„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска


Пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери Илкоска вечерва во 20 часот  во камерната сала на Филхармонија ќе одржат концерт „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“. На концертот Дино Имери ќе се претстави како солист на пијано, а под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска ќе настапи и камерниот оркестар „ID“.

На програмата се дела од Фредерик Шопен: Балада бр. 1 оп.23 во g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 „Минутен“, „Херојска Полонеза“ оп.53 во As-dur, како и фантастичниот Концерт за пијано и оркестар бр.2. во f-moll.

Kонцертот ќе го одбележи јубилејoт 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Република Полска, а настанот е поддржан од Министерството за култура и Амбасадата на Полска.