ЕУ и Македонија во летна слатка трка: Кој повеќе произведува, а кој повеќе троши сладолед


етото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките […]

„Поетска ноќ во Велестово“ ја враќа поезијата таму каде што започнала на праизворот – во рурална средина меѓу луѓето


Од малото охридско село Велестово до поетските мапи на Европа, „Поетска ноќ во Велестово“ речиси четири децении ја гради својата приказна како фестивал што не сака поезијата да ја затвори во салоните, туку да ја врати таму каде некогаш и започнала – меѓу луѓето, вели во интервју за МИА основачот на фестивалот, поетот, Славе Ѓорѓо […]

Чартер авион летал до оддалечена воена база во Алјаска. Се урна, осум мртви


Осум лица загинаа при падот на чартер авион на оддалечена воена радарска станица во западна Алјаска синоќа, објави Командата на американската армија во Алјаска, како што објави Ројтерс. Цесна 441, управувана од чартер компанијата „Секјурити авејшн“ со седиште во Анкориџ, се урна западно од аеродромот на воздухопловната база Кејп Њуенхам околу 12:15 часот по локално […]

Панамскиот канал ќе го намали дневниот бродски сообраќај од септември поради мали количини на врнежи од дожд


Панама Сити –    Панамскиот канал ќе го намали бројот на бродови што можат да поминуваат низ него секој ден од септември поради ниските нивоа на водата предизвикани од мали количини на врнежи од дожд, јави ДПА, повикувајќи се на управата на каналот. Бројот на транзити за кои може да се направат резервации постепено ќе […]

САД го отстрануваат името на воен херој од новиот носач на авиони. Дали ќе биде именуван по Трамп?


Американската морнарица размислува за промена на името на новиот носач на авиони кој требаше да биде именуван по воен херој од Втората светска војна, а Доналд Трамп се споменува како една од главните опции, дознава CNN од три неименувани извори запознаени со внатрешните дискусии. Иако во првиот мандат на Трамп беше објавено дека новиот брод […]

Писател без глас е како општество без совест


Mакедонските писатели молчат, а светот вреска. За Македонскиот ПЕН центар , а и Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) како професионални организации во кои членуваат писатели и интелектуалци, очекувате јавен став за крупните општествени, политички, воени и морални прашања. Зошто молчат или не заземаат став? Страв од политичка поларизација? Секој јавен став денес лесно се […]

Сопругата на Бајден ја потврдува сериозната состојба на Џо. „Премногу е тешко“


Џил Бајден отворено зборуваше за тоа како таа и нејзиниот сопруг Џо се справуваат со неговата тешка дијагноза за рак, која беше поставена минатата година. Поранешната прва дама ги откри своите стравови во интервјуто, но и пристапот со кој семејството се обидува да го одржи оптимизмот, пишува People. Во гостувањето во „Шоуто на Џејми Керн […]

Напнато на границата на НАТО: Руски авион навлезе во финскиот воздушен простор


Финското Министерство за одбрана пријави сомневања дека руски авион вчера го нарушил финскиот воздушен простор над западниот дел од Финскиот Залив. Покрената е истрага за инцидентот, кој се случил во време на зголемени активности на руските воздухопловни сили во близина на источната граница на НАТО, пишува „Киев Индепендент“. Истрагата е во тек Министерот за одбрана […]

Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјата, 2027 ќе биде најтоплата година досега


Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо, кој моментално се развива во Тихиот Океан, би можел да стане најсилниот во модерната историја. Тоа е моќен природен климатски феномен кој ги зголемува глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни временски услови, пишува Би-Би-Си. Поради дополнителното влијание на климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката […]

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне


Брисел- Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди […]

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров


Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во 21 часот во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza.  -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. […]

Хрватската Влада забранува исклучување на струја за ранливите потрошувачи


Загреб –   Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на […]

Расте бројот на банкроти во ЕУ


Брисел – Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 […]

Сончево и многу топло до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во операциите против Иран


Вашингтон – Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, покажуваат податоците на Пентагон. Од нив повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци. Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само штури информации […]

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен


Мадрид – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без одигран меч ќе се појави на УС опен. Самиот настап на Гренд слем турнирот значи дека Алкараз ќе ја брани титулата освоена ланската година со победата против Јаник Синер во финалето. „Се гледаме во Њујорк“, објави Алкараз. Последниот настап шпанскиот тенисер го имаше на турнирот во Барселона пролетва, кога […]

Министерот Сулејмани ги посети културните установи во Струга


Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во Струга ги посети Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“, како и Спомен-домот на браќата Миладиновци. Како што соопштија синоќа од Министерството за култура, во разговорите со директорите на установите, министерот се запознал со нивните тековни активности, програмите и плановите, како […]

САД планираат да продадат авиони-цистерни на Катар за над 4,5 милијарди долари


Вашингтон –    САД го одобрија планот за продажба на Катар на авиони за полнење гориво во воздух во вредност од над 4,5 милијарди долари, соопшти Стејт департментот на САД. Катар побара до четири авиони КЦ-46А опремени со сензори за противракетна одбрана. Американскиот Конгрес, кој мора да даде конечно одобрение, е известен за договорот. Според […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 август 2026 година, 233-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 132 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 48 минути, а ќе зајде во 19 часот и 25 минути. Денов трае 13 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

„Охридско лето“ го заокружи 66. фестивалско издание со 48 настани и повеќе од 700 уметници


Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство […]