Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година


Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) ја прифати кандидатурата на МОК, во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на 18. издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ). Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска официјално ќе го преземат знамето на ЕОК, како симбол за организација на …

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година Read More »

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи


Албанија годинава повеќе од сигурно е дека ќе забележи рекордна туристичка жетва, зашто туристи има речиси од сите делови на светот. Тоа поради фактот дека за првите шест месеци ја посетиле 3,4 милиони или 33 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година. Традиционално најбројни се косовските и македонските туристи, со 1,3 милиони односно 290 …

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи Read More »

Во Србија дозвола за чување оружје за лична безбедност имаат 188.223 лица


Граѓаните на Србија од 8 мај до 30 јуни можеа да го предадат нелегалното оружје без никакви последици, при што беа собрани 102.818 парчиња оружје и минскоексплозивни направи. Според МВР, во моментов 188.223 лица имаат регистрирано оружје за лична безбедност, јави дописникот на МИА од Белград. Согласно мерките на Владата, во тек е изработка на …

Во Србија дозвола за чување оружје за лична безбедност имаат 188.223 лица Read More »

Пригожин најави дека „Вагнер“ ќе го зголеми присуството во Африка


Вагнер е подготвен да го зголеми своето присуство во Африка, изјави лидерот на руската платеничка група Евгениј Пригожин. Групата ја напушти Украина минатиот месец, каде им помагаше на руските војници во нивната инвазија на соседната земја. – Ние не го намалуваме нашето присуство, згора на тоа, подготвени сме да ги зајакнеме нашите различни контингенти“, рече …

Пригожин најави дека „Вагнер“ ќе го зголеми присуството во Африка Read More »

Масовна преселба во Египет: 40 илјади службеници се преселија во новата административна престолнина


Четириесет илјади вработени од сто државни институции веќе се во своите канцеларии во новата административна престолнина на Египет, објави претседателскиот портпарол Ахмед Фахми. Веста доаѓа откако премиерот Мостафа Мадбули на почетокот на јуни објави дека сите министерства ќе се преселат до крајот на месецот. Изградбата на новиот град, 60 километри источно од центарот на Каиро, …

Масовна преселба во Египет: 40 илјади службеници се преселија во новата административна престолнина Read More »

Анализа: Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку и безбедносен


Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку и безбедносен. Тие ги дестабилизираат земјите од Западен Балкан, попречувајќи ја реализацијата на најважните стратешки цели на државите, вклучувајќи ја и Северна Македонија.   Ова е генералниот заклучок од анализата „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ објавена од Фондацијата „Метаморфозис“ која укажува на …

Анализа: Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку и безбедносен Read More »

Министерскиот состанок на Г20 заврши без договор за намалување на емисиите на јаглерод


Состанокот на министрите за животна средина од земјите-членки на Г20, чиј домаќин беше Индија, заврши без да се постигне договор за некои точки, особено за намалување на емисиите на јаглерод, јавува Анадолија. Министрите кои доаѓаат од 20-те земји кои емитуваат околу 80 отсто од гасовите кои предизвикуваат глобално затоплување, не успеаја да постигнат договор за …

Министерскиот состанок на Г20 заврши без договор за намалување на емисиите на јаглерод Read More »

Османи: Секое доцнење за членство во ЕУ, една група македонски граѓани бараат бугарски пасоши


За ниту едно од 35-те поглавја, Договорот и Протоколот со Бугарија не е услов за отворање и затворање на поглавјата. Договорот со Бугарија е само во општиот впечаток за добрососедските односи, но за тоа не се гласа во Европската унија. Нема да има ниту писмен извештај од страна на Европската комисија во однос на степенот …

Османи: Секое доцнење за членство во ЕУ, една група македонски граѓани бараат бугарски пасоши Read More »

За уставните измени недостигаат околу осум пратеници, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии. – Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи …

За уставните измени недостигаат околу осум пратеници, вели Османи Read More »

По летните горештини, економско заладување


  Додека Европа ги пресметува трошоците од шумските пожари и рекордно високите температури, владите се соочуваат со дефинитивно студена есен и зима. Погодена од зголемените трошоци за задолжување и падот на довербата на бизнисот и потрошувачите, економијата на еврозоната брзо слабее. Каматните стапки оваа недела беа зголемени на рекордни нивоа, инфлацијата паѓа, но останува упорно …

