Месец на Пучини во НОБ
По повод стогодишнината од смртта на еден од најголемите оперски композитори, Џакомо Пучини, Националната опера и балет со гордост го најавува проектот „Месец на Пучини“. Од 8 до 29 ноември 2024 година, нашата публика ќе има можност да ужива во четири значајни опери на Пучини: „Боеми“ (8.11.2024) – Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз; „Мадам Батерфлај“ (16.11.2024) – Трагична љубовна приказна за јапонската гејша и американскиот офицер; „Тоска“ (23.11.2024) – Опера за љубовта, предавството […]