Костадиновска-Стојчевска на средба со Азуле: Три децении македонската култура е активен партнер на УНЕСКО
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Северна Македонија со Организацијата на Обединетите нации за …