„Патувањето е уметност“ од Ненад Георгиевски  – од Ван Гог и Вермер до необичните музеи и скриените светови на уметноста


На 17 октомври, во 13 часот, во клубот Аудиокултура ќе се одржи промоцијата на новата книга на Ненад Георгиевски „Патувањето е уметност.“ Промотор ќе биде Сребра Ѓорѓиевска, уредник на порталот „Умно“. Што може да нè одведе во друг град — желбата да запознаеме ново место или можноста да застанеме пред уметничко дело што со години […]

Во Њујорк отворање на изложба на македонски архитекти


 Во Њујорк денеска ќе биде отворена изложба на македонски архитекти „Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“, којашто ќе трае до 22 октомври. „Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“ е посветена на творештвото и архитектонското наследство на проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, како и на генерациите […]

Премиера на „Фрида“ – приказна за жената зад иконата на 18 октомври, претпремиерата ден претходно


 Фрида Кало – жената зад портретите и легендата е во центарот на новата претстава „Фрида“, приватен проект во соработка со Драмски театар Скопје, по текст на Драгана Левенска, во режија на Тамара Стојаноска. Претставата ќе има претпремиерна изведба на 18 октомври, а праизведбата е на 19 октомври, во 20 часот. Првпат на македонската театарска сцена, […]

Ѓорѓиевски се сретна со бордот на директори од ЕБОР: Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел, како што истакна тој, да се продлабочи соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на нашиот град. -Мојата определба е цврста. Секој проект мора да решава вистински проблем, а […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната


Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На минатото рочиште Обвинителството поставуваше вксрстени прашања на вештакот Петре Русески, кој има изработено градежно вештачење за одбраната. Тој, остана на ставот дека од градежен аспект објектот […]

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“


 Актерот Ѓорѓи Јолевски ќе ја добие наградата „23 Октомври“ за 2026, за остварување во областа на културата и уметноста.  Оваа државна награда годинава им се доделува и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс  за остварување во областа на науката. Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во […]

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро


Се разрешуваат последните технички проблеми околу апликацијата на која граѓаните се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип и час поскоро ќе почне имунизацијата, најави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски кој беше во посета на Клиничка болница-Штип.  -Апликацијата се разрешува од последните технички проблеми. Знаете дека 18 месеци „Мој термин“ нема договор за одржување. Се […]

Зашто Саудијците не можат да излезат на крај со Хутите?


Иако троши огромни суми на вооружување, Саудиска Арабија не може да излезе на крај со Хутите, јеменската милиција која изминативе денови ѝ нанесе големи жртви и штета. Во најтешкиот напад врз аеродромот во Ријад, во саботата, загинаа 13 луѓе, а повеќе од 300 беа повредени. Во понеделникот вечерта Хутите презедоа одговорност за нов напад со […]

Братот на папата Лав XIV исто така се бори со рак, изјави неговата сопруга


Вашингтон – Еден од постарите браќа на папата Лав XIV исто така се лекува од рак, изјави неговата сопруга за американската телевизија Си-Би-Ес, по дијагнозата за рак на белите дробови на понтифот. Луис Превост, кој живее во Флорида, се лекува на клиника за мултипен миелом, изјави неговата сопруга Дебора Превост. Мултипениот миелом е облик на […]

Германската армија ќе го тестира системот ИРИС-Т во прво боево гаѓање на Крит


Берлин – Воздухопловните сили на Германија ќе го спроведат своето прво боево гаѓање со системот за противвоздушна одбрана ИРИС-Т СЛМ (IRIS-T SLM) за време на вежба на грчкиот остров Крит, соопшти Бундесверот. Системот, развиен од германската одбранбена компанија „Дил дифенс“ (Diehl Defence) и веќе употребуван во Украина, ја зајакнува способноста на германското воздухопловство за пресретнување […]

Украина, Молдавија и Германија меѓу 15-те новоизбрани членки на Советот за човекови права на ОН


