Едно лице повредено во пукање во Чаир


Вечерва околу 18.10 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата. Како што потврдија од МВР, повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје […]

Улрих Зајдл и Гоце Цветановски: „Киненова“ наградува европски филмски режисери, но и поддржува македонска кинематографија


На денешната прес конференција на МФФ „Киненова“ во Јуроп Хаус присуствуваше годинешниот лауреат на наградата за животно дело, Улрих Зајдл, австриски режисер и Гоце Цветановски, чиј филм „Јон Вардар против Галаксијата“  ќе го отвори утре годинешното издание на Фестивалот. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од […]

Земјите од Западен Балкан ќе ги добијат првите пари од Планот за раст до крајот на годината


Берлин– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека земјите од Западен Балкан треба да ги добијат првите пари од Планот за раст до крајот на годината. -Пет од шесте реформски агенди ќе бидат усвоени оваа недела и тоа значи дека исплатата на шест милијарди евра од Планот за раст може да […]

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители


Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Со најмногу, односно шест гласови „за“ Управниот одбор на Академијата денеска донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски. Еден глас помалку, односно пет гласови при денешниот избор доби судијата Ненад […]

Ентероколити и овчи сипаници – најчести заразни заболувања во септември


Ентероколити и овчи сипаници се двете најчести заразни заболувања евидентирани во септември, покажуваат податоците објавени во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во текот на месец септември до ИЈЗ, пристигнати биле пријави за вкупно 796 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства […]

За една недела 12 нови случаи на ковид, „Фајзер“ вакцини се достапни во вакциналните пунктови


Во период од една недела, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирале 12 нови ковид случаи, информираат оттаму. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Од […]

Украинска новинарка (27), која пишуваше за руската окупација, почина во затвор


Викторија Рошчина исчезна во август 2023 година во дел од Украина што сега е окупиран од руските сили. Беа потребни девет месеци за руските власти да потврдат дека новинарката била приведена. Не дадоа никаква причина. Оваа недела, нејзиниот татко добил кратко писмо од Министерството за одбрана во Москва во кое го информирал дека Викторија е […]

Како настанала Ноќта на вештерките и зошто се слави?


Ноќта на вештерките како што ја нарекуваат Американците или „Халовин“, е ноќ на сите Светци и се одбележува во вечерните часови на 31 октомври. Оваа ноќ се одбележува на специфичен и интересен начин, со случувања и забави каде учествува речиси цела општествена заедница.   Се одбележува првенство во земјите како Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија […]

Драга Ирена, нема да те оставам да бидеш заборавена, рече Весна Ѓиновска-Илкова на комеморацијата во НОБ


Денес на големата сцена во Националната Опера и Балет се одржа комеморација во чест на прерано починатата оперска првенка Ирена Кавкалевска. Добитничка на многу награди, школувана во Македонија, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот […]

Најпопуларната џез-пејачка во светот, Сесил Меклорин Салвант од САД, го отвора 43. Скопје џез-фестивал


Супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната греми-лауреатка, Сесил Меклорин Салвант од САД, со својот блескав квартет, во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти – Саливан Фортнер, на 17 октомври (НОБ, 20 ч.), го отвора 43. издание на „Скопје џез-фестивал“. Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржува во македонската […]

Ќе ја изградиме Универзална на легален начин, повтори Љутков


 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешната прес- конференција, на која информираше за резултатите во областа на културата и туризмот во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, рече дека е задоволен од сработеното и дека изминатиот период бил полн со  предизвици, но и со значајни успеси. „Искрено, задоволен сум од сработеното досега и што […]

Слаткаристика и Жељко Самарџиќ гости на концертот на Калиопи во „Борис Трајковски“


По фантастичните концерти летово на Хераклеа во Битола и на Антички во Охрид, Калиопи, денес на доручек дружење ги покани новинарите пред концертот во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“,  со што ги заокружува настапите во Македонија и продолжува во регионот.  Вели, таа, […]

Радиото „Џез ФМ“ почна нова програма и онлајн-стриминг


Најстарото и единствено македонско радио посветено на промоција на џез-музиката, „Џез ФМ“, стартува со нова програма и онлајн-стриминг. Новата програмска концепција почна со емитување деновиве, на добро познатата фреквенција 100,8 мегахерци, а отсега и онлајн на jazzfm.mk. Се воведуваат нови емисии во утринските и пладневните чесови, со нови водители.  – Се стремиме кон претставување нови перспективи […]

Делегација на Бордот на директори на ЕБОР во петдневна посета на Македонија


Претставници од Бордот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска пристигнуваат во петдневна посета на Северна Македонија, за време на која ќе се сретнат со владини претставници, претставници од граѓанскиот сектор, инвеститори и претприемачи. Целта на посетата, како што соопштуваат од ЕБОР, е да се запознаат со економската и инвестициона клима, и да […]

Ѓоковиќ и натаму е четврти тенисер во светот, Синер прв


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на најновата АТП листа, која беше објавена денеска, додека прв и натаму е Италијанецот Јаник Синер. Синер го совлада Ѓоковиќ со 7:6 (7:4), 6:3 во финалето на Мастерсот во Шангај во неделата. Италијанецот е на првото место на најновата АТП листа со 11.920 бодови. Втор е Шпанецот […]

Hooverphonic доаѓаат во Скопје во април


Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC,  придружувани од гудачки квартет, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18. април, 2025 година, по повод 25 години од aлбумот „The Magnificent Tree“, соопшти „Авалон продукција“. Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку […]

„Озвучени емоции“ – концерт на Лука Дебарг во Филхармонија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Озвучени емоции“ на кој како солист ќе настапи еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Лука Дебарг од Франција. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Фредерик Шопен, Симфонијата во три става и оркестарската суита од балетот „Жар […]

Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ


Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври  (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.  Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар […]

Фестивалот Лумиер неочекувано стана центар на филмската елита


Лион – Шеснаесеттото издание на филмскиот фестивал Лумиер започна во висок стил, со блескава постава на ѕвезди како Бенисио дел Торо, Тим Бартон, Моника Белучи и Ванеса Паради, плус високите режисери Коста-Гаврас и Џузепе Торнаторе кои го красат црвениот тепих во Лион.  Белучи, која е во градот за да го претстави новиот документарен филм за […]