Без вода дел од Општина Центар


Без вода денеска од 8:15 часот се дел од корисниците од улицата „50 Девизија“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-80 милиметри на улица „50 Девизија“ број 27.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. 

Министерството за образование на САД остана затворено од „безбедносни причини“


Вашингтон – Американската влада ги затвори сите канцеларии на Министерството за образование до утре поради „безбедносни причини“. Необичниот чекор уследи по ветувањето на претседателот Доналд Трамп дека ќе го затвори одделот како дел од неговиот план да префрли поголема одговорност за образованието на државните влади. Вработените со допис се предупредени дека не смеат да влезат […]

Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам


Вашингтон – Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пеколот“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во знак на поддршка за шефот на производителот на електрични автомобили и неговиот сојузник Илон Маск. Акциите на „Тесла“ се зголемија за речиси четири отсто во вторникот, што претставува закрепнување […]

Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП


Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот. – Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние […]

Еве што облече Викторија Бекам за средбата со кралицата Камила


Викторија Бекам присуствуваше на настан организиран од кралицата Камила во вторникот во Бакингемската палата во Лондон. Двете жени и неколку гости ја прославија 15-годишнината на Women of the World (WOW), организација која ги слави жените, девојките и небинарните луѓе во напорите за порамноправна иднина. Бекам носеше едно од нејзините парчиња, асиметричен миди фустан со обвиен […]

Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“


Без вода денеска од 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“ во Општина Кисела Вода.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-80 милиметри на улицата „Востаничка“ 7А. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Строгата диета на Џеки Кенеди предизвикува контроверзии: „Замислете да сте толку богати и да си го ускратувате задоволството“


Дали е ова диета погодна за прва дама? Неверојатно распоредената диета на Жаклин Кенеди Оназис повторно се појави на интернет и предизвика вознемиреност, предизвикувајќи шок и критики. Креаторот на содржини @mindofmarisa отиде во TikTok за да ги разгледа деталите за секојдневната исхрана на покојната прва дама. Мариса тврдеше дека појадокот на Кенеди, уживајќи во кревет, […]

Стапија на сила царините на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум


Вaшингтон – Зголемените царини за увоз на челик и алуминиум (25 отсто) воведени од американскиот претседател Доналд Трамп денеска стапија на сила. Пред да стапат на сила тарифите, Трамп и се закани на Канада дека ќе ги удвои тарифите за извозот на челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, но се откажа од тие планови […]

Промоција на книгата „Архитектонските елементи од Епископската базилика во Големо Градиште кај Коњух, Кратовско”


Во Археолошкиот музеј денеска напладне ќе се одржи промоција на четвртата книга од серијата монографии „Архитектонските елементи од Епископската базилика во Големо Градиште кај Коњух, Кратовско” од м-р Радомир Ивановиќ. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Каролин С.Снивели од САД и проф. д-р Бојан Џуриќ од Словенија. Оваа книга произлегува од истоимената магистерска теза […]

Гостување на Хелене Буковски во Јуроп хаус во Скопје


 Германската авторка Хелене Буковски вечерва во 19 часот во Европската куќа во Скопје ќе одржи промоција на дистопискиот роман „Млечни заби“, кој е во издание на Издавачката куќа „Три“ (2024). Промоторка на романот ќе биде новинарката и научна истражувачка Ана Јовковска, додека преведувачка ќе биде проф. д-р Зорица Николовска. „Млечни заби“ е дистописки роман за […]

Концерт на Џеј-Џеј Јохансон во Филхармонија


Во Филхармонија вечер во 20 часот концерт ќе одржи шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон. Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, а неговиот последен сингл е „Finally“, балада која ја вклучува Третата симфонија на Брамс. -Шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон, почнува да компонира како тинејџер, но дури во август 1996 година го објавува деби албумот „Whiskey“. Албум снимен во […]

Научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ во МАНУ


Во организација на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите и Советот за македонски јазик, денеска во МАНУ во 10 часот ќе се одржи научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“. Учесниците на трибината ќе зборуваат за статусот на македонскиот јазик од аспект на неговата употреба […]

Родители од Битола ќе разговараат за врсничко насилство на работилницата на „Макпетрол“


Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска во 18 часот ќе се одржи работилница за врсничко насилство наменета за родители. Работилницата е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија „Макпетрол“. Работилницата ќе опфати повеќе аспекти на проблемот со врсничкото насилство кои што од стручна перспектива ќе ги обработи психологот […]

Светски ден на бубрегот, хроничната бубрежна болест тивка пандемија на 21 век


По повод Светскиот ден на бубрегот, што се одбележува вториот четврток од март, Здружението на бубрежно болни граѓани – „Нефрон“ организира настан „Дали вашите бубрези се здрави? Откриј навремено и заштити го здравјето на бубрезите!“. Хроничната бубрежна болест, како што посочуваат од „Нефрон“ е тивка пандемија на 21. век за што се предвидува дека до […]

Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Како што соопшти судијата Ивица Стефановскина рочиштето одржано на 5 март, прв ќе биде сослушан Манев, потоа Видевски, […]

По повеќе од 50 години почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“


По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница.    Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, […]

Баерн, ПСЖ, Интер и Барселона четвртфиналисти во Лигата на шампиони


 Фудбалерите на Интер, Баерн Минхен, ПСЖ и Барселона се пласираа синоќа во четвртфиналето во Лигата на шампиони. ПСЖ допатува на гостувањето во Ливерпул со негатива од еден гол, но преку Дембеле во 12 минута го израмни вкупниот резултат (1-1), а откако до крајот на регуларните 90 минути и двете продолженија на „Енфилд Роуд“ мрежите мируваа, […]

ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра


Брисел – Европската унија ќе воведе контра тарифи за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум, соопшти Европската комисија. Контрамерките ќе стапат на сила следниот месец. „Ова е соодветно на економскиот опсег на американските тарифи. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора. […]

Облачно и топло, попладне врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни (над 15 литри на метар квадратен), во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер, над 60 километри на час. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 12 март 2025 година, 71-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 294 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 51 минути, а ќе зајде во 17 часот и 37 минути. Денов трае 11 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее […]