„Одеа од врата до врата и убиваа луѓе“: Локален новинар го опишува масакрот во Канада


Логан Штајн, локален новинар, изјави за Би-Би-Си дека регионот во кој се случи нападот е исклучително оддалечен. Според досега достапните информации, убијците оделе од врата до врата и ги нападнале локалните жители, рече Стајн.

Во смртоносниот напад загинаа 10 лица, а 15 беа ранети. Убијците се во бегство, а полицијата започна огромна потрага по нив. Нападот се случил во провинцијата Саскачеван, во домородната заедница на нацијата Џејмс Смит Кри и блиското село Велдон.

Кавин Сандерсон, еден од избраните функционери во регионот, изјави за Regina Leader Post дека целата заедница е во шок.

„Жртвите се наши роднини, наши пријатели. И онака сите сме главно поврзани овде, така што е многу тешко. Тоа е ужасно“, рече Сандерсон.