Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево


Фото: Б. Грданоски

Корисниците од дел од улица „Тодор Чангов“ бр. 28 и  дел од ул. „Данка Фирфова“ во населба Лисиче во општина Аеродром денеска од 9 до 14 часот ќе немаат електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  ЕВН Македонија АД.

Без струја од 9.30 до 13 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Глуво – Бразда во општина Чучер Сандево, а од 10 до 13 часот и дел од корисниците на викенд-населбата Побожје, во близина на црквата „Пресвета Богородица“ во општината Чучер Сандево.