Во тестаментот на Конески е пораката да продолжиме да пишуваме на македонски, вели Мојсова-Чепишевска
Исчитувањето на Конески како тестамент треба да продолжи зашто на тој начин нема да заборавиме дека мораме да пишуваме на македонски! Ова го порача проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, универзитетска професорка и книжевна критичарка, водечки познавач на современата македонска книжевност, на свеченоста на која од Културно-едукативниот центар „Небрегово“ во спомен-домот „Блаже Конески“ ѝ беше доделено признанието …