Њујорк – Генералното собрание на Обединетите нации синоќа избра 15 држави за нови членки на Советот на ОН за човекови права, кои ќе ја извршуваат оваа функција со тригодишен мандат почнувајќи од 1 јануари 2027 година. На тајното гласање, сите 15 кандидати учествуваа без противкандидати во своите регионални групи. Меѓу новоизбраните членки се Украина и […]

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор


Лас Вегас – Дуејн Дејвис – поранешен водач на банда е осуден на најмалку 40 години затвор за организирање на убиството на американскиот рапер Тупак Шакур во 1996 година – 30 години откако влијателната хип-хоп ѕвезда беше застрелана. Дејвис беше уапсен во Лас Вегас во 2023 година и обвинет за убиство, меѓу другите кривични дела. […]

Водичот Мишелин ја позиционира Турција на светската кулинарна сцена – целата земја во знакот на престижни ѕвездички 


Турција ја носи својата кулинарска сцена во центарот на светското внимание. За првпат, Водичот Мишелин ќе ја опфати гастрономската понуда на целата земја, одразувајќи го богатството на локалните кујни, разновидноста на регионалните вкусови и развојот на современата ресторанска индустрија. Националниот избор за 2027 година ќе биде претставен на 3 декември годинава во Истанбул, означувајќи нова […]

Шпанскиот крал: Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута се неспорни


Сеута – Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, ексклавата на северот на Африка, се неспорни и не се предмет на преговори, изјави синоќа шпанскиот крал Фелипе Шести, додавајќи дека масовниот прилив на мигранти од Мароко оставил оставил големи општествени, политички, економски и психолошки последици врз градот и Шпанија во целина. „Сеута е Шпанија, […]

Украинецот обвинет за саботажата на Северен тек денеска пред суд


Хамбург – На поранешен украински воен офицер денеска му почнува судење во Германија под обвинение дека организирал тајна операција со која во септември 2022 година беа кренати во воздух гасоводите Северен тек, со што западна Европа остана без најголемиот извор на руски природен гас. Осомничениот, кој во согласност со германските правила за заштита на приватноста […]

Молчењето понекогаш има поголем крик и посилна порака: Интервју со Жарко Башески, скулптор


Пред скулптурите на Жарко Башески човек не останува само гледач. Станува соочен со сопственото тело, ранливост, со времето што незапирливо поминува. Неговите монументални фигури се толку блиски до стварноста што границата меѓу живото и неживото речиси исчезнува. Но токму во тој совршен реализам, се отвара едно понемирно прашање: што е човекот кога ќе му ја […]

Без струја делови од Карпош и Аеродром


 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисници во општините Карпош и Аеродром, соопшти утрово РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата Скупи 20 во населбата Злокуќани, во општина Карпош. Во општина Аеродром, во периодот од 9:30 до 16:00 часот, прекин во снабдувањето со […]

МААЕ испраќа мисии на 19 трафостаници клучни за работата на нуклеарните централи


Киев – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе испрати свои мисии на 19 трафостаници кои се од клучно значење за работата на нуклеарните централи во Украина, соопшти синоќа украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, наведувајќи дека одлуката е донесена за време на разговорот со генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси. Сибиха на X […]

Енди Барнам во Лондон ќе го прими Зеленски


Лондон – Британскиот премиер, Енди Барнам, денеска во Даунинг стрит ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел да ја истакне својата „непоколеблива“ поддршка за украинскиот претседател, соопшти британската влада. Лидерот на лабуристите за време на средбата ќе вети дека во наредните недели ќе ја „забрза испораката на клучните системи за противвоздушна одбрана“ и […]

НЏЗ ќе одржи слушачка промоција на винил и CD изданијата на првиот албум „Македонски сновиденија“


 Националниот џез оркестар ќе одржи слушачка промоција на винил и CD изданијата на својот прв албум „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams) со почеток со 20 часот во „Кафе литература“ во Дајмонд мол. Во исто време, на промоцијата ќе бидат претставени неговите физички изданија и ќе биде споделно музичко дружење посветено на првиот албум на Националниот џез […]