Почнува 11. издание на Киненова со новиот филм на Мирослав Терзиќ „Три недели подоцна“


Единаесетотто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова почнува вечерва под мотото „На прво светло“, а отворањето е во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со новиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“. Во главната конкуренција се шест филма, додека во селекцијата за дебитанти се четири први кратки филма на македонски режисери. […]

„Македонскиот јазик – извор на научни истражувања” – дводневна конференција во Институтот „Крсте Мисирков“


„Македонскиот јазик – извор на научни истражувања” е насловена меѓународната конференција која денеска и утре се одржува во рамки на 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Тема на годинашната конференција е „Нормата и јазикот“ и, како што соопшти организаторот,  ќе учествуваат 95 домашни и странски лингвисти. По затворањето на конференцијата,  утре […]

Баро: Има обиди за мешање во француските претседателски избори, меѓу кои и од Елон Маск


Париз  – Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, повторно предупреди на обиди за мешање во претседателските избори во земјата следната година, именувајќи го американскиот милијардер Елон Маск меѓу личностите што влијаат врз демократските дебати во Европа, објавија француските медиуми. Со приближувањето на изборите во 2027 година, „непријателите на демократијата прават сè што можат за да […]

Андрија Мандиќ останува претседател на црногорскиот Парламент, пратениците ја отфлија опозициската иницијатива


Подгорица – Андрија Мандиќ не беше разрешен од функцијата претседател на Парламентот на Црна Гора, бидејќи иницијативата на опозицијата за негово разрешување не ја доби потребната поддршка, јавуваат црногорските медиуми. Против разрешувањето гласаа 41 пратеник, додека за негово заминување од функцијата беа 37 пратеници, објавија подгорички „Вијести“. Како што објави Мандиќ, за време на тајното […]

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека на Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали, нарекувајќи го островот „нашиот нов и прекрасен Гренланд“. „Обемно истражување на нафта, гас и минерали се подготвува за почеток на нашиот нов и прекрасен Гренланд!“, стои во објавата на Трамп на платформата „Трут соушл“. Тој […]

Банката на Америка казнета со повеќе од 1,2 милијарди долари поради кршење на прописите за спречување перење пари


Вашингтон– Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави соопшти дека „Банката на Америка“ (Bank of America – BofA) е казнета со повеќе од 1,2 милијарди долари поради кршење на законите за спречување перење пари и прописите за санкции, откако регулаторите утврдија дека банката со години не пријавувала навремено сомнителни трансакции вредни повеќе од пет милијарди […]

Одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите


Македонската академија на науките и уметностите денеска во 12 часот ќе го одбележи Денот на МАНУ. По тој повод предвидено е положување цвеќе пред споменикот на Блаже Конески, по што своја пригодна реч ќе има академик Живко Попов, претседател на МАНУ. На Денот на МАНУ ќе се додели и меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашната […]

Променливо облачно со засилен ветер кој наместа ќе надминува 60 км/h


Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и постудено. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 14 октомври 2026 година, 287-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 78 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 54 минути. Денов трае 11 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Од филм до ТВ проект: Тоше пак е голема вест во регионот


Снимањето на филмскиот и телевизиски проект посветен на Тоше Проески, во продукција на „ОХО Продукција“, е планирано за 2027 година, додека премиерата се очекува во 2028 година, стои во соопштението од продукцијата по првото јавно претставување на проектот на фестивалот „Weekend.19“ во Ровињ. Од „Охо Продукција“ додаваат дека точниот почеток на снимањето, актерската екипа и […]

Над 500 гледачи го проследија филмот „Скејбордингот не е за девојчиња“ во Кочани


Филмот „Скејбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума предизвика интерес кај кочанската публика, со повеќе од 500 продадени влезници на трите проекции во кино-салата на Центарот за култура „Бели мугри“. Првата проекција се одржа на 9 октомври, а денеска филмот беше прикажан уште двапати, во дневни термини наменети за средношколците. На двете денешни […]

11. Отворени денови на Институтот „Крсте Мисирков“ во знакот на неколку јубилеи, над 90 учесници на меѓународната конференција за македонскиот јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од денеска до 16 октомври ги организира 11. Отворени денови, во чии рамки утре и задутре ќе се одржува 11. меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. Централна тема на конференцијата е „Нормата и јазикот“ и ќе учествуваат 95 домашни и странски лингвисти.  – Отворените денови […]

Моите филмови се за обичните луѓе : „Киненова“ го претстави лауреатот Емин Алпер, добитник на „Сребрена мечка“ на Берлинале


На денешната прес конференција во Скопје, фестивалот „Киненова“ ги претстави годинешниот лауреат, турскиот режисер Емин Алпер, кој е и претседател на жирито заедно со Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски.    -Многу сум среќен што сум овде, задоволство ми е и чест ми е што сум дел од годинешново издание на фестивалот Киненова. Прв пат сум […]

„Животот е лото“ – Дарио има нова брза песна со моќна порака


Важи за „златен дечко“ на македонската поп-естрада. Годините не му можат ништо, хитовите од четиридецениската кариера уште му се вртат во етерот, се бара влезница повеќе за неговите концерти и настапи. Се уште е срдечен, љубезен, професионален, еден од најдобро облечените пејачи кај нас, и по многу години во маркетинг и бизнис води, сега е […]

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија


Канбера – Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во дводневна официјална посета, чија цел е зајакнување на билатералната соработка во одбраната, регионалната безбедност и трговијата. Австралискиот премиер Ентони Албанезе се очекува да го пречека кралот во Канбера, каде што се предвидени и средби со генералната гувернерка Сем Мостин, како и со високи владини […]

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Бангкок


Делегација предводена од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат оваа седмица во Бангкок, Тајланд. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Ана Митреска и советничката на […]

ММФ благо ја зголеми прогнозата за глобалниот раст, влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот го спореди со цунами


Вашингтон – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, додека за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како „бавно цунами“. Фондот во јуни предвидуваше глобален раст од три […]

Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево


Корисниците од дел од улица „Тодор Чангов“ бр. 28 и  дел од ул. „Данка Фирфова“ во населба Лисиче во општина Аеродром денеска од 9 до 14 часот ќе немаат електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  ЕВН Македонија АД. Без струја од 9.30 до 13 часот ќе бидат и […]

Без вода дел од населбата Крњево


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“ и улиците со број од 163 до 172 во населбата Крњево. Причина за прекинот е водоводен приклучок од ф150мм на ул.„ Дана Стуцки бр.18“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од денеска до 16 октомври ќе ги организира 11. Отворени денови. Институтот соопшти дека во рамки на годинашната манифестација ќе бидат чествувани неколку јубилеи: 1110 години од упокојувањето на Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа; 100 години од упокојувањето на Крсте Мисирков; […]