандскиот пазар, цената на гасот во фјучерс договорите со датуми на испорака во октомври се зголеми …

Драстичен скок на цената на гасот во Европа Read More »

Медведев по УС Опен нема да биде прв светски рекет


  Рускиот тенисер Данил Медведев ноќеска загуби од Ник Кирјос во четвртото коло на УС Опен – 6:7, 6:3, 3:6, 2:6. Медведев за прв пат по 2018 година загуби на УС Опен пред полуфиналната фаза. Пред четири години тој беше елиминиран во третото коло. По поразот од Кирјос, Русинот не ги одбрани бодовите добиени по …

Медведев по УС Опен нема да биде прв светски рекет Read More »

Министрите за енергетика на ЕУ ќе дискутираат за мерки за намалување на цените на енергенсите


Министрите за енергетика на ЕУ на состанокот закажан за в петок ќе разговараат за опциите за спречување на растот на цените на енергијата, вклучувајќи ограничувања на цената на гасот и итни кредитни линии за производителите на енергија. Според нацрт-документот чии делови пренесуваат светските агенции, министрите на ЕУ на 9 септември ќе разговараат за итни мерки …

Министрите за енергетика на ЕУ ќе дискутираат за мерки за намалување на цените на енергенсите Read More »

Јаневски: Домашната туристичка индустрија како Ел Дорадо, без инспектори и полиција


Два во Скопје и еден или двајца во Охрид, толку лиценцирани инспектори за туризам има во земјава. Пазарот не е регулиран, голем е бројот на диви туристички водичи, а сивата економија тивко, но во континуитет се зголемува, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Јаневски оценува дека домашната туристичка …

Јаневски: Домашната туристичка индустрија како Ел Дорадо, без инспектори и полиција Read More »

Осум лица загинаа при искачување на руски вулкан


Осум лица загинаа при искачувањето на вулканот Клучевскаја Сопка на далечниот исток на Русија, а студените ветрови ги запреа спасувачките напори, јавува руската новинска агенција Интерфакс, пренесе Ројтерс. Локалните власти првично известија дека шест лица загинале и дека уште шест се верува дека се блокирани меѓу група од 12, вклучително и двајца водичи, кои се …

Осум лица загинаа при искачување на руски вулкан Read More »

Меѓународна научна конференција за безбедност 2022 во Дојран


  Во Дојран се одржува тридневната меѓународна научна конференција за безбедност 2022 година во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што ќе се одржува до 7 септември 2022 година.  Конференцијата, како што информира организаторот, е посветена на промислување на механизмите за безбедност, мир и развој кои …

Меѓународна научна конференција за безбедност 2022 во Дојран Read More »

Умерен сообраќај на патните правци по претежно влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Автомото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна …

Умерен сообраќај на патните правци по претежно влажни коловози Read More »

Хоспитализиран бугарскиот патријарх Неофит


  Канцеларијата на Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека поради влошување на неговите хронични болести, неговата светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит е примен на дијагноза и лекување во болницата „Софијамед“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во соопштението се повикуваат свештениците, епископите и верниците во Бугарија да се молат …

Хоспитализиран бугарскиот патријарх Неофит Read More »

Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија


  Невреме проследено со обилни дождови од синоќа ги зафати северозападните делови на американската сојузна држава Џорџија, предизвикувајќи поплави во некои области. Медиумите објавуваат снимки од поплавени патишта и сопственици на куќи кои се обидуваат да спречат водата да навлезе во нивните домови. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во окрузите Чатануга …

Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија Read More »

Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патниот правец Маврово – Дебар


Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим, комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница. -Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат, дека, од …

Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патниот правец Маврово – Дебар Read More »

Берзи: Доларот најсилен во последните 20 години


На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот. Истовремено, на токиската берза индексот …

Берзи: Доларот најсилен во последните 20 години Read More »

Романот „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска објавен на англиски јазик


  Во издание на Кадмус Прес (Cadmus Press) и превод на Пол Филев денеска ќе биде објавен англискиот превод на „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска, писателка, театролог и редовна професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје. -Нејзиното книжевно деби „Јас и Лин, отпосле“, е антиновела, колаж составен од многу фрагменти, со …

Романот „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска објавен на англиски јазик Read More »

Протест на матичните лекари, нема да издаваат рецепти и упати


Членови на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) од денеска стапија во тридневен протест во тек на кој ќе бидат на работните места и ќе примаат само итни случаи, но нема да издаваат упати и рецепти. Главно барање на матичните лекари е зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на живот. УО …

Протест на матичните лекари, нема да издаваат рецепти и упати Read More »

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците


По повеќе од два месеци по почетокот на претседавањето со ЕУ, во Собранието ќе бидат презентирани приоритетите на Чешкото претседателство. Амбасадорот на Чешката република во Северна Македонија Јарослав Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули …

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците Read More »

Ковачевски во работна посета на Софија за справување со енергетската криза


  Делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Софија поврзана со енергетската криза. Работната посета на Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика, како што информираа од владината прес-служба, е за справување со последиците од светската енергетска криза. Ковачевски во Софија заминува од Белград, каде ја предводеше …

Ковачевски во работна посета на Софија за справување со енергетската криза Read More »