Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен
Мадрид – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без одигран меч ќе се појави на УС опен. Самиот настап на Гренд слем турнирот значи дека Алкараз ќе ја брани титулата освоена ланската година со победата против Јаник Синер во финалето.
„Се гледаме во Њујорк“, објави Алкараз.
Последниот настап шпанскиот тенисер го имаше на турнирот во Барселона пролетва, кога поради повреда мораше да го откаже настапот, а потоа ги пропушти турнирите: Ролан Гарос, Вимблдон, како и Монтреал и Синсинати.
Мечот на Алкараз во првото коло ќе биде секако следен со големо внимание.