Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса, а Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област


Киев/Москва – Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти. Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ. Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер. Руската армија ја …

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса, а Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област Read More »

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори


Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.   Изборите за шеф на државата ќе ги следат …

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори Read More »

За Србија не е променета Преговарачката рамка, туку преговарачката позиција на ЕУ за Поглавјето 35


  Преговарачката рамка е исклучително тешко да се промени. Промена на Преговарачка рамка до сега не се случила. Преговарачките рамки за Србија и за Северна Македонија не се исти. Во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку само на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35, изјави за МИА Драган Тилев, …

За Србија не е променета Преговарачката рамка, туку преговарачката позиција на ЕУ за Поглавјето 35 Read More »

Почина Бојана Јанковиќ, поранешна водителка во „Пинк“


Водителката Бојана Јанковиќ (46), која се прослави како водителка на култната емисија на српската телевизија Пинк „Сити“, е пронајдена мртва во стан во Белград, пренесуваат српските медиуми. Бојана во јули 2022 стави точка на бракот со музичарот Огњен Јанковиќ, режисер и фронтмен на групата Белградски синдикат. Тој потоа влезе во врска со глумицата Милена Радуловиќ. …

Почина Бојана Јанковиќ, поранешна водителка во „Пинк“ Read More »

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Калифорнија


Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух. Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание …

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Калифорнија Read More »

Паушални информации за пчеларење на социјалните мрежи, фалсификуваниот мед се уште актуелен проблем


Фалсификуваниот мед, исплатата на субвенциите и нивната висина, пласирањето научно непоткрепени техники на одгледување пчели преку социјалните мрежи, недоволната организираност на фелата, неусогласеноста на статистичките податоци и недоверливоста во официјалните бројки, се само некои од проблемите со кои се соочуваат македонските професионални пчелари. Тие се донекаде задоволни од цената на медот која засега изнесува минимум …

Паушални информации за пчеларење на социјалните мрежи, фалсификуваниот мед се уште актуелен проблем Read More »

Пoжари на двии депонии во Желино и Боговиње


Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње. Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани. ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер …

Пoжари на двии депонии во Желино и Боговиње Read More »

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран


Лондон – Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотен суспендиран поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА). Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари. Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска …

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран Read More »

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција


Анкара – Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински …

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција Read More »

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората


Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство. Тие денеска пред заминување во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Станува збор за 191 лице.  Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски …

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората Read More »

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи


Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.  Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре …

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Астрономски календар


Денеска е сабота, 20 април 2024 година, 111-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 255 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 45 минута, а ќе зајде во 19 часот и 21 минути. Денов трае 13 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Режисерот на „Ние не сме ангели“ и „Убавите села убаво горат“ промовира поезија во Скопје, има интересен наслов


Вечерва, во 19:30 часот, во Бистро комедија, ќе се случи промоција збирката поезија славниот српски режисер Срѓан Драгојевиќ „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво (или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле премногу мрзливи за да читате)“, во издание на ТРИ. Промотор …

Режисерот на „Ние не сме ангели“ и „Убавите села убаво горат“ промовира поезија во Скопје, има интересен наслов Read More »

Д-р Неле Карајлиќ на Саемот на книгата: Половина живот го имам „оставено“ во Скопје


„Македонија! Тие имаат ритам, седум осмини, девет осмини, волшебна хармонија, имаат тапанари, имаат и гитаристи, Влатко Стефановски! Бескраен талент!“ Со овој цитат од новиот роман „Солунска 28“ (III дел), на легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, се истакнува неговата поврзаност и љубовта со нашата …

Д-р Неле Карајлиќ на Саемот на книгата: Половина живот го имам „оставено“ во Скопје Read More »

Во МНТ премиера на „Хенгинг Араунд“ – дејството се случува во светот на бајките


Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски. МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се …

Во МНТ премиера на „Хенгинг Араунд“ – дејството се случува во светот на бајките Read More »

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска


Загреб – На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ – од сите регистрирани во 2024 година. Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто …

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска Read More »

Овации за „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“ во Филхармонија: „Дестини квартет“ шири љубов без граници


Атрактивни за гледање и слушање беше познатиот балкански квартет „Destiny Quartet“ синоќа во Филхармонија,  препознатлив по својот разновиден репертоар составен од модерни аранжмани на класични дела, филмски партитури и популарни музички хитови. Во едночасовното концертно шоу со оригинално сценарио, кореографија и впечатливи визуелни ефекти, предизвикаа овации меѓу публиката во преполната сала со одлична техника на …

Овации за „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“ во Филхармонија: „Дестини квартет“ шири љубов без граници Read More »

МАИ организира панел-дискусија и ќе ги додели наградите за издаваштво за 2024


Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) вечер во 19 часот во Промо-центарот на Саемот на книгата ќе ги додели наградите за 2024 година, за најголеми достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема. Еден час претходно (18:00), МАИ на Саемот на книгата ќе организира панел-дискусија со учесниците на првата Фелоушип-програма на МАИ, на тема: „Современите издавачки …

МАИ организира панел-дискусија и ќе ги додели наградите за издаваштво за 2024 Read More »

„Божествен“ – Филхармонија со велигденски концерт со дела од Мекмилан и Шуберт


По повод најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија го најавува концертот „Божествен“, кој ќе се одржи в четврток на 25 април, во 20 часот. Премиерно во Македонија, ќе биде изведено едно од највеличествените дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан – „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена …

„Божествен“ – Филхармонија со велигденски концерт со дела од Мекмилан и Шуберт Read More »