Знаеш како ќе запомниш годишнина?: Сашко Коцев на гости кај Жаре во „Еден на Еден“


Знаеш како ќе запомниш годишнина? Еднаш заборави ја и ќе видиш како ќе ја памтиш после – му раскажа Коцев на Жаре во новата епизода на емисијата „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела, од 18.30 на Канал 5.

Во емисијата, меѓудругото Сашко раскажа како по 15 години и двајцата гледаат на таа случка.

– На секоја годишница ми вели: „Уште не го зема цедето на „Бубамара“ кога ме запросуваше?“ Јас еве веќе 11 години не сум го земал цедето, го гледаме само на интернет. За запросувањето знаеја само Каролина Гочева, Ранко Бубамара, Александар Митевски, и Филип од „Авалон“. Јас отсекогаш сум сакал да ѝ смислувам разни изненадувања. На сцена, кога почна песната, таа почна да сфаќа дека тоа е тоа. Ја викам јас на сцена, а таа веќе има има блок. Вели дека не памети ниту дека тепих имало, ниту балоните ги помни – раскажа Сашко за овој настан кој и денес се раскажува.

За песната која ѝ ја испеа на Смиљана заедно со Каролина Гочева, насловната тема од филмот „Аладин“, вели дека не ја избрал случајно оти тоа е нивна песна.

Во продолжение, погледнете едно видео кое раскажува мал дел од интересните муабети на Сашко со Жаре, кои ќе ги гледаме в недела на Канал 5.