По летните горештини, економско заладување Read More »

На „Охридско лето“ денеска пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад


 За денеска во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ на понуда се две интересни содржини – во музичкиот дел пијано рецитал на германскиот пијанист Франк Дупре и во драмскиот дел театарската претстава „Ана Каренина“ во изведба на Новосадскиот театар. Пијанистот Франк Дупре е  добитник на наградата „Опус Класикс“ за снимка на годината во категоријата Концерти во …

На „Охридско лето“ денеска пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад Read More »

Македонија најскромна во барањата и најподготвена за отстапки, оценува Чешкиот министер за европски прашања


Чешкиот министер за европски прашања Мартин Дворжак истакна дека нема причина земјите од Западен Балкан да стравуваат дека пристапот на Украина кон Европската Унија значи дека нивните европски амбиции ќе останат на страна. – И старите членки на Европската Унија разбираат дека ЕУ не смее да го загуби Западен Балкан. ЕУ не може да го …

Македонија најскромна во барањата и најподготвена за отстапки, оценува Чешкиот министер за европски прашања Read More »

Османи: Да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите


Најважно е да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите или било кои етнички групи или народи, бидејќи тоа е посебен свет кај навивачите и доколку дозволиме така лесно да се направи корелација и прелевање, само ќе направиме штета на односите. Сите оние кои ќе се обидат ова што се …

Османи: Да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите Read More »

Во конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе има двосменско работење за издавање пасоши


Поради зголемен број на барања за издавање на пасоши заради рокот до февруари да се сменат патните исправи, во конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе биде воведено двосменско работење. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на средба со новинарите рече дека се размислува двосменско работење да биде воведено и во нашето …

Во конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе има двосменско работење за издавање пасоши Read More »

Штрајк на „Рајанер“ во Белгија, откажани речиси 100 летови


Вкупно 96 дојдовни и појдовни летови од белгискиот аеродром Шарлроа денеска се откажани поради штрајк на пилотите на ирската авиокомпанија Рајанер. Околу 17.000 патници беа погодени од штрајкот, кој е организиран поради незадоволство од условите за работа, што е околу 28 отсто од вкупната очекувана бројка, соопшти управата на аеродромот. Пилотите на аеродромот во Белгија, …

Штрајк на „Рајанер“ во Белгија, откажани речиси 100 летови Read More »

Возач излетал од патот Велес-Штип, спасен со мобилниот телефон кој испратил автоматска порака до бројот 112


Возач кој со возилото излетал од магистралниот пат Велес – Штип е спасен благодарение на тоа што од неговиот мобилен телефон е испратена говорна порака на аглиски јазик до Единствениот европски број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи информираат дека повикот е примен рано утринава во 04:20 часот и согласно процедурата, …

Возач излетал од патот Велес-Штип, спасен со мобилниот телефон кој испратил автоматска порака до бројот 112 Read More »

Ангел Анѓушев: Во БРАКО покажуваме дека екологијата и економијата можат да одат заедно (видео)


  Најголем дел од приходот во „Грин Машинс“ денес доаѓа од продажбата на возила на електричен и водороден погон, за разлика од пред некоку години кога најмногу се продаваа дизел возила, вели техничкиот директор на фабриката „Грин Машинс“ во БРАКО, машинскиот инженер Ангел Анѓушев, во изјава за медиумскиот проект Живот во зелено (Green Life). Ангел …

Ангел Анѓушев: Во БРАКО покажуваме дека екологијата и економијата можат да одат заедно (видео) Read More »

„Стандард и Пурс“: Монетарната политика придонесува за забавување на инфлацијата, банкарскиот сектор стабилен


Денарот е стабилен, а девизните резерви се на соодветното ниво. Монетарната политика што ја води Народната банка, како и намалувањето на притисоците од увезените цени, придонесоа за забавување на инфлацијата, за која се очекува дека и понатаму ќе се намалува. Нефункционалните кредити во билансите на банките и натаму се на ниско ниво, додека адекватноста на …

„Стандард и Пурс“: Монетарната политика придонесува за забавување на инфлацијата, банкарскиот сектор стабилен Read More »

Украинците употребиле запленети севернокорејски ракети против Русија


Украинската армија употреби севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува денеска „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина. Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот. Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно …

Украинците употребиле запленети севернокорејски ракети против Русија Read More »