„Его“ – Тамара сними нова динамична песна со Young Dadi (видео)


  „Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Дади, а спотот е во продукција на TAKAT STUDIOS. Станува збор за динамична поп мелодија, која е надополнета со интересен спот во кој доминираат двајцата аристи. Спотот е во режија …

„Его“ – Тамара сними нова динамична песна со Young Dadi (видео) Read More »

Хеда Габлер ја симболизира борбата за родови права и еднаквост. Драмски театар со нова премиера


„Хеда Габлер“работена по текст на авторот Хенрик Ибзен е новата претстава во продукција на Драмски театар Скопје. Премиерата ќе се игра во сабота на 20 април со почеток во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е …

Хеда Габлер ја симболизира борбата за родови права и еднаквост. Драмски театар со нова премиера Read More »

„Ареа“ подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија


19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки …

„Ареа“ подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија Read More »

„Килибар и младост“ – нова поетска книга на Гордана Михаилова – Бошнакоска


Гордана Михаилова Бошнакоска, една од најмаркантните македонски поетеси, во поетската едиција на „Макавеј“ ја објави новата поетска збирка „Килибар и младост“. Оваа нова поетска обзнана на реномираната поетеса е проследена со предговор на поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски и со поговор на писателот Гоце Смилевски. Со оваа книга Гордана Михаилова Бошнакоска го продолжува успешниот …

„Килибар и младост“ – нова поетска книга на Гордана Михаилова – Бошнакоска Read More »

Кој ќе оди на Мет Гала 2024, а кој ќе ја пропушти најважната модна ноќ?


Можеби сезоната на награди е завршена, а модниот месец одамна помина, но најочекуваната модна ноќ допрва треба да дојде – Мет Гала. Секоја година, во првиот понеделник во мај, Upper East Side е нападнат со мноштво А-листери, холивудски миленици, музички идоли и елитни дизајнери подготвени да се искачат по скалите на Музејот на уметност Метрополитен …

Кој ќе оди на Мет Гала 2024, а кој ќе ја пропушти најважната модна ноќ? Read More »

Принцот Вилијам се враќа на кралските должности


Лондон – Британскиот принц Вилијам ќе се врати на официјалните кралски должности во четврток за прв пат откако неговата сопруга Кејт, принцезата од Велс, објави дека се лечи од рак. Вилијам, принцот од Велс и престолонаследник, ќе го посети западен Лондон и соседниот округ Сари за да ја истакне работата на организациите за влијание на …

Принцот Вилијам се враќа на кралските должности Read More »

Барселона првпат во историјата испадна од ЛШ откако победи на гостински натпревар


Барселона- Барселона за прв пат во историјата испадна од плејофот во фудбалската Лига на шампионите откако победи на гостински натпревар. Каталонците синоќа загубија од Пари Сен-Жермен со 1:4 и по два натпревари со вкупни 4:6 се елиминирани во полуфиналето. Досега Барселона секогаш одела понатаму кога победувала на теренот ан противникот. ПСЖ во полуфиналето од Лигата на …

Барселона првпат во историјата испадна од ЛШ откако победи на гостински натпревар Read More »

Досега се избрани шест поротници за судењето против Доналд Трамп


Вашингтон– Шест поротници беа избрани синоќа за поротата на судењето против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за фалсификување деловни документи во случајот со тајните плаќања кон порно актерката Сторми Даниелс. Изборот на 12-члена порота што ќе може да биде праведна кон екс-претседателот на Републиканската партија, продолжува. Изборот на поротата  почна во понеделникот и може да трае …

Досега се избрани шест поротници за судењето против Доналд Трамп Read More »

Германија гради фабрика за артилериски гранати во Литванија


Берлин – Германскиот производител на оружје Рајнметал планира да изгради нова фабрика во Литванија за производство на артилериски гранати од 155 милиметри, јави ДПА. Договорниот партнер на германското Министерство за одбрана и владата на балтичката земја-членка на ЕУ и НАТО потпишаа меморандум за разбирање во присуство на литванската премиерка Инфрида Шимонија, министерката за економија Аушрина Армонаита …

Германија гради фабрика за артилериски гранати во Литванија Read More »

Бајден ја објави даночната пријава


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден ја објави својата даночна пријава – традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп. Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори. Според нивните …

Бајден ја објави даночната пријава Read More »

Хрватска гласа за нов состав на Саборот


Загреб – Во Хрватска денеска се одржуваат 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот отворени се над 6.500 избирачки места на кои ќе може да се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк. Во Хрватска денеска е неработен ден. Иако во Хрватска беше вообичаено да …

Хрватска гласа за нов состав на Саборот Read More »

Tркалезна маса за фриленсерството како можност за (само)вработување


Тркалезна маса посветена на фриленсерството во Северна Македонија ќе се одржи денеска, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Ќе се дискутира за новите нестандардни форми на вработување, со фокус на промовирање на фриленсерството преку дигитални платформи, како …

Tркалезна маса за фриленсерството како можност за (само)вработување Read More »

„Неименувана“ – изложба на современи бајки за хероини од македонската историја


Во КСП Центар Јадро вечер ќе биде поставена изложба „Неименувана“ со текстуални инсталации – современи бајки посветени на хероини од македонската историја. Нив ги напишале средношколки што учествувале на работилницата за креативно пишување со млади „Неименувана“ во јануари  годинава. -Под менторство на „Дума ин Сума“, неформална иницијатива за култура, составена од компаратистките Марија Бошковска, Ивана …

„Неименувана“ – изложба на современи бајки за хероини од македонската историја Read More »

Михалис Рокас официјално номиниран за нов евроамбасадор во Скопје


  Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската унија во Северна Македонија.   Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас …

Михалис Рокас официјално номиниран за нов евроамбасадор во Скопје Read More »

Во тек кампањата за претседателските избори, утре официјално почнува кампањата за парламентарните избори


На ден пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори претставници на партиите денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Ноќеска на полноќ, пак, заврши рокот за пријавување на болни и изнемоштени за гласање на претседателските избори на 24 април. Од утре до 22 април на полноќ кампањите за претседателските избори и за …

Во тек кампањата за претседателските избори, утре официјално почнува кампањата за парламентарните избори Read More »

Генерален штрајк во Грција


Атина – Синдикатот на вработените во приватниот сектор во Грција, еден од двата најголеми синдикати во земјата, утрово започна со генерален 24-часовен штрајк во кој учествуваат и низа федерации, а за претпладнево е закажан и протест, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот штрајкуваат против поскапувањата и бараат зголемување на платите и враќање на колективните …

Генерален штрајк во Грција Read More »

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30л/м2) грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје …

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 април 2024 година, 108-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 258 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минута, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Со секоја купена влезница за Саемот на книга донирате за СОС детско село


Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента. Даниела Глигоровска, …

Со секоја купена влезница за Саемот на книга донирате за СОС детско село Read More »

У свом филму: Интервју на Влатко Стефановски за ХРТ (видео)


Виртуозот на гитара Влатко Стефановски во Скопје деновиве даде интервју  на славната ТВ новинарка Тончица Чељуска , за емисијата „У свом филму“ на ХРТ. Стефановски е чест гостин во Хрватска,  со хрватскиот кантавтор Џибони, омилен во Македонија, соработуваше на неговите албуми во Хрватска. Стефановски беше специјален гостин на Џибони, во февруари, на концертот во СЦ …

У свом филму: Интервју на Влатко Стефановски за ХРТ (видео) Read More »