Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од денеска до 16 октомври ќе ги организира 11. Отворени денови.

Институтот соопшти дека во рамки на годинашната манифестација ќе бидат чествувани неколку јубилеи: 1110 години од упокојувањето на Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа; 100 години од упокојувањето на Крсте Мисирков; 90 години од раѓањето на Коста Пеев и 80 години од раѓањето на Марија Коробар-Белчева; Димка Митева; Маријана Киш и на Кита Бицевска. 

Како што најави Институтот, 11. Отворени денови ќе почнат со поздравни обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Иван Чорбев, францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер, и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска.