Хороскоп: што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ден со шеговита нота, во кој е потенцирана вашата визионерска страна: точно разбирате како заемно растете со другите и ќе си дозволите да ве понесе фантазијата. Промени во комуникативниот сектор и сега треба да сте фер и непристрасни во својот однос со пријателите и роднините. Обидете се да штедите повеќе.

БИК: Напорниот викенд останува зад вас, како и сеќавањата на турбулентното минато: денес доаѓате до награди, а најмногу од финансиски карактер. Како ќе ви дадат вам, така и вие ќе дадете радосно. Целата креација се покажува во својот раскошен сјај и зрачите со неверојатна среќа. Можен е нов ангажман, кој ќе бара истражување.

БЛИЗНАЦИ: Со Марс во својот знак станувате сè понемирни: внимавајте на можни аргументи и ќе избегнете критика. Иако чекате, користете го своето време конструктивно: научете нешто повеќе за уметноста и не отфрлајте ги понудените шанси толку лесно. Поддршка од возрасна и сочувствителна личност – добро е да ја послушате!

РАК: Судбински промени и средба во која ќе ви се понуди да направите избор: работите се менуваат бргу и дури и не можете да дојдете до здив. Се прашувате дали ќе успеете да издржите со ова темпо, а тоа ќе го направите ако покрај сè најдете време за одмор: ако сакате да го сочувате духот, повлечете се да размислите за сè добро.

ЛАВ: Влегувате во една развојна фаза кога веќе ќе треба да го кротите својот темперамент: свеќата не може да гори од двете страни долго време. Ќе успеете на материјален план само со доза на умереност и така ќе знаете во што е вредно да инвестирате. Можен е колапс, затоа внимавајте на овие зборови. Бидете фокусирани.

ДЕВИЦА: Од целата шарена збрка, токму вие може да просперирате: земете го највредното со себе и инвестирајте во луѓето со практична природа: тоа е како дрвото што исполнува желби и вложеното ќе ви се врати многукратно. Секое суштество има потенцијал да биде славно и моќно, бидејќи е дел од една таква креација. Праведност.

ВАГА: Поддршка од непосредната околина, како и солиден финансиски фидбек: сега веќе ја манифестирате својата софистицирана природа и елегантно минувате низ секојдневјето. Се чувствувате освежени и регенерирани, знаејќи да се носите со своите импулси. Не навраќајте се кон минатото, туку прејдете во нова димензија на постоење.

СКОРПИЈА: Конечно сте весели, разбудени и уживате во пролетта: имате еден грст нови искуства, како и сила да се соочите со наглите промени. Не сите ќе бидат со убав карактер, нo сфатете ги како карневал: секоја маска има своја приказна, па така и вашата добива поинаква природа. Се радувате на животот што секогаш знае да ве изненади!

СТРЕЛЕЦ: Променливи времиња, пријатели, но тоа не е причина да не се радувате: со тоа се надминува стагнацијата, која ви пречи повеќе од што било! Можеби постои силна конкуренција, но и тоа е за ваше добро: ќе успеете да ги покажете своите таленти, а патем и ќе сретнете некоја убава личност, која може да ве заведе. Обновена страст.

ЈАРЕЦ: Со конкретна идеја и константен фокус и дисциплина ќе успеете да постигнете лична сигурност во сите свои потреби: можеби луѓето ќе зборуваат, но што е важно тоа ако имате веќе формулиран план. Многу од сè е ништо, затоа земете го само најважното и најдете место каде што ќе го чуете својот глас подобро. Медитација.

ВОДОЛИЈА: Еден дел од животот останува во минатото и сега сте помудри, бидејќи ја научивте уметноста на слушање на интуицијата: внатрешниот глас никогаш не ве излажал! Повикани на некој состанок каде што ќе добиете инструкции од сериозен карактер, а кои ќе ги унапредат вашите проекти. Бидете нежни и смирени со саканите.

РИБИ: Како да сте на панаѓур: од толку многу шаренило, не можете да ја разберете вистината. Ако не сакате да се погледнете самите во огледало, реалноста ќе дојде во облик на некоја личност со брз и остар јазик и ќе разберете како вашите пријатели ви станаа опоненти: зарем нешто може да биде постресно од ова? Време е за штедење.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]