„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска


Пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери Илкоска вечерва во 20 часот  во камерната сала на Филхармонија ќе одржат концерт „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“. На концертот Дино Имери ќе се претстави како солист на пијано, а под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска ќе настапи и камерниот оркестар „ID“. На …

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска Read More »

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -5 до четири, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени. Во …

Сончево со мала до умерена локална облачност Read More »

Еврокомесарката Урпилаинен времено се повлече од ЕК за да се кандидира за претседателка на Финска


Брисел – Еврокомесарката за меѓународни партнерства Јута Урпилаинен побара нејзината функција во Европската комисија да се стави во мирување, со цел да може да учествува на претседателските избори во Финска како кандидат на нејзината Социјалдемократска партија (СДП), јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти ЕК, Урпилаинен ја информирала претседателката на Европската комисија, Урсула …

Еврокомесарката Урпилаинен времено се повлече од ЕК за да се кандидира за претседателка на Финска Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 4 декември  2023 година, 338-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 27 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Лога: Одговорност и максимални казни за сторителите


Министерот за правда Кренар Лога вечерва на својата Фејсбук страница изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати. -Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што …

Лога: Одговорност и максимални казни за сторителите Read More »

Велешанецот Велибор Манев спроведен во Кривичниот суд во Скопје


Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, вечерва е спроведен во Кривичниот суд во Скопје.  Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.  Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на …

Велешанецот Велибор Манев спроведен во Кривичниот суд во Скопје Read More »

Таткото на Вања Ѓорчевска на распит во полициска станица


 Таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска е на распит во полициска станица, откако вечерва МВР соопшти дека девојчето по кое се трагаше од понеделникот е пронајдено мртво, потврдија од Обвинителството.  Оттаму велат дека ќе биде задржан до утре и дека се расчистува да се види неговата инволвираност. Вања исчезна на 27 ноември, а денеска во …

Таткото на Вања Ѓорчевска на распит во полициска станица Read More »

Елитата на ревијата на Кокев: Модна писта како зимска бајка (галерија)


Кокев е чудо од жена и дизајнер, која со својата харизма ги исполнува своите соништа и на модната писта и во приватниот живот. Кога е зад сцената,  е грижлива мајка и дама која често патува во Италија. Кога промовира колекција или отвара нов продажен простор, е невидена бизнисменка со претприемачки дух и со неверојатни контакти, …

Елитата на ревијата на Кокев: Модна писта како зимска бајка (галерија) Read More »

Новите антикорупционери го поминаа филтерот пред собраниската комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди листата за избор на претседател и членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Седумте најдобро рангирани кандидати за членови на ДКСК добија поддршка од членовите на собраниската Комисија. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска информира …

Новите антикорупционери го поминаа филтерот пред собраниската комисија Read More »

Приведена скопјанка под сомнеж дека принудувала две малолетнички на секс


Во шест часот изутрина, полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снимале и ги фотографирале двете девојчиња. Настанот се случил во Ѓорче Петров, откако родителите на едно од девојчињата, кои биле на возраст од 13-14 години, пријавиле дека нивната ќерка …

Приведена скопјанка под сомнеж дека принудувала две малолетнички на секс Read More »

Германија е единствената членка на ЕУ со повеќе потстанари отколку сопственици на имот


Германија е единствената членка на Европската Унија каде што има повеќе потстанари отколку луѓе кои поседуваат свои куќи или станови. Минатата година уделот на Германците кои поседуваат свои домови паднал од 49 на 47 проценти, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во Австрија, која е втора по Германија на листата на земји од ЕУ со најмал број станари …

Германија е единствената членка на ЕУ со повеќе потстанари отколку сопственици на имот Read More »

Многу жртви во Источна Европа по првиот обилен снег


Обилните снежни врнежи оваа недела во првиот голем студен бран сезонава низ источноевропските држави резултираа со бројни жртви и оставија илјадници градови и села без струја. Во Молдавија, изминатиот викенд четири лица биле пријавени за починати, а две тела биле извлечени од автомобили затрупани под снежните наноси, пишува Гардијан. Во Украина, во силните снежни бури загинаа 10 …

Многу жртви во Источна Европа по првиот обилен снег Read More »

Обезбедени се пари за исплата на K-15 на вработените во училиштата


Регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во училиштата. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основа им се исплаќаат на општините. Министерството за образование и наука (МОН) преку соопштение апелира до сите локални самоуправи да се почитуваат …

Обезбедени се пари за исплата на K-15 на вработените во училиштата Read More »

Свечено пуштен во употреба новиот софтвер на ХС „Злетовица“


Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерката за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон, денеска остварија работна посета на Општина Пробиштип, каде свечено го пуштија во употреба новиот SCADA систем на Хидро системот „Злетовица“ и извршија увид на изградената филтерстаница во Општина Пробиштип. Делегацијата на Република Словенија, беше …

Свечено пуштен во употреба новиот софтвер на ХС „Злетовица“ Read More »

Ги чекаме сите информации, а не само на ДКСК за Агенцијата за филм, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски на денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања соопшти дека откако ќе бидат обезбедени сите информации за состојбите во Агенцијата за филм, тие ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а потоа одлука ќе донесе и Владата.  На пратеничко прашање на Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе го разреши в.д. директорот …

Ги чекаме сите информации, а не само на ДКСК за Агенцијата за филм, вели Ковачевски Read More »

Патарините во Грција ќе поскапат за 7,6 отсто од 2024 година


Атина – Патарините во Грција од 2024 година ќе се зголемат за 7,6 отсто, од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување од два отсто, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со …

Патарините во Грција ќе поскапат за 7,6 отсто од 2024 година Read More »

Знаеш како ќе запомниш годишнина?: Сашко Коцев на гости кај Жаре во „Еден на Еден“


Знаеш како ќе запомниш годишнина? Еднаш заборави ја и ќе видиш како ќе ја памтиш после – му раскажа Коцев на Жаре во новата епизода на емисијата „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела, од 18.30 на Канал 5. Во емисијата, меѓудругото Сашко раскажа како по 15 години и двајцата гледаат на таа …

Знаеш како ќе запомниш годишнина?: Сашко Коцев на гости кај Жаре во „Еден на Еден“ Read More »

Без вода неколку улици во Козле


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 13:00 часот, поради уличен дефект на улица „Козле“ бриј 171, прекинато водоснабдување имаат корисниците од следниве улици: дел од улица „Козле“, дел од улица „Јуриј Гагарин“ и улиците „Струшка“ „Кораб“ и „Мокра“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до завршување санација на дефектот. 

Директорот на Бољшој се повлече од функцијата откако ја критикуваше војната во Украина (видео)


Москва – Директорот на светски познатиот московски театар Бољшој, Владимир Урин, понуди оставка откако ја критикуваше руската војна против Украина.  „Денеска се збогувам со вас, бидејќи денес е мојот последен ден од работа во Бољшој театарот“, им рекол 76-годишниот  на персоналот во видеото што почна вчера да кружи на социјалните мрежи.  Портпаролката на театарот денеска за …

Директорот на Бољшој се повлече од функцијата откако ја критикуваше војната во Украина (видео) Read More »

„Кадуцеј и лира“ – промоција на книга од Сузана В.Спасовска во КИЦ


На 5 декември, во 19 часот, во Салон – Империјал 2 на КИЦ, ќе биде промовирана книгата „Кадуцеј и лира“ од Сузана В.Спасовска.   Промотори на настанот ќе бидат: Ана Димишковска и Гоце Смилевски. Стихови ќе интерпретира актерката Софиа Насевска-Трифуновска. На настанот со музичка придружба на харфа ќе настапи Мерсиха Шукри.   Сузана В. Спасовска …

„Кадуцеј и лира“ – промоција на книга од Сузана В.Спасовска во КИЦ Read More »