Скопје се подготвува за Карерас – поставена бината за големиот концерт (фото)


Фото: Б. Грданоски

Последните подготовки се во тек, а Скопје добива  нова музичка сцена под отворено небо на Градскиот плоштад  за една од најочекуваните концерни вечери на сезоната.

Фото: Б. Грданоски

Бината за настапот на легендарниот шпански тенор Хозе Карерас, македонските ѕвезди и Македонската филхармонија од 20 часот забрзано се поставува, а сите детали се усогласуваат пред големиот спектакл, во рамките на прославата за 35 години на независност на Македонија , во организација на „Авалон“ и на Владата.

Фото: Б. Грданоски

Сцената добива форма достојна за еден од најголемите светски оперски гласови, кој се враќа со концерт во Македонија по 21 година од спектаклот на 45. Охридско лето.

Фото: Б. Грданоски

Публиката во Скопје ќе има можност да биде дел од вечер во која класичната  музика, елеганцијата и врвната уметност ќе бидат во центарот на вниманието.

Фото: Б. Грданоски

Возбудата расте, не делат неколку часа кога легендарниот глас на Карерас ќе одекне во Скопје. (Л.С.)

Шест биса за Карерас во Охрид. Како ќе биде во Скопје?