Првоаприлски старт на претседателската кампања: Нема да се лажеме!!!


Предизборната кампања за претседателските избори закажани за 21 април и официјално почнува денеска – на денот на шегата или како што го нарекуваат некои – денот на лагата. Совпаѓањето на двата датума беше џек-пот во рацете на граѓаните за дополнителна тривијализација на предизборната трка со оглед на нивната разочараност и изневереност во поглед на големиот […]

УЈП почнува со доставување на претпополнетите годишни даночни пријави


Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година. Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна […]

Зградите на Владата и други институции ќе светнат во сино за Светскиот ден на аутизмот


Во пресрет на 2 Април – Светскиот ден на аутизмот вечер во 20 часот во сина боја ќе бидат осветлени зградите на Владата, на Археолошкиот музеј, на МОБ, објектите на општините Тетово, Битола и Охрид, во знак на солидарност со децата со аутизам. Активноста е на иницијатива на Амбасададата на Република Бугарија во Скопје, а се […]

Хороскоп: што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ден со шеговита нота, во кој е потенцирана вашата визионерска страна: точно разбирате како заемно растете со другите и ќе си дозволите да ве понесе фантазијата. Промени во комуникативниот сектор и сега треба да сте фер и непристрасни во својот однос со пријателите и роднините. Обидете се да штедите повеќе. БИК: Напорниот викенд останува зад вас, […]

Евро + сонг


Лејла Сабит Ние сме музикален народ што сака сеир. Не бидува за пеење и за кукање дека имаме пејачи, а немаме песни, дека имаме таленти, а немаме спонзори, дека имаме харизма, а немаме публика, дека немаме пари, ама имаме срце и душа. Ние сме народ што повеќе наоѓа маани од доблести, повеќе плукаме отколку што […]

ДИК: Потребни се 723.252 гласачи за избор на нов претседател


Вкупно 1.808.131 избирачи ќе може да учествуваат на шестите претседателски избори во земјава. Државната изборна комисија вчера го заклучи Избирачкиот список за изборите на 21 април, односно 5 мај, кога ќе се гласа и за нови градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село. Според ДИК, 1.726.696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, а […]

АМС со упатство за „рифреш“: Федерации на Северна Македонија или Национални федерации


По насоките за „рифреш“ на називите на државните институции и установи од Владата, согласно новото уставно име на земјата, во наредниот бран ќе бидат опфатени и спортските федерации и организации. Мразот е пробиен во Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) каде членката со референца ФИРОМ од оваа недела е заведена како Северна Македонија, а Македонскиот олимписки комитет […]

Додека Врховен суд тера по свое: Џафери и Дескоска во клинч за СЈО


Врховниот суд ја донесе првата одлука согласно своето јануарско решение, според кое, Специјалното јавно обвинителство нема мандат да раководи со случаи покренати по 30 јуни 2017 година. Прв што ја искористи привилегијата од правното мислење на Врховниот суд, кое ја разбранува јавноста и политичките кругови, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо […]

Адвокат на Караџиќ: Имаме нови докази, ќе бараме повторно судење


Србија – Одбраната на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се подготвува да поднесе барање за повторно судење поради нови докази на крајот на оваа или почетокот на 2020 година. Тоа го соопшти еден од адвокатите на Караџиќ, Горан Петронијевиќ. -Подготвуваме барање за повторно судење. Ревизијата е можна ако одбраната или обвинителите најдат нови […]

Си заминува Асаф Адеми: Министерот за култура се повлекува од здравствени причини


Министерот за култура Асаф Адеми се повлекува од функцијата поради здравствени причини. Името на неговиот наследник сè уште не е познато, во оптек се повеќе имиња. Од Владата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори. Адеми го навлече револтот на јавноста […]

Економија, шнел


Горан Адамовски Компаниите со германски капитал во земјава не се задоени со политика и не се ниту наши ниту нивни, па лесно можат да воочат и пред сè гласно да изговорат дека економскиот перфоманс на Владата не е добар. Тие се задоволни од трошоците за труд, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот, но имаат […]

Ќе се ревидираат учебниците по историја и географија


Откако ќе завршат разгледувањата на забелешките на учебниците по историја и географија од страна на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија и Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција и ќе се усогласат ставовите, ќе почне ревидирањето на учебниците во земјава, вели […]

(Фото) Моден викенд во Скопје: Стил, сеир и европски дух


Скопје три дена е центар на високата и кежуал мода, со нови и етаблирани манекенки, со нови и стари гости и спонзори, со стари-нови хостеси, со нови и стари сеирџии,  во нова или веќе видена гардероба, во нов, авангарден простор- Европски универзитет (ЕУРМ), со старо-нови дизајнери, нови идеи и концепт и со професионален и уникатен […]

Иван Бечковиќ за „Независен“: „Кроација рекордс“ ќе ја врати Македонија на светската сцена


„Кроација рекордс“, најголемата дискографска куќа во регионот, се врати во Македонија по повеќе од четвртина век. Што значи тоа за македонската поп-сцена, кои сè македонски изведувачи беа под нејзината капа, а кои се новите ексклузивци, во ексклузивното интервју за „Независен весник“ ни откри долгогодишниот новинар и уредник во македонските медиуми Иван Бечковиќ, сега ангажиран како […]

„Бојкотирам“ ќе бојкотира и на 21 април


Предизборни поделби или игри во десничарскиот табор? Поранешниот пратеник Александар Пандов е уште еден од низата личности од десничарската орбита кои деновиве отворено најавуваат неучество на претседателските избори. Наспроти стравувањата за тивок бојкот на ВМРО-ДПМНЕ во одлучувачкиот изборен круг, Пандов е меѓу оние кои најавуваат комплетна апстиненција. Гостувајќи на ТВ 21, Пандов истакна дека нема […]

Почнува летното сметање на времето


Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето. Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h […]

Почина актерката Мушереф Лозана – Мишка, доајенка на македонскиот театар


Вчера во Скопје почина актерката Мушереф Лозана – Мишка (18.08.1933 – 29.03.2019), доајенката на македонскиот театар. Таа во Театарот на народностите во Скопје работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија. Погребот ќе се одржи денеска во 15:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје, а комеморацијата […]

Федерер против Иснер во финалето на Мајами


САД – Роџер Федерер продолжува со одличните перформанси на „Мастерс“ турнирот во Мајами. Швајцарецот се пласираше во финале на турнирот по победата над Денис Шаповалов со 6:2, 6:4 за само час игра. Средбата започна со долг прв гем кој, сепак, Шаповалов успеа да го добие. Потоа сепак Канаѓанецот имаше пад во играта и дозволи на Федерер […]

Како се напушта Недојдија


Румена Бужаровска Го гледавте ли „Напуштање на Недојдија“ (Leaving Neverland)? Зборувам за фамозниот документарец за Мајкл Џексон на Ејџ-би-о, кој многумина одбиваат да го погледнат: некои со разбирливиот изговор дека премногу би се потресле и дека не издржуваат таков тип на содржина, други со изговорот дека им е јасно за што се работи, па не […]

Сончево, со мала до умерена локална облачност


Времето во земјава преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Најниска температура од -4 степени целзиусови утринава беше измерена во Берово, 0 во Крива Паланка и Лазарополе, 1 во Маврово, Крушево и Гевгелија, 2 во Скопје – Петровец, 3 во Тетово […]