Објавена „Домовница 2“ од д-р Зеќир Рамчиловиќ


Во издание на издавачката куќа „ДИВАН“ од Скопје, од печат излезе книга на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ со наслов „Домовница 2“ (Книга 1, Том 2). Ова дело претставува продолжение на првиот том на „Домовница“, со што се заокружуваат повеќегодишните податоци и се комплетира научното истражување за демографската историја и идентитетот на населението од Горни Бихор, […]

Ескалира 94. протест во Тирана, судири со полицијата, Рама го напушти кабинетот под силно обезбедување


Тирана – Синоќешниот 94.  по ред антивладин протест во Тирана, против планираната инвестиција во Звернец,  беше проследен со тензии и судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кој со повреди, од тврди предмети, кои ги фрлаа демонстрантите,  се здобија неколку полициски службеници.  -По повеќето предупредувања преку мегафони, полицајците употребија  и солзавец за да ги оддалечат демонстрантите кои […]

Колку Американците ги чини војната со Иран?


Она што требаше да биде кратка воена операција се претвора во сериозен проблем за претседателот Трамп. Последиците од војната со Иран сè повеќе ги чувствуваат Американците во нивниот секојдневен живот, од продавниците за храна до бензинските пумпи. На крајот од шестиот месец од војната, добрата вест за САД е дека американската економија досега се држи […]

Унгарија повторно ја блокираше Украина: Нема договор за отворање на кластерите 2 и 3


Киев –    Унгарија повторно одби да го одобри отворањето на кластерите 2 и 3 за Украина, на првиот состанок по летната пауза на Работната група на Советот на Европската Унија за проширување и земјите што преговараат за пристапување во ЕУ, објави синоќа „Украинска правда“. „Се останува непроменето“, коментираше еден извор од „Европска правда“. Изворот […]

Номинациите за „Златна топка“ на 8. септември


Париз – Листата номинирани фудбалери за престижното признание „Златна топка“ за сезоната 2025/26 ќе биде објавена на 8 септември, објави организаторот „Франс фудбал“. Церемонијата на доделување на наградата за најдобар фудбалер во светот ќе се одржи на 26 октомври во Лондон. Престижното признание минатата сезона го освои напаѓачот на актуелниот европски клупски првак ПСЖ и […]

По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје


 Во Скопје вечер ќе се одржи голем музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на платото пред Т-Арена („Борис Трајковски“), бесплатно за публиката ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари. Организаторите најавуваат голема аудио-визуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот […]

Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 септември 2026 година, 245-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 120 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 19 часот и 6 минути. Денов трае 13 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде […]

Предложен притвор за едно лице за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир


Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор  за 19-годишник осомничен за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир.  Јавното обвинителство вечерва соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило […]

(Галерија) Карерас запеа со Каролина и Калиопи на концертот во Скопје, публиката го врати на три биса


Незаборавна музичка вечер во Скопје приреди синоќа легендарниот шпански тенор Хозе Карерас кој пред македонската публика настапи со посебна емоција и приреди концерт исполнет со врвни вокални изведби, во рамки на прославата за 35 години независност, во организација на „Авалон“ и Владата. Градскиот плоштад беше огромна сцена под ѕвездено небо, со музичари на Македонската филхармонија, […]

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела


Белград – Во Србија од 1 јуни до 30 август се регистрирани 18 случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Тоа се седум заболени повеќе отколку во претходната недела до 24 август, кога според податоците на Институтот имаше 11 заболени. Батут објави дека 18-те […]

9 спални соби и филмско студио: Меган Маркл има големи барања за својот нов дом во Велика Британија


Листата на желби на Меган Маркл покажува дека таа не го намалува својот американски животен стил за „сонот за англиски рурален живот“. 45-годишната Маркл слета во Велика Британија оваа недела со многу специфичен број на ум: девет. Толку спални соби инсистира војвотката од Сасекс за новиот селски имот на семејството, според „Дејли меил“, и случајно […]

Турција се приклучи кон лунарната програма „Артемида“ на НАСА


Вашингтон – Турција официјално стана 71. земја што се приклучи кон лунарната програма „Артемида“ на НАСА, соопшти турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, цитиран од „Хуриет дејли њуз“. Каџир ја објави информацијата од седиштето на НАСА во Вашингтон, каде што денеска се одржа официјална церемонија по повод приклучувањето на Турција кон програмата. Покрај […]

Германија ја обвини Москва за дронот на аеродромот, затвора две руски тела


Берлин – Германската влада смета дека неуспешниот напад со дрон полн со експлозив на аеродромот во Лајпциг минатиот месец бил извршен во име на Русија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Александар Добринт, при што владата во Берлин како одговор затвора две руски тела. Добринт на прес-конференција во Берлин рече дека полициските истраги, обрасците на […]

Пет активни пожари низ државата


 Пет пожари се активни од регистрираните 22  на отворен простор низ државата денеска до 18 часот.  Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, гори ниска вегетација, а шума во општина Струга на територија на селата Пискупштина, […]

ФАА предлага ограничувања за летовите во близина на аеродромот Доналд Трамп во Палм Бич


Вашингтон – Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) денеска соопшти дека предлага специјални правила кога станува збор за летовите во близина на Меѓународниот аеродром Доналд Трамп во Палм Бич, на Флорида, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста на претседателската резиденција во Мар-а-Лаго. ФАА предлага ограничувања на летовите во радиус од една наутичка милја и […]

Европа не може да си дозволи да ги намали климатските амбиции, предупредува директорката на Европската агенција за животна средина


Брисел – Европа не може да си дозволи да ги намалува или одложува амбициите во областа на климатските промени, животната средина и одржливоста, изјави извршната директорка на Европската агенција за животна средина (ЕАОС), Лена Јуља-Мононен, во интервју за „Јуроп њузрум“ објавено денеска. Екстремните временски појави ова лето јасно ги покажаа последиците од климатските промени во Европа, […]

Американецот Вилер нов кошаркар на Пелистер


Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер ги засили своите редови со Американецот Рузвелт Вилер. „КК Пелистер е посилен за уште еден американски кошаркар со одлична репутација на пазарот. Рузвелт Вилер доаѓа во Битола како етаблиран кошаркар, кој минатата сезона го носеше дресот на швајцарските клубови Женева и Масањо“, објави битолскиот клуб. Новото засилување на Пелистер е 23-годишен […]

Кос од Блед: Кандидатите за членство мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ е подготвена за проширување


Љубљана– Кандидатите за членство во Европската Унија мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ сериозно мисли на проширувањето и дека е подготвена за него – изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос на Бледскиот стратешки форум (БСФ). – Кандидатите за членство мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ сериозно мисли на проширувањето и дека е […]

Скопје се подготвува за Карерас – поставена бината за големиот концерт (фото)


Последните подготовки се во тек, а Скопје добива  нова музичка сцена под отворено небо на Градскиот плоштад  за една од најочекуваните концерни вечери на сезоната. Бината за настапот на легендарниот шпански тенор Хозе Карерас, македонските ѕвезди и Македонската филхармонија од 20 часот забрзано се поставува, а сите детали се усогласуваат пред големиот спектакл, во рамките […]