Почина Бојана Јанковиќ, поранешна водителка во „Пинк“


Водителката Бојана Јанковиќ (46), која се прослави како водителка на култната емисија на српската телевизија Пинк „Сити“, е пронајдена мртва во стан во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Бојана во јули 2022 стави точка на бракот со музичарот Огњен Јанковиќ, режисер и фронтмен на групата Белградски синдикат. Тој потоа влезе во врска со глумицата Милена Радуловиќ.

Јавното обвинителство во Белград наредило обдукција за да се дознае причината за смртта. Не биле најдени видливи траги на насилство.

Неофицијално, Брзата помош во околу 19 часот констатирала смрт на Бојана.