Ле Мер: Франција води независна политика од САД


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Франција и Европа сакаат да го следат патот на независна политика од Соединетите Американски Држави и Кина, но имаат намера да бидат „силни и сигурни сојузници на САД“. На маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, тој рече дека постоела силна координација …

Ле Мер: Франција води независна политика од САД Read More »

Од протечените документи на Пентагон: САД веруваат дека Гутереш премногу и удоволува на Русија


Американската влада верува дека генералниот секретар на ОН е прилично подготвен да удоволи на руските интереси, покажуваат новообјавените тајни документи на Пентагон. Документите кои протекоа во јавноста покажуваат дека Вашингтон внимателно го следел Антонио Гутереш, јави Би-Би-Си. Неколку документи ги опишуваат приватните комуникации меѓу Гутереш и неговиот заменик, како и опсервацијата на Гутереш за војната …

Од протечените документи на Пентагон: САД веруваат дека Гутереш премногу и удоволува на Русија Read More »

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица


Бројот на погинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера. -Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија. Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри …

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица Read More »

Екстрадиран од Белорусија во Русија таткото на девојчето кое нацрта антивоен цртеж


Таткото на руското девојче испратено во сиропиталиште откако во училиште нацрта антивоен цртеж, е екстрадиран од Белорусија назад во Русија, од каде што побегнал од двегодишната затворска казна, објави денеска група за човекови права. Алексеј Москаљов избега од домашен притвор непосредно пред неговата пресуда минатиот месец во градот Јефремов, јужно од Москва. Два дена подоцна …

Екстрадиран од Белорусија во Русија таткото на девојчето кое нацрта антивоен цртеж Read More »

Новиот шкотски премиер ќе го оспори британското вето на шкотскиот Закон за промена на полот


Новиот шкотски премиер, Хамза Јусаф, денеска изјави дека ќе продолжи со планот на неговата претходничка Никола Старџен да ја оспори одлуката на британската Влада за блокирање на законот што им олеснува на жителите на Шкотска да го променат полот на официјалните документи. -Правниот предизвик сега е нашиот единствен начин да ја одбраниме нашата парламентарна демократија …

Новиот шкотски премиер ќе го оспори британското вето на шкотскиот Закон за промена на полот Read More »

Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен и бара над 500 милиони долари


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен за повеќе од 500 милиони долари, се наведува во поднесокот кој вчера беше доставен во федералниот суд во Флорида. Тужбата доаѓа откако Коен сведочеше пред големата порота на Менхетен, која подоцна го обвини Трамп за 34 кривични дела за фалсификување деловни книги. Тоа …

Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен и бара над 500 милиони долари Read More »

Северна Кореја истрела проектил во водите кон источниот брег на Корејскиот Полуостров


Северна Кореја истрела проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета. Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање …

Северна Кореја истрела проектил во водите кон источниот брег на Корејскиот Полуостров Read More »

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај. На оваа изложба, прва од овој карактер, ќе биде презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски …

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите Read More »

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини


Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, …

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини Read More »

Вицепремиерот Битиќи во посета на винаријата „Лазар“ во Кавадарци


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети винаријата „Лазар“ во Кавадаци, каде ќе присуствува на настан по повод претставување на успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. На настанот ќе присуствува и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, …

Вицепремиерот Битиќи во посета на винаријата „Лазар“ во Кавадарци Read More »

Панел-дискусија „Кои и како управуваат со институциите“


Панел дискусија на тема „Кои и како управуваат со институциите“ ќе се одржи денеска во рамки на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED). Панелот е во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП), а ќе се презентираат наодите од два истражувачки извештаи за …

Панел-дискусија „Кои и како управуваат со институциите“ Read More »

Сончево со умерена локална облачност и јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура …

Сончево со умерена локална облачност и јужен ветер Read More »

Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут


Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата. Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 …

Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут Read More »

„Билд“: Мане му удри шлаканица на Сане по мечот со Манчестер сити


Напаѓачите на Баерн, Садио Мане и Лерој Сане имаа физичка пресметка по првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер сити (0-3), објави „Bild“. Според германскиот весник, конфликтот започна за време на натпреварот, а потоа продолжи во соблекувалната. Забележано е дека на Мане не му се допадна тоа што Сане не му додал топка при една акција. Расправијата заврши со …

„Билд“: Мане му удри шлаканица на Сане по мечот со Манчестер сити Read More »

На првиот работен ден, бугарскиот Парламент не успеа да избере свој претседател


Бугарските пратеници од 49. Народно собрание на првиот работен ден не успеаја да изберат претседател на Парламентот, поради што, првата седница ќе продолжи утре. Слична беше ситуацијата и на почетокот на 48. Народно собрание, кога, исто така во првиот работен ден не беше избран претседавач. Тогаш првата првата седница траеше три дена, по што со …

На првиот работен ден, бугарскиот Парламент не успеа да избере свој претседател Read More »

Инспиративните дами во Бучим и Боров Дол ги рушат стереотипите за значењето на жената во рударството


Рударската индустрија традиционално се смета за област во која доминираат мажите како работна сила, со малку можности за жените да размислуваат за кариера во овој сектор. Сепак, тој наратив се менува бидејќи се повеќе жени ги пробиваат родовите бариери, а табуата околу традиционалната поделба на машките и женските професии се кршат. Во последниве години, почна …

Инспиративните дами во Бучим и Боров Дол ги рушат стереотипите за значењето на жената во рударството Read More »

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети


 Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата. „Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението. Меѓутоа …

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети Read More »

Во првите 48 часа АДА има услужено 1.321 граѓанин


  Првиот дигитален асистент во јавниот сектор базиран на вештачка интелигенција, АДА, во првите 48 часа од лансирањето услужил 1.321 граѓанин, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи на неговиот фејсбук профил. „Транспарентност, ефективност и ефикасност е целта која ја сакавме и која се постигнува со АДА веќе во првите 48 часа од нејзиното лансирање“, вели Битиќи. Тој објави …

Во првите 48 часа АДА има услужено 1.321 граѓанин Read More »

Израел го ограничи бројот на верници кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган


Грчката православна црква (Ерусалимска патријаршија) денеска ја обвини израелската полиција за кршење на слободата на верниците со ограничување на бројот на аџии кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган во услови на зголемени тензии. Израелската полиција соопшти дека тоа била неопходна безбедносна мерка за време на саботната прослава во древната црква на Светиот …

Израел го ограничи бројот на верници кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган Read More »

Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание


Министерството за правда, пратеници од Собранието, Дирекцијата за управување со матични книги, невладини и меѓународни организации, (ОБСЕ и УНХЦР), претставници на Советот на Европа и претставници на други институции, денеска ја завршија дводневната работилница на која составија предлог за измена и конечно дополнување на законот за лицата кои не се евидентирани во матичната книга на …

Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание Read More »