„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки


 Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на […]

СДСМ: Просечната нето плата се намали за 1.163 денари


СДСМ објави дека просечната месечна нето плата за јуни е намалена за 1.163 денари во однос на мај..  Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави вчера Државниот завод за статистика.  „Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме […]

Герасимовски контра ВМРО: За изработка на мобилната апликација Општина Центар не потроши ниту еден денар


Очигледно, во недостаток на конкретни идеи, предлози и проекти за граѓаните на Центар, ВМРО-ДПМНЕ одлучи и денеска да продолжи со истата манипулација што ја пласираше вчера, реагираше со соопштение градоначалникот Горан Герасимовски. Иако фактите им беа јасно и прецизно соопштени, повторно ја повторуваат лагата дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за изработка на мобилната […]

Возовите денеска ќе возат побавно поради високите температури


Екстремните горештини донесоа привремено ограничување во железничкиот сообраќај во земјава. Возовите денеска во периодот од 11 до 17 часот ќе се движат со максимална брзина од 50 километри на час. Мерката е превентивна и има за цел да се намали ризикот од деформации на железничката инфраструктура предизвикани од високите температури. При силна топлина металните шини […]

Без вода дел од Горно Лисиче и село Лисиче


Од 11:00 часот денеска вода нема да имаат корисниците на дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во Горно Лисиче и село Лисиче. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот е уличен дефект на водоводна мрежа на „Ѓорги Капчев“. Вода нема да има до завршување на зафатот. 

Триесет и пет полицајци полицајци повредени во нереди на натпревар од Купот на Германија


Манхајм – Триесет и пет полицајци беа повредени, а неколку фудбалски навивачи беа приведени во нередите на синоќешниот натпревар од Купот на Германија меѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн, соопшти полицијата. Вкупно 85 лица побараа медицинска помош, а осуммина беа префрлени во болница, пренесува ДПА.  Околу 23.500 гледачи присуствуваа на натпреварот на стадионот Карл-Бенц во Манхајм […]

Ратевските бамбурци прогласени за нематеријално културно наследство на Македонија


„Ратевските бамбурци“ се прогласени за нематеријално културно наследство на Македонија, што претставува значајно признание за една од најавтентичните традиции на Ратево и Малешевијата. Според Општина Берово, традицијата на Бамбурците се негува повеќе од пет века и се пренесува од генерација на генерација. Преку препознатливите маски, обреди и симболика, Ратевските бамбурци претставуваат живо сведоштво за богатото […]

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат


Даблин – Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер  југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко […]

МВР: Синоќа изречени 262 санкци за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода


 Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. -Во текот на изминатата вечер […]

На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час


На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.  Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на […]

Вториот пензиски столб е ставен во ризик – власта сака да посегне по парите, вели Филипче


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, синоќа во интервјуто во „Тема на денот“ на телевизија Сител, предупреди дека вториот пензиски столб е ставен во ризик и дека власта размислува да посегне по средствата што граѓаните ги издвојуваат за своите идни пензии. Филипче потсети дека во време на Владата на СДСМ пензискиот систем се менаџираше одговорно […]

Петровец и околината седум часа без струја


Поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа, жители од неколку скопски приградски населби и села денеска се соочуваат со повеќечасовен прекин на струјата. Од ЕВН Македонија АД соопштија дека струја нема да има во делови од општините Петровец и Гази Баба, при што на одредени локации исклучувањата ќе траат и до седум часа во текот на […]

Македонски триумф на Сараево филм фестивал


Голем успех за македонската кинематографија на 32. издание на Сараево филм фестивал кој синоќа ја спушти завесата – пет награди за два македонски филма. Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои дури четири награди:  Специјална награда за промовирање на родова еднаквост  Срце на Сараево за најдобра актерка – Ева Костиќ  Cineuropa Prize  UniCredit награда […]

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати


Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и […]

Отворена 38. Поетска ноќ во Велестово


Со настап на Иван Христов на кавал и Петар Чухов на гитара синоќа беше отворено 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. На отворањето беше претставен поетски портрет на македонскиот поет Јовица Ивановски по што следеше интернационалното поетско читање „Имаго“ на кое настапија поети од Ирска, Хрватска, Бугарија, Романија, Црна Гора и Србија. За […]

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција


Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците […]

Отворено студио на „Арт Поинт – Гумно“: Изложба на фотографии и проекција на „Крајолици на човештината“


 Меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“ денеска во селото Слоештица организира Отворено студио во чии рамки ќе биде поставена изложбата на селектирани фотографии од селата во горно-демирхисарскиот регион, што ги направија претставници на реномираната Либеречка школа за фотографија од Чешка. Посетителите воедно ќе имаат ексклузивна можност да го погледнат и документарниот филм „Крајолици на […]

Вадефул во посета на Украина, вети поголема воена и финансиска помош за Киев


Киев – Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во посета на Киев во знак на солидарност пред одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина, јави ДПА. Шефот на германската дипломатија пристигна со специјален воз на централната станица во главниот град и во првата изјава по доаѓањето ја осуди ескалацијата на руските напади со […]

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон


Вашингтон – Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. – Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените […]

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон


 Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до […]