Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток …

Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени Read More »

 „Ѓаволот носи Прада“ се враќа по две децении –  „Дизни“ работи на продолжението


Подгответе се, модни фанови! Миранда Пристли можеби ќе се врати на големото платно по речиси две децении. Писателката на The Devil Wears Prada, Алин Брош Мекена наводно работи на продолжението на хитот на бокс офисот од 2006 година, пренесува Puck News. Венди Фајнерман, продуцент на оригиналниот филм, треба да го развие и продуцира продолжението. Дедлајн …

 „Ѓаволот носи Прада“ се враќа по две децении –  „Дизни“ работи на продолжението Read More »

Промена во „Тиквеш“: Јаневска и Крстевски заминуваат од Управниот одбор


Љупчо Крстевски и Драгана Јаневска не се повеќе дел од составот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“. Одлуката е донесена од страна на Надзорниот одбор. За измените во овој орган на управување од компанијата информираат преку Македонска берза. „По Одлука од седница на Надзорен одбор отповикани се двајца членови на Управниот одбор на Акционерско …

Промена во „Тиквеш“: Јаневска и Крстевски заминуваат од Управниот одбор Read More »

„Чад и оган“ – нова збирка раскази од Паскал Гилевски


 Во издане на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат збирката раскази „Чад и оган“ од современиот македонски писател Паскал Гилевски. На страниците од своето ново дело авторот застапува тринаесет раскази создавани во последните години. -Неговите раскази се проткаени со поетски лиризам и метафоричност. Во прозниот исказ на овој автор постојат автохтони лингвистички јадра од …

„Чад и оган“ – нова збирка раскази од Паскал Гилевски Read More »

„Ефтеркланг: Македониум бенд” – распродадена премиерата за отварањето на Синедејс на 11 јули


Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, на 11 јули ќе биде отворен  23. издание на фестивалот СИНЕДЕЈС. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг …

„Ефтеркланг: Македониум бенд” – распродадена премиерата за отварањето на Синедејс на 11 јули Read More »

Ова е актерот кој бил женет со три најубави жени во Холивуд


Бо Дерек можеби чекаше речиси две децении за да се омажи за нејзиниот сегашен сопруг Џон Корбет, ѕвездата од „My Big Fat Greek Wedding” и на„ “Sex and the City”, но таа брзо се омажи за својот прв сопруг Џон Дерек откако наполни 18 години. Closer го навраќа првиот брак на Бо со покојниот актер, …

Ова е актерот кој бил женет со три најубави жени во Холивуд Read More »

До крајот на месецов продолжен рокот за конкурирање за наградата „Мост“ на ДПМ


До крајот на јули 2024 е продолжен рокот за доставување дела за наградата „Мост“ што ја доделува  Друштвото на писателите на Македонија, одлучил на седница неговиот Управен одбор.  Наградата „Мост“ се доделува за дело објавено двојазично, на изворниот јазик и на македонски јазик, или за дело што е објавено на некој од јазиците на националностите …

До крајот на месецов продолжен рокот за конкурирање за наградата „Мост“ на ДПМ Read More »

Фарел Вилијамс со прв машки парфем за Луј Витон – еве како мириса сончева светлина


Фарел Вилијам го промовира својот прв машки мирис за Луј Витон откако беше назначен за креативен директор на брендот за мажи во 2023 година. LVERS содржи различни интересни состојки кои имаат за цел да ја доловат суштината на самата сончева светлина. LVERS е достапен за 225 фунти од Луј Витон и други избрани трговци на …

Фарел Вилијамс со прв машки парфем за Луј Витон – еве како мириса сончева светлина Read More »

Ферибот од Валенсија за Мајорка евакуиран по пожар во машинското одделение


Мадрид – Ферибот на линија од шпанскиот пристанишен град Валенсија до туристичкиот остров Мајорка се запали, по што околу 350 патници останаа блокирани во морето околу 24 часа, додека чекаа да бидат преземени од друг брод, пренесе ДПА. Нема повредени при инцидентот. Фериботот за автомобили „Тенасиа“ испловил од Валенсија во неделата вечерта и требало да пристигне …

Ферибот од Валенсија за Мајорка евакуиран по пожар во машинското одделение Read More »

На авион на Јунајтед ерлајнс му паднало тркало за време на полетувањето


Денвер – Јунајтед ерлајнс соопшти дека уште еден нејзин авион го изгубил главното тркало на опремата за слетување за време на полетувањето, практично повторувајќи го инцидентот од март, по што Федералната управа за безбедност на транспортот нареди безбедносна проверка на компанијата. -Никој не беше повреден на летот 1001 на Јунајтед, а Боингот 757-200 полета од Лос …

На авион на Јунајтед ерлајнс му паднало тркало за време на полетувањето Read More »

САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари


Вашингтон – САД информираат за втора спогодба со Полска за директен заем за странско воено финансирање во вредност од два милијарди долари, како дел од голема програма за модернизација на вооружените сили на европската земја, што ќе вклучува купување на американска одбранбена опрема, соопшти Стејт департментот. Полска ќе купи авиони Ф-35, ракетни системи „Патриот“ и …

САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари Read More »

Во Украина прогласен ден на жалост


Киев– Во Украина, по вчерашните разорни напади на руските сили при што загинаа 41 човек, а 166 се повредени, денеска е прогласен ден на жалост. Русија вчера изврши еден од најголемите ракетни напади во изминатите неколку месеци, при што беше погодена и главната детска болница во Киев. Две лица загинаа кога руски проектил срамни со …

Во Украина прогласен ден на жалост Read More »

Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон


Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата. Предвидени се голем број билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата, но останува неизвесно дали на маргините на Самитот, Мицкоски ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос …

Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон Read More »

Претстава за деца и концерт вечер на „Скопско лето“


Во рамки на 45. „Скопско лето“, вечер во Куршумли ан ќе биде изведена претстава за деца „Разгалениот принц“, а во Културно-информативен центар ќе се одржи концерт на мецосопранот Александра Коцевска и пијанистот Глигор Гелебешев. Претставата  „Разгалениот принц“ е во продукција на Театар ХИТ – Скопје. Автор и режисер е Сашо Ристовски, сценографијата и костими на …

Претстава за деца и концерт вечер на „Скопско лето“ Read More »

Изложба на Мелихат Тузун од Турција во Галерија „Ко-Ра“


о  Галеријата „Ко-Ра“ вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Мелихат Тузун од Турција, насловена „Brocken times“, која е реализирана во рамките на меѓународната соработка и на иницијатива на академик проф д-р Фехим Хусковиќ. Мелихат Тузун гостува во Скопје во рамките на интернационалната Ликовна колонија на која учествуваат  уметници од повеќе земји. …

Изложба на Мелихат Тузун од Турција во Галерија „Ко-Ра“ Read More »

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето


Лондон– Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето победувајќи го синоќа Данецот Холгер Руне со 3-0 во сетови – 6:3, 6:4, 6:2. Натпреварот траеше два часа и три минути. Четвртата победа на Новак Ѓоковиќ над Холгер Руне, трета во низа во шест меѓусебни дуели, изгледа никогаш не била полесна. Данецот, кој пред …

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето Read More »

Германија нуди грижа за украинските деца по нападот на болницата во Киев


Франкфурт – Германија понуди поддршка и лекување за украинските деца по рускиот ракетен напад што ја погоди педијатриската болница во Киев. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах му вети на својот украински колега Виктор Љашко во објава на Х „дека во секое време ќе примиме болни деца на кои им е потребна нега, следниот спасувачки …

Германија нуди грижа за украинските деца по нападот на болницата во Киев Read More »

Бајден не се лекува од Паркинсонова болест


Вашингтон– Американскиот претседател Џозеф Бајден не се лекува од Паркинсонова болест, соопшти денеска Белата куќа, откако се појавија информации дека лекар специјализиран за оваа болест осум пати ја посетил Белата куќа во текот на минатата година. Загриженоста кај американската јавност дека претседателот можеби боледува од непозната болест се зголеми по дебатата на Бајден со републиканецот …

Бајден не се лекува од Паркинсонова болест Read More »

По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица


По околу половина час се чека за влез во државава на граничниот премин Табановце и за излез од државава на ГП Богородица, информира утрово Автомотосојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.  -Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на …

По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица Read More »

Сончево со температура до 39 степени, попладне во западните делови од земјава локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови од државава ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од …

Сончево со температура до 39 степени, попладне во западните делови од земјава локален пороен дожд Read